Евроската комисија усвои одредба за стандардизација на документите со информации за прозиводот за осигурување

Започнувајќи од 2018 година кои друштвата за осигурување се должни со секоја полиса за неживотно осигурување да издаваат документите со информација за производите на осигурување. Ова е обврска која доаѓа од последната изгласана одредба од страна на Европската комисија, во која се дефинира и стандардизира форматот и информациите кои ќе бидат издадени со документот.

Новите правила треба на потрошувачите да им овозможат увид на сите информации потребни за донесување на одлука при купување на производот на осигурување.

Ваков документ кој вклучува вакви информации веќе постои кај полисите за животно осигурување и други инвестициски производи, врз основа на друга претходно донесена одредба за документи со клучни информации за пакети инвестициски производи за мали вложувачи и инвестициско осигурителни продукти.

Правилата за имплементација на усвоената нова одредба произлегуваат од Директивата за дистрибуција на осигурување, која државите членки се обврзани да ја применуваат од февруари следната година. Директивата би требало да обезбеди еднаквост на пазарните услови за сите кои нудат осигурување и услуги во осигурувањето, без разлика на тоа во која држава е купен производот за осигурување. На овој начин се осигурува стандардизација на транспарентноста на информациите кои клиентот мора да ги добие при склучување на договор за осигурување.

Одредбата за стандардизираниот формат на документот со информациите за прозиводот на осигурување, прилагодена за хрватскиот пазар, може да се преземе од овде.

 

Аетна по грешка откри ХИВ статус на свои клиенти

Аетна, осигурителна куќа од САД, при испраќање на дописот за достапни лекарства на 12.000 лица, ненамерно ги откри ХИВ статусите на некои свои клиенти. Поштенски испратениот допис бил со цел да се информираат лицата за можностите во рамките на нивните полиси. Меѓутоа покрај видливото име и адреса, низ мал провиден дел од ковертот била видлив и делот од дописот на кој се испишани рецептите за ХИВ болните.

Аетна веднаш испрати второ писмо со извинување, објаснувајќи дека поради нарушување на стандардниот шаблон со кој ги печатат известувањата, настанало поместување на содржината. „Овој тип на грешка е неприфатлив. Искрено се извинуваме на сите кои се погодени со испратената пошта која ненамерно ги објави нивните лични податоци“, стои во извинувањето од Аетна.

Правните служби кои ги контактирале поединците чии писма ги виделе нивните родители, цимери и соседи, затоа што лицата со позитивен ХИВ статис може да се соочат со дискриминација при вработување, станбено згрижување и образованието.

 

По Колумбија и Гватемала, Џенерали ја напушта и Панама

Италијанскиот осигурувач Џенерали, го напушта пазарот во уште една прекуокеанска земја. Откако претходно се повлече од пазарите во Колумбија и Гватемала, сега се ослободува од своите единици во Панама. Како купувач се јавува шпанскиот осигурувач ASSA Compañía de Seguros, а зделката изнесува €143,5 милиони. За комплатирање на овој договор се чека само одобрението на локалното регулаторно тело.

Џенерали на пазарот во Панама е присутен уште од 1970 година нудејќи полиси за имот и несреќи.

 

Еуроинс не планира тргување со нејзините акции во иднина

Еуроинс, ќерка фирма на финансиската групација Еурохолд, издаде соопштение во кои се објавува дека компанијата планира да излезе од листата компании со чии акции може да се тргува на Бугарската берза. Компанијата на вонредното Собрание, кое е закажано за втори октомври, ќе ги замоли акционерите да гласаат потврдно за предлогот нивните акции да не се тргуваат.

Еуроинс има регистриран капитал во вредност од €8,4 милиони, распределен на 16,5 милиони акции, што прави нивната номинална вредност да биде 1 лев.

 

Македонија: Уника Лајф со 17% поголема премија на крајот од вториот квартал

Уника Лајф, благодарение на зајакнатата продажна мрежа, и вториот квартал го заврши со двоцифрено зголемување на БПП. Полисираната премија изнесува €600.000, што е за 17% повеќе од првото полугодие од 2016 година. Сестринската компанија, Уника А.Д., која се занимава само со продажба на полиси за неживотно осигурување, бележи пад од 3% на БПП, завршувајќи го кварталот со €5,9 милиони. Благодарение на растот на секторот од животно осигурување, повторена е добивката од крајот на јуни 2016 година, иако вкупната премија на Уника групацијата во Македонија е намалена за 1%.

Во соседна Србија Уника групацијата има една од најдобрите десет компании во Европа, која во вториот квартал на групацијата ѝ донесе профит пред оданочување од €700.000 (2016: €800.000) и вкупна БПП од €21,9 милиони, 1% помалку во однос на првите шест месеци од 2016 година. €12,4 милиони припаѓаат на секторот неживот, кој бележи 2% раст на БПП, додека секторот на животно осигурување бележи пад на премијата од 5%, достигнувајќи €7 милиони. Одделот за доброволно здраствено осигурување полисирало бруто премија од €2,5 милиони.

Заживувањето на косовскиот пазар се препознава и во резултатиtе на Уника групацијата во оваа земја. Минатогодишната загуба од €700.000, кои двете косовски компании ја направија во првите два квартала, оваа година е корегирана во добивка пред оданочување од €600.000. Дел од заслугите се во зголемената БПП од 7% за неживотно осигурување на Сигал Уника (€3,7 милиони) и растот од 20% на БПП на Сигал Уника Лајф (€400.000). Доброволното здраствено осигурување, кое е попопуларно од животното осигурување во Косово, бележи пад од 31%, завршувајќи го вториот квартал со премија од €1,4 милиони.

Уника преку Сигал брендот, е присутна и на пазарот во соседна Албанија, каде вкупната БПП е зголемена за 16%, достигнувајќи €17,1 милиони. Двата главни сектора бележат раст на премијата. Нежвотното со полисираните €13,2 милиони има зголемување од 17%, додека животното осигурување има раст од 28%, остварувајќи БПП од €2,8 милиони. Доброволното здраствено осигурување е намалено за 14%, на €1,1 милион. Трите компании на овој пазар, кои се претставници на групацијата, оствариле добивка пред оданочување од €1,3 милиони (2016: €2,3 милиони).

Од соседните земји, Уника групацијата е присутна и на пазарот во Бугарија, каде на крајот од вториот квартал остварила двојно поголема добивка пред оданочување од €600.000, во однос на истиот период лани. Вкупната БПП е зголемена за 14% и изнесува €33,7 милиони. На полиси од животно осигурвање, во првото полугодие, полисирана е премија од €25,8 милиони (2016: €22,5 милиони), додека на полиси од неживотно осигурување вкупна БПП е €14,9 милиони, 6% повеќе од лани.

Уника групацијата е присутна во сите земји од поранешна Југославија, со исклучок на Словенија. Во Црна Гора двете компании второто тромесечие иако го завршиле без добивка, е подобрување во однос на лани, кога по првите шест месеци имаа загуба од €100.000. Финансиското работење е подобрено иако вкупната БПП е намалена за 4% на €5,8 милиони. Поголемиот дел, €4,6 милиони, отпаѓа на полиси за неживотно осигурување (-5%), €900.000 се на полиси за животно осигурување (4% раст), а преостанатите €400.000 доаѓаат од полиси за доброволно здраствено осигурување (15% раст).

Подобри финансиски резултати групацијата остварила и во БиХ, каде добивката пред оданочување од €400.000 во првите два квартала од 2016 година е зголемена за €100.000 на крајот од јуни оваа година. Вкупната БПП е намалена за 1%, на €14,9 милиони. Ова е еден од ретките осигурителни пазари каде групацијата има поголема БПП во секторот на живот (€7,9 милиони), споредено со секторот неживот (€7,0 милиони).

Како земја со најразвиен пазар во регионот, со исклучок на Слобенија, и за оваа групација најмногу добивка носи Хрватска. Добивката од €2,6 милиони, иако намалена(2016: €3 милиони) е далеку најголема во регионот. Покрај добивката, и вкупната БПП е поголема од останатите земји во регионот и изнесува €38,3 милиони, од кои €21 милиони (1% раст) отпаѓаат на неживотното осигурување, €12,8 милиони (-27%) на животното осигурување и €4,5 милиони (83% повеќе) на доброволното здраствено осигурување.

Групација на сите 19 пазари остварила БПП (вклучувајќи го и делот на заштеда од unit-link и index-link полисите) од €2,8 милијарди, што е раст од 6,6%. Сите три главни сектора бележат раст на премијата. Неживотното осигурување има раст од 6,4% (€1,44 милијарда), животното 9,1% (€834,4 милиони) и доброволното здраствено 3,4% (€522,5 милиони). Висината на премиите на австрискиот пазар се минимално зголемени на €1,93 милијарди, додека меѓународните се зголемени за 23,2% на 834,4 милиони.

Подобрен е и комбинираниот однос, кој на ниво на групација сега изнесува 96,8%.

Консолидираниот нето профит, на ниво на групација, на крајот од јуни достигнува €41,3 милиони. Преполововувањето на минатогодишниот полугодишен профит Андреас Брандштетер, претседателот на Управата на Уника групацијата, го објаснува со негативнте последици од банкротирањето на една од италијанските подружници кои беа продадени со гаранција за нивно опстојување во одреден период.

„На прав пат сме: премискиот волумен, комбинираниот однос и опсегот на трошоци се развиваат позитивно. Во првата половина од 2017 година остваривме задоволувачка зараотка пред оданочување од €95,5 милиони – 10,2% повеќе во однос на претходната година.“, изјавува Брандштетер.

Потатоците се преземени од seenews. com и извештајот на Уника групацијата.

Сава Ре: зголемена консолидирана добивка од 19,4% во првите шест месеци

Сава Ре објавија соопштение во кое се наведува дека во првата половина од 2017 година на пазарите во Македонија, Словенија, Косово, Србија, Хрватска и Црна Гора, остварена е консолидирана добивка од €17,1 милиони, што е за 19,4% повеќе од првото полугодие во 2016 година.

„Подобрувањето во резултатите е главно водено од подобрениот развој на словенечкиот пазар за неживотно осигурување.“, стои во соопштението на Сава Ре. Оваа

Вкупната БПП на крајот од јуни изнесува €297,8 милиони, што претставува зголемување од 6,0%, додека нето заработената премија е зголемена за 1,9% и изнесува €230,3 милиони.

Во пораст е и сумата на исплатените штети, која достигнува €141,97 милиони, 7,7% повеќе од првото полугодие во 2016 година.

 

Трите компании на VIG во Македонија бележат зголемена бруто добивка и намалена премија

VIG преку трите свои компании во Македонија, Осигурување Македонија, Винер и Винер Лајф, во првите шест месеци остварила добивка пред оданочување од €1,5 милиони, што е раст од 16,6%. Добивката е зголемена иако забележан е пад на БПП од 6,4% и изнесува €14,3 милиони (2016: €15,3 милиони). €5,5 милиони отпаѓаат на осигурување од АО, што е раст од 14%, додека каско осигурувањето е намалено за 33,5% на €900.000.

Минимален раст на добивката пред оданочување има и во соседна Србија, каде таа достигнува €1,3 милиони (2016: €1,2 милиони). БПП на овој пазар е зголемена за 21,1% достигнувајќи €54,5 милиони, најмногу по заслуга на огромниот раст од 78,3% на осигурувањето од АО (€4,1 милиони). БПП на полисите за животно осигурување со тековна уплата е зголемена за 6,6% достигнувајќи €12,9 милиони, додека еднократните премии се речиси удвоено на €6,1 милиони (2016: €3,4 милиони). Приватното здраствено осигурување, заедно со патничкото осигурување, исто така бележи раст на премијата од речиси 100% раст достигнувајќи €1,5 милиони, во споредба со ланските €800.000.

Позначаен раст на добивката е остварен на пазарите на Косово и Албанија, каде од ланските €200.000 добивката е зголемена на €1 милион. Во двете држави VIG на пазарот е застапен само со полиси за неживотно осигурување чија БПП е зголемена за 6,4% на €17,8 милиони. Најголем дел од неа доаѓа од полиси за осигурување од АО, €11,4 милиони, речеиси идентично како минатата година. Каско осигурувањето е зголемено за 7,4%, додека доброволното здраствено осигурување е намалено за 2,7% на €1,4 милиони.

Позитивни резултати во земјите од нашето соседство се остварени и во Бугарија, каде минатогодишната добивка пред оданочивање од €3,8 милиони е зголемена за еден милион. Вкупната БПП е зголемена од €75 на €82 милиони благодарение на доброто работење во секторот на осигурување од АО и доброволното здраствено осигурување.

Од земјите од регионот, на просторите од поранешна Југославија, VIG во БиХ првите шест месеци ги завршило со загуба од €200.000. Вкупната БПП од €6,6 милиони на крајот од јуни минатата година е зголемена на €9,0 милиони во првите шест месеци од оваа година. Животното осигурување има раст на премиите и кај полисите со тековна уплата (21,2%, вкупно €700.000) и кај еднократните уплати (€900.000, 2016: €200.000). Неживотното осигурување има пад во премиите на осигурување од АО (1,3%), а раст кај премиите на каско осигурување (5,8%).

Како и претходно, најдобри резултати групацијата во земјите од регионот бележи во Хрватска, каде остварена е добивка пред оданочување од €4,3 милиони. БПП на двете хрватски испостави е зголемена за 2,5% и достигнува €54,3 милиони. Од нив полисите за животно осигурување со тековна уплата придонесуваат со €15,9 милиони(-1,9%), додека тие со еднократна уплата се  €16,4 милиони (-1,8%). Најдолем раст бележат премиите на каско осигурување, 14,3%.

Генерално групацијата оствари БПП од €4,97 милијарди, речиси идентично и како првото полугодие од 2016 година. Растот е ограничен поради големиот пад на полисите за животно осигурување со еднократно уплатена премија во западните земји, за разлика од земјите од ЦИЕ (-24,4%).

Бруто добивката изнесува €220,5 милиони, што е зголемување од 9,6% во однос на истиот период лани. Комбинираниот сооднос на групацијата е подобрен на 96,9% од €97,7%.

Вкупната бруто добивка на групацијата е намалена од €2,26 милијарди на €2,16. Најголема добивка е остварена на домашниот пазар €77,5 милиони и пазарот во Чешка €76,6 милиони.

 

Повторно е одбиено барањето на Адрис за зголемување на нивниот удел во Сава Ре

Словенечкото супервизор за осигурување по втор пат го одби барањето на Адрис групацијата за зголемување на нејзиниот удел во Сава Ре. Според неслужбените информации на љубљанскиот весник Дело, стручниот совет на Агенцијата за надзор на осигуриелниот пазар, на почетокот од неделата разговарало за барањето уделот на Адрис од 20 да се зголеми на речиси 33% и од од засега сѐ уште непознати причини не дало согласност.

Против зголемување на уделот во Сава Ре биле и од Словенечкиот државен холдинг, кој управува со портфолиото на државната сопственост, а против согласност гласале и членови кои се блиски до партијата на премиерот Мире Церара.

Првиот обид на Адрис беше минатата година, кога преку Кроација осигурање, која е во сопственост на групацијата, поднесоа барање за зголемување на уделот во Сарва Ре. Тогаш од Агенцијата објаснија дека Кроација осигурање е премногу изложена на хрватски државни обврзници и со тоа внесува ризик на словенечкиот осигурителен пазар.

Најголем удел во словенечката компанија има државата со околу 40%. Според стратегијата на управување со државната сопственост, уделот на државата во Сава Ре не смее да падне на помалку од 25% и при тоа ниеаден друг акционер не смее да има поголем удел од државниот.

 

Кроација осигурување не е избрана за осигурувач на државен недвижен имот во Словенија

Иако Кроација осигурување даде најниска цена за сите три понуди за осигурување на недвижен имот на  Министерството за внатрешни работи, Инспекторатот за внатрешни работи и Управата за извршување на казнени санкции, сепак оваа компанија не беше избрана за осигурувач од страна на словенечката Влада.

Кроација осигурување, заедно со уште три компании, Џенерали Заваровалница, Заваровалница Сава и Заваровалница Триглав учествуваше на Конкурсот,   доставија понуди за Конкурсот кои јавно беа отворени.

Одлуката се уште не е правосилна затоа што Кроација осигурување поднесе жалба на одлуката на Владата на Словенија.

Новата онлајн платформа на Sagicor може да издаде 20 полиси за животно осигурување во минута

Американсата осигурителна компанија, Sagicor Life Insurance, промовираше онлајн платформа за дистрибуција на осигурување, која може да издаде 20 полиси во минута.

Откако потенцијалните осигуреници ќе одговорат на пет прашања, им се нуди можност за покритие за живот до $500,000 или $250,000 за целосното животно осигурување кое се нуди. Веднаш откако осигурувањето ќе се одобри, полисата може да биде испорачана онлајн, а наплатата се прави преку повлекување пари од трансакциска сметка или со кредитна картичка.

„Денес се потпираме на дигитални платформи повеќе од кога и да било и животното осигурување има потреба да го следи овој тренд“, вели Bart Catmull, претседател на компанијата. „Ние знаеме дека животното осигурување не е забавна тема за разговор и со години наназад процесот на купување бил  комплексен и збунувачки.Затоа сакавме да го промениме во целост. Сакаме да создадеме нешто што е едноставно и јасно, без притисоци и боцкање од агентите, и без чекање на денови, седмици или месеци за да се знае дали клиентот е подобен за осигуруваето и која би била цената.“, додава Catmull.

Платформата во моментов може да се користи во Флорида, Тексас и Аризона.