Гартнер: Вештачката интелегенција ќе биде составен дел од речиси секој софтвер, продукт или услуга

Според предвидувањата на аналитичарите на Гартнер, вештачката интелегенција (ВИ) ќе биде составен дел од речиси секој софтвер, продукт или услуга во секторот на осигурување. ВИ во студијата опфаќа системи кои можат да го променат своето однесување без притоа да бидат експлицитно програмирани, базирани врз основа на собрани податоци, користејќи анализа и други опсервации. Додека некои скептици се загрижени за тоа дека ВИ може да замени некои од постоечките работни позиции,  други се противат со тврдењето дека ВИ и тахнологиите за машинско учење може да ги зголемат човечките способности.

ВИ во јануари 2016 воопшто не беше помеѓу топ 100те пребарувани зборови на страната gartner.com, меѓутоа веќе во мај 2017 година овој поим се искачи на седмото место, што укажува на рапидниот пораст на популарноста и интересот за разбирањето како ВИ може да биде искористена како дел од дигиталните бизнис стратегии.

Аналитичарите на Гарнтер признаваат дека машините можат автоматски да направат одредени работи побрзо и подобро од луѓето ако се добро програмирани. Меѓутоа, соработката на луѓето и машините би била многу поефикасна кога тие би работеле независно.

ВИ нуди постоечки можности, но за жал, повеќето трговци се фокусирани повеќе на едноставно креирање и промовирање на продукт со ВИ, отколку на осознавање на потребите, потенцијалниот опсег на користење и бизнис вредноста на корисниците“, вели Џим Хеар, потпретседателот на Гартнер.

Според Гартнер, ако компанијата сака да има бенефит од користењето на ВИ, тогаш мора најнапред да разбере како тоа ќе резултира на три клучи точки: како да се препознава недостатокот на разноврсност на пазарот, како да се избират кои опции да се развијат и развојните вештини за евалуација и развивање решенија на ВИ.

 

Германија: Пробиена бариерата од €1 трилион инвестиции од полиси за животно осигурување

Во 2016 година, секторот за животно осигурување во Германија ја проби бариерата од €1 трилион (1.000 милијарди) инвестиции во интерес на клиентите. Според публикацијата „Германското животно осигурување во бројки 2017“ објавено од страна на Асоцијацијата на германските осигурувачи (GDV)  инвестициското портфолио на традиционалните полиси за животно осигурување е во пораст од 4,3% на €923 милијарди. Дополнително беа остварени инвестиции од €102 милијарди на unit-linked полиси.

„Успешниот и континуиран развој на овој капитал, формира база за адекватна залиха за следната генерација“., изјавува Peter Schwark, член на Бордот на менаџери на GDV, одговорен за финансиските залихи за пензии. „Резервите на капитал се единствениот извор за финансирање на потребите на идните пензионери“, надополнува Schwark.

На крајот од 2016, постоеа 89,3 милиони договори за животно осигурување, пензиски шеми и пензиски фондови. Пензиското осигурување сочинува голем дел од овој колач, со приближно 40 милиони договори. „Ова покажува дека осигурителната индустрија значително придонесува за зголемување на дополнителните пензиски залихи“, додава Schwark.

Приливот од премии генерирани од полиси за животно осигурување, пензиски шеми и пензиски фондови остануваат на многу високо ниво. Во 2016 година достигнати се €90,8 милијарди, од кои €26,4 милијарди се преку полиси со еднократна уплата, додека полисите со тековна уплата се во минимален пад од 0,3%.

Исплатените штети се зголемени за 7,1% и достигнуваат вкупно €88,9 милијарди. Тоа во превод би значело дека во 2016 година, просечно дневно се исплаќани €244 милиони штета од полиси за животно осигурување.

 

FMVÖ ги додели Recommender Award наградите за банките и осигурувачите во Австрија

Во Виена е одржана единаесеттата по ред гала свеченост Recommender Award од стрна на Здружението на финансиски маркетинг на Австрија (FMVÖ). Наградите на оваа свеченост се доделуваат на осигурителни компании и банки, кои според одговороите на 8.000 испитаници во првиот квартал од годината, оствариле наголема стапка на препорака во својата категорија. Собирањето на податоците оваа година го направи Институтот за истражување на пазарот Telemark Marketing.

Наградите кај осигурувачите ги понесоа TIROLER VERSICHERUNG V.a.G. во категоријата на регионален осигурувач, muki Versicherungsverein auf Gegenseitigkeit во категоријата на директен и специјален осигурувач, Sparkassen Versicherung AG Vienna Insurance Group во категоријата банкоосигурувачи, и Grazer Wechselseitige Versicherung AG, кој се јавува како еден од спонзорите на манифестацијата, во категоријата на државен осигурувач.

 

VIG гледа голем потенцијал на пазарите од Централна и Источна Европа

Австриската Vienna Insurance Group (VIG), покрај домашниот осигурителен пазар, голем потенцијал гледа и во пазарите на источна Европа. Ова за виенскиот весник Стандард го истакна претседателката на компанијата Elisabeth Stadler.

„Луѓето таму сега прават работи кои во Западна Европа се стандардни. Со зголемувањето на богатството, леѓето не само што ќе имаат повеќе пари за куќи и автомобили, туку и за полиси за осигурување“, вели Stadler.

VIG како групација опфаќа околу 50 компании во 25 земји и речиси половина од своите приходи ги генерира на пазарите во Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Потенцијалнот е базиран на претпоставката дека пазарите во ЦИЕ ќе растат повеќе отколку домашниот австриски пазар, како и пазарите во Западна Европа. Дополнително во западноевропските пазари има силен притисок од големата и јака конкуренција.

За споредба, во Австрија за осигурување просечно по глава на жител се вложуваат €2.000, додека во Полска тоа е околу 345. Просекот на VIG во ЦИЕ е околу €170 по глава на жител. Силен раст, според Stadler, се очекува во балтичките земји, Унгарија, Хрватска, Србија и Полска. Целта на компанијата е да постигне удел на пазарот од 10% до 2019 година, со премии од €9,5 милијарди, т.е. €0,4 милијарди повеќе од 2016 година.

 

Standard&Poor’s: Подобрен рејтингот на Позаваровалница Сава

Рејтин агенцијата Standard&Poor’s (S&P) соопшти дека го ревидирале рејтингот на Позаваровалница Сава од „стабилен“ во „позитивен“. Позаваровалница Сава е јадрото на словенечката групација Сава Ре, чија оцена од “A-” е потврдена од страна на S&P.

„Ревизијата се основа на нашата проценка дека генералната финансиска моќ на Сава Ре најверојатно ќе биде зајакната врз основа на подобрената позиција за ризици и подобрениот фокус на оперативна ефикасност, како и подобрената макроекономска состојба на Словенија“, стои во соопштението на S&P.

Оцената „позитивен“ значи дека рејтинг агенцијата во следните 12-24 месеци може да го покачи рејтингот на Позаваровалница Сава, ако Сава Ре продолжи да бележи резултати со стабилен капитал и заработка, зголемувајќи го профитот на својот бизнис, понатамошно подобрување на оперативната ефикасност и одржување на вишокот капитал адекватен на „ААА“ нивото.

„Во последните неколку години, Сава Ре презема мерки, и во делот на осигурувањето и во инвестициите, кои водеа до помала веројатност на испарување на капиталот и заработката. Според наше гледиште, групацијата ги намали апетиттие за преземање ризик и во делот на инвестиции и осигурување, посебно на меѓународниот реосигурителен пазар. Сава Ре го подобри генерално менаџментот на ризик, и ние очекуваме осигурувачот да продолжи со конзервативно осигурување, додека реосигурителниот бизнис продолжува да продонесува за групациската долна линија и бизнис разноврсност.“, стои во дел од извештајот на S&P.

Поплавите во Истанбул ќе ги чинат осигурителните компании €48,2 милиона

Обилните врнежи и поплавите кои го погодија Истанбул предизвикаа трошоци на турските осигурителни компании во висина од €48,2 милиона. Поплавите се едни од најчестите природни катастрофи во Турција, чија територија годишно е зафатена во просек од 24 поплави, кои предизвикуваат близу €2,2 милијарди осигурителна штета. Најскапите поплави во поблиското минато се регистрирани исто така во Истанбул, во 2008 година, кога осигурителните компании беа изложени на трошок од €850 милиона.

Скоро 95% од оштетените возила се покриени со осигурување. Исто така, експертите од областа на осигурувањето, истакнуваат и дека најголем дел од оштетените домови и канцеларии се под покритие, иако точниот процент не може да се утврди.

Кроација: Зголемен профит и БПП во првата половина од 2017 година

Кроација осигурање, водечката компанија на хрватскиот осигурителен пазар, во првата половина од годината остварила профит од €13,76 милиона, што e раст од 37% во однос на првите два квартала од 2016 година. Според објавените резултати од работењето на компанијата, вкупната БПП изнесува €250 милиона, што е зголемување за 2,7%, при што €200 милиона доаѓаат преку полиси за неживотно осигурување.

Комбинираниот сразмер на ниво на групација, кој претставува однос на вкупните расходи и заработената премија, изнесува 99 и е за 4 единици подобар од минатогодишниот.

 

Generali излегува од пазарите во Колумбија и Гватемала

Philippe Donnet, извршниот директор на Generali, издаде соопштение во кое се наведува дека компанијата планира да ги зајакне своите активноси во Франција, а во исто време се разгледуваат и опции за такви активности во Германија, каде сака поактивно да управува со своите испостави за животно осигурување.

Donnet исто така изјавува дека италијанскиот осигурувач ги продал своите испостави во Колумбија и дека го напуштаат Гватемалскиот осигурителен пазар. Ова се дел од активностите кои беа најавени од страна на ова осигурително друштво со цел да се направи географска оптимизација, зголемена оперативна ефикасност и подобрена капитална алокација, стои во соопштението.

 

Алианц: 23% поголем профит во вториот квартал

Една од водечките осигурителни компании во Европа,  германскиот Алианц, соопшти дека вториот квартал го завршила со зголемен профит од 23% споредено со истиот период лани. Ова е охрабрувачки податок за компанијата во однос на остварување на нивниот годишен план.

Вкупниот оперативен профит на компанијата во овој квартал изнесува €2,6 милијарди. Профитот најмногу се должи на секторот на осигурување на имот и несреќи, кој поради помалите побарувања за штети од природни катастрофи оствари профит од €1,1 милијарда. Профитот кај животното и доброволното здраствено осигурување е зголемен за 12%, додека управувањето со недвижности донесе зголемен профит од 17% во однос на периодот април – јуни во 2016 година. „За целата 2017 година, Алианц сега очекува дека ќе биде достигната горната граница од предвидениот опсег на oперативен профит која изнесува 10,8 милијарди, плус/минус половина милијарда, освен ако не се појават непредвидени настани, кризи или природни катастрофи“, изјавуваат од Алианц.

Македонија: Животното осигурување со раст на БПП од 14,88% во првиот квартал

Националното биро за осигурување го објави извештајот за резултатите од првиот квартал од годината на осигурителниот пазар во Македонија. Вкупната бруто полисирана премија (БПП) изнесува 2,25 милијарди денари и е зголемена за 4,68%. На растот влијаат и секторот неживот, чија БПП од 1,97 милијарди денари има зголемување од  3,39%, но и животното осигурување каде вкупната БПП од 0,28 милијарди денари е зголемување за 14,88%.

БПП има пораст кај речиси сите класи на неживотно осигурување. Единствено каско осигурувањето на моторните возила е со намалување. Осигурувањето од автоодговорност и имонтото осигурување сочинуваат 61% од вкупната БПП во секторот на неживотното осигурување.

Во пораст е и вкупната бруто исплатена штета (БИШ) која од ланските 0,75 милијарди денари во првите три месеци е порасната на 0,81 милијарда денари. На полисите за неживот исплатено е за 6,41% повеќе штета (0,76 милијарди), додека кај полисите за животно осигурување исплатени се 0,05 милијарди (28,4% повеќе).

Рангирањето на компаниите во однос на процентуалниот удел на пазарот не е променето. Во делот на неживотно осигурување водечки е Триглав со 17,75% (16,89% лани) удел на пазарот, следен од Осигурување Македонија 12,55%(12,81% лани), Еуролинк со 12,74% (13,48% лани) и Уника 11,25% (11,4% лани). Од четирите компании кои нудат полиси за животно осигурување единствено водечката Кроација има намалување на уделот, додека останатите три имаат зголемување кое е во рангот од 0,5 до 2%.

Техничките резерви кај компаниите генерално се во пораст.  Исклучок прават Винер (-34,63%), Албсиг (-16,69%) и Сава (-2,08%).

Во овие три месеци најмногу полиси биле продадени преку канал на директна продажба и тоа е каналот кој единствено бележи значителен раст во однос на лани (10%). Пад во продажбата се забележува кај друштвата за застапување (-2,4%) и застапниците (-5,26%).