Триглав групација со раст на премиајта на сите седум пазари

Нето добивката на Триглав групацијата во периодот јануари-март изнесува €22,3 милиони, што е речиси на исто рамниште споредено со ланските €22,6 милиони, за истиот период од годината. Консолидираната бруто премија од осигурување и соосигурување изнесува €281 милион, што е зголемување за 8%. Растот на премијата е остварен во сите седум осигурителни пазари групацијата и на сите сегменти на работењето на групацијата. На домашниот пазар Заваровалница Триглав има раст од 8%, додека Здраствена заваровалница и Скупина покојнинска дружба имаат раст од 13% и 1% соодветно. На пазарите надвор од Словенија просечниот раст на премијата е 15%, а најголем е во Србија, од цели 35%. Премијата најмногу е зголемена кај доброволно здраствено осигурување (13%). Двоцифрен раст бележи и премијата на животното осигурување (10%), додека неживотното осигурување е во раст од 8%.

Добриот резултат се припишува на задржувањето на средствата од полисите кои достигнале статус на доживување, како и на поголемите уплатени премии.

Поради тоа што во првиот квартал од годината немаше големи и масовни штети, иако висината на исплатената штета е за 3% поголема, комбинираниот коефициент е поволен (92,7%) и е понизок од својата долгорочна стратешка вредност.

Во однос на крајот на 2016 година, капиталот на групацијата е зголемен за 2% и достигнува €759,6 милиони, додека техничките резерви се зголемени за 3% на €2.740,6 милиони.

 

Се продаде најголемата грчка осигурителна куќа, Ethniki Asfalistiki

EXIN Partners, групација која ја сочинуваат John Calamos и John Koudounis од Calamos Investments, осигурителниот експерт Matthew Fairfield и Pavlos Kanellopoulos, заедно со Nicholaos Adamantiades од AIG ја добија битката за аквизација на Ethniki Asfalistiki, најголемата осигурителна куќа во Грција. Конкурентската понуда беше од трите кинески групации Fosun, Gongbao и Wintime.

Оваа зделка е прва крупна инвестиција во нашиот јужен сосед, каде учесник е групација од грчи и амерички капитал.

„Го познаваме осигурителниот пазар и ја познаваме Грција. Ние сме инвеститори на долг рок и во Грција доаѓаме за да останеме“, изјави извршниот директор на Calamos, John Koudounis.

Ethniki Asfalistiki е оснивана во 1891 година. На осигурителниот пазар е застапена со продукти за животно и неживотно осигурување. Минатата година ја заврши со 16,6% удел на пазарот, а во 2015 година оствари профит од €98 милиони. 

Еурохолд: €800.000 поголем консолидираниот нето профит во првиот квартал

Групација Еурохолд Бугарија, соопшти дека во првиот квартал од 2017 година остварила консолидиран нето профит од €816.000. Ова е огромен скок во однос на истиот период лани, кога на крајот од март профитот беше неполни €11.000. Оперативниот профит е повеќе од удвоен, од €4,4 милиони на €8,9 милиони.

Од делот на групацијата кој се занимава со осигурување, остварени се приходи од €128 милиони, €18 милиони повеќе од минатата година.

Во пораст се и трошоците на групацијата, кои за првите три месеци достигнале €138 милиони.

Врз основа на овие резултати, предвидувањата на групацијата се дека годината ќе ја завршат со приходи од €700 милиони.

 

Allianz Stadium е новото име на стадионот на Јувентус

По примерот на Борусија Дортмунд, чиј стадион го носи името на осигурителната компанија Сигнал Идуна, и стадионот на Баерн Минхен, Allianz Arena, Allianz Italia потпиша договор со фудбалскиот клуб Јувентус и групацијата Lagardère Sports, која во моментов ги поседува правата за името на стадионот во Торино, чиј сопственик е Јувентус. Во текот на летната пауза ќе се изврши ребрендирањето на стадионот.

Според договорот, новото име на стадионот во следните 6 сезони ќе биде Allianz Stadium.

„Ние во Allianz посебно сме задоволни имајќи рпедвид дека на овој стедион е светски признато средиште на фудбалски збиднувања. Јувентус е тим кој досега оствари задоволителни фудбалски успеси, а на овој стадион играат најголемите италијански и странски клубови. Од друга страна, Allianz е една од најголемите светски осигурителни куќи и управител на имот, со повеќе од 86 милиони клиенти. Сосема е логично да се заклучи дека Allianz Stadium во Торино е едно од тие места на кои треба да стои бренд како што е  Allianz“, изјави Sergio Balbinot, член на управниот одбор на Allianza SE.

Покрај стадионот во Минхен, Allianz е дел од име на уште неколку стадиони ширум светот: Allianz Stadium во Сиднеј, Allianz Park во Лондон, Allianz Riviera во Ница, Allianz Parque во Сао Паоло и Allianz Stadion во Виена.

 

Хрватска: прв продукт за осигурување на дебитни картички

Неодамна во Хрватска беше промовиран иновативен продукт кој може да биде доста атрактиван во период на сѐ почести хакерски напади и кражба на лични податоци. Во соработка со Винер осигурање, Erste&Steiermärkische Bank понуди продукт кој на осигурениците им нуди полиса за осигурување на дебитните картички. Со покритието од оваа полиса осигурани е штетата која би настанала во случај на кражба или губење на картичката и основи трошоци за издавање на нова картичка.

Покрај осигурувањето од злоупотреба или кражба на картичката, полисата покрива и штети во случај на отуѓување на пари поради разбојништво или разбојничка кражба на банкомат или на некое друго место за исплата. Полисата носи и дополнително осигурување кое покрива кражба и губење на клучеви и лични документи, во осигурани случаи кои се поврзани со губење или кражба на картичката.

Со осигурувањето на дебитната картичка, осигуреникот добива и осигурување од приватна одговорност за штети нанесени на трети лица, како што се случајно скршен прозорец, гребење на автомобил и слично. Лимитот на покритието во една осигурителна година и по штетен осигуран случај изнесува €2025. Годишната премија за ваков тип на полиса изнесува €11,5.

 

Хрватска: Кроација осигурање го презема BNP Paribas Cardif Insurance

Кроација осигурање објави дека во целост ја презема единицата на BNP Paribas во Хрватска. Цената за аквизацијата на BNP Paribas Cardif Insurance, не е објавена, а договорот за купопродажба ќе биде во важност откако ќе биде одобран од Хрватската агенција за надзор на финансики услуги.

Според неофицијални информации, во BNP Paribas донесена е одлука да се повлече од пазарите во регионот и затоа ја ставиле на продажба и своето друштво за осигурување во Хрватска.

BNP Paribas Cardif Insurance во Хрватска е оснивано во 2007 ходина и на клиентите им понуди тогашен нов тип на производ за осигурување, кои е познато како осигурување на корисниците на кредит во случај на смрт, траен инвалидитет, долго боледување или отказ.

 

Македонија: Уника Лајф со 21% поголема премија во првиот квартал

Се чини дека Уника Лајф направи одличен потег во јануари, привлекувајќи ја под своја капа најуспешната продажна гранка од мрежата на Фемили партнер, застапничката куќа на Граве осигурување. БПП од €300.000, остварена во првиот квартал од годината, е зголемување за 21% во однос на првите три месеци од 2016 година.

БПП на Уника А.Д., задолжена само за неживотното осигурување, исто така е во пораст од 2% и достигнува €3,5 милиони. Единствен сектор кој има намалување е секторот на доброволно здраствено осигурување, кое изнесува 13%.

Уника А.Д. и Уника Лајф се дел од Уника групацијата која првиот квартал, на ниво на Македонија, го завршува со добивка пред оданочување од €200.000 и 3% зголемена вкупна БПП од €3,9 милиони.

Кај нашиот северен сосед добивката пред оданочување се намали на €300.000, споредено со ланската од €400.000. Намалена е и вкупната БПП за 5%, која во 2017 достигнува €10,9 милиони. По сектори, БПП на неживот е намалена за 2%, додека €3,5-те милиони премија за животно осигурување е 7% помала. И во доброволното здраствено осигурувуање премијата е намалена на €1,2 милиони, 16% помалку од лани.

Во Косово групацијата минатогодишната загуба од €300.000, ја сврте во профит од €400.000 пред оданочување. иако БПП за првите три месеци е во пад од 13% и изнесува €2,6 милиони. Сигал Уника Груп Австрија има намалена премија за 2% од неживот и 29% намалена премија на доброволно здраствено осигурување, додека Лајф Уника Груп Австрија полисирал €200.000, т.е. 28% поголема премија за животното осигурување.

Во нашето опкружување, групацијата најдобри резултати покажува во Албанија. Како што веќе осигурајсе.нет објави, нејзините две компании се убедливо водечки според полисирана премија на овој пазар. Добивката пред оданочување, иако намалена за 7,7% изнесува €1,2 милиони. Вкупната БПП е зголемена за 19%, достигнувајќи €8 милиони. €6,4 милиони, 20% повее од лани, припаѓаат на животното осигурување, додека €1,2 милиони, 32% повеќе од 2016, се на полиси за животно осигурување. Единствено премијата има пад во доброволното здраствено осигурување за 15%.

Двете компании во Црна Гора, Уника животно и Уника неживотно осигурање, првиот квартал од годината го завршија без профит или загуба, што е подобрување во однос на 2016 кога во првите три месеци генерираа загуба од €100.000. Вкупната БПП е намалена на €2,7 милиони, 6% помалку, од кое €2 милиони (8% помалку) се на неживот, а 400.000 (1% повеќе) се на живот. Преостанатите €200.0000 отпаѓаат на доброволно здраствено осигурување, каде е забележан раст од 7%.

Од земјите од поранешна Југолсавија, Уника не е присутна само на пазарот во Словенија. Во БиХ првиот квартал е завршен со за 6% зголемена БПП од €7,7 милони, но намален профит на €200.000 од ланските €300.000. Секторот неживот бележи раст на премијата од 16%, додека премиите на полисите за животно осигурување се намалени за 3%.

Хрватска и понатаму е земјата од регионот која носи најголем профит пред оданочување на групацијата (€1,3 милиони), иако е намален за €100.000 во однос на лани. За 10% е намалена и БПП која изнесува €20,2 милиони, од кои €10,5, исто како лани, се на неживот, €6,5 милиони, 37% помалку, се на живот, а €3,2 милиони, речиси двојно повеќе, се на доброволно здраствено осигурување.

На сите осигурителни пазари, вклучувајќи ги и претходноспоменатите, групацијата во првиот квартал пријави заработка пред оданочување од €33,1 милион и зголемување на премијата од 5,1% достигнувајќи €1,51 милијарда.

Според објавата од групацијата „премиите за осигурување на имот и несреќа донеле најголем поединечен раст од 5,5%, посебно во делот на Централна и Источна Европа. Доброволното здраствено осигурувањ е во раст од 4% додека животното осигурување, посебно индексираните и unit-link полисите, се зголемени за 5%.“

„И покрај значајните идни инвестиции и постојаните тешки услови, како што се ниските камати, опаѓачките приходи од инвестициите и политичката нестабилност на одредени пазари, Уника сепак очекува мал раст и во премиите и во заработувачката во фискалната 2017 година“, додаваат од Уника групацијата.

Податоците се преземени од seenews.com

НБС: Соопштение до јавноста за нејзиното работење во секторот осигурување за 2016 година

Народната банка на Србија (НБС) објави извештај за секторот осигурување за изминатата 2016 година. Податоците од извештајот се однесуваат на финансисктата состојба и стабилноста на пазарот, но и супервизорските активности и нивните ефекти.

„Во текот на ланската година, завршена е обемна и комплексна работа околу усогласувањето на работата на сите пазарни учесници со Законот за осигурување, кој е донесен во 2014 година, како и подзаконските акти од тој закон, кои се донесени во првата половина од 2015 година. Може да се оцени дека посакуваниот резултат за создавање модернизиран, стабилен и пазар на осигурување кој е наклонет на потребите на граѓаните, во целост остварен.

Постапката за усогласување со новите регулативи побаруваше од друштвата за осигурување и реосигурување да направат темелни реформи на внатрешната организација, начинот на работата и односот кон клиентите, но и задоволување на цел низ квантитативни критериуми за финансиското работење. Пазарот на осигурување денес е добро капитализиран, со изградени квалитетни механизми на управување со ризици, ликвиден, солветен и профитабилен, а ги исполнува и сите поединечни стандарди кои се утврдени со прописите следејќи ги најдобрите европски пракси.

НБС разви и нови механизми за надзор на осигурувањето, кои се ориентирани на односот со клиентите во најширок смисол на зборот. Право на преддоговрно информирање, кое го утврдуваат новите прописи, овозможува на секој потенцијален клиент пред склучување на договорот за осигурување, му овозможува да ги разгледа сите елементи кои се значајни за донесување на одлуката. Намерата на НБС е оваа обврска на друштвата за осигурување доследно да се спроведува и континуирано да се унапредува, посебно кога се во прашање колективните осигурувањеа и осигурувања од сличен карактер, кои немаат директен контакт со осигураните лица. Иако супервизијата на осигурувањето не решава поедничени приговори, тоа може да го нашрави само во функцијата на заштита на корисникот, опишаното супервизиско работење е најдобра заштита и судство кое ќе донесе поголеми квалитети на услугите во осигурувањето. Дополнително, работевме и на креирање на механизми за подигнувањена нивото на компетенцијата и континуираната едукација на лицата кои се опфатени со работата на посредување и застапување на осигурување, како и на транспарентноста на информациите, благодарение на што денес, по пат на јавниот регистар на НБС, може да се добијат сите потребни информации за учесниците на пазарот на осигурувањето.

Општествено одговорна супервизија на осигурувањето каква што изградивме, сите свои активности ги стреми кон една единствена цел – нејзините резултати да бидат видливи во различни аспекти на секојдневниот живот на граѓаните. Таквите резултати се остварени најнапред на полето на доброволно и целоисходно осигурување, кое го постигнавме со елиминирање на појавите како што е наплата на осигурување со автобуски карти или принудно додавање на ставки на осигурување во сметките за комунални услуги. Правото на изборот на клиентот останува неприкосновено, а должноста на соучесникот од страната на понудата и понатаму ќе биде да се осигураат лесно разбирливи услуги, прилагодени на потребите на граѓаните и грашанскиот субјект, т.е. полно остварување на правата по основ на осигурување од страна на осигуреникот, корисникот на осигурувањето и третите оштетени лица. НБС ќе продолжи да води надзор на објавените резултати во осигрувуањето во вака дефиниран правец и во иднида, се истакнува во соопштението.

 

VIG со зголемен профит и намалена БПП во првиот квартал во Македонија

Vienna Insurance Group (VIG) објави дека нејзините три ќерки фирми, Осигурување Македонија, Винер осигурување и Винер Лајф, во првиот квартал оствариле зголемена добивка пред оданочување, иако е намалена БПП. Во однос на минатогодишната добивка од €500.000 во првиот квартал, овогодинешната изнесува €800.000.

БПП е намалена за 2,9% и изнесува €6,4 милиони. Премиите за осигурување од АО се во пораст за 16,8%, достигнувајќи €2,5 милиони, додека каско премиите се намалени за €100.000 во однос на ланските €700.000.

Имперсивен пораст на профитот пред оданочување, групацијата бележи во Србија. Првиот квартал од оваа година VIG го заврши со €1,4 милиони, споредено со ланските €600.000.

Ова во голема мера е резултат на зголемената БПП за 45,8%. Комбинираната нето квота е намалена за 9,1% и изнесува 99,5%.

Порастот на БПП најмногу се должи на порастот на полисираната премија за осигурување од АО, која е за 41,5% поголема во однос на првите три месеца од 2016 година. Во пораст е и БПП кај каско осигурувањето (15%) и имотното осигурување (33,3%).

Групацијата бележи пораст и кај животното осигурување. 6,5% (вкупно €6,1 милиони) повеќе БПП е остварена во првиот квартал од оваа година на полисите за животно осигурување со тековна уплата, додека кај тие со еднократна уплата БПП е четири пати поголема во однос на 2016 година (€5,6 милиони). Премиите за доброволното здраствено осигурување се удвоени и изнесуваат 1 милион.

Албанскиот и косовскиот осигурителен пазар на групацијата ѝ донесе профит пред оданочување од €600.000, што е за €100.000 повеќе од истиот период лани. БПП е зголемна за 2,4% и достигнвуа €8 милиони. И во двете земји групацијата е активна само во секторот неживот. Премиите од €5,4 милиони, за осигурување од АО се со минимален раст од 0,9%, додека каското бележи пораст 12% (€400.000). Осигурувањето на имот исто така има пораст поголем од 10% (11,3%) достигнувајќи €1,8 милиони. Групацијата потфрли во секторот на доброволно здраствено осигурување каде премијата е во пад од 15,4%, на €500.000.

Единицата на групацијата во БиХ, Винер Осигурање, ја зголеми БПП за 32,3% достигнувајќи €4,3 милиони. Животното осигурување расте и кај полисите со тековна уплата (21,7%) и кај еднократната уплата (од €100.000 на €500.000). Премиите за АО и каско се во пад од 5,3% и 4,5% соодветно, додека осигурувањето на имот е пораснато за 38,2%.

Добри резултати од групацијата објавија и во уште една земја од нашето соседство. Двете компании во Бугарија првиот квартал го завршила со 22,5% зголемена профит пред оданочување, достигнувајќи €2,4 милиони, како резултат на солидниот раст на премиите од неживотно осигурување.  Осигурувањето од АО е во пораст од 41,3%, каско премиите од 24,9% додека осигурувањето на имот е во скок од 35,8%.

Премиите во секторот на животно осигурување се исто така во пораст. Полисите со тековно плаќање достигнувајќи €9,6 милиони, 11,3% повеќе од првите три месеци минатата година, додека тие со еднократна премија се зголемени на €2,1 милиони од минатогодишните €400.000.

Групациајта е претставена исто така со две компании и на хрватскиот осигурителен пазар. Нивното работење донесе намалување на профитот пред оданпчување за 19% , за вкупни €2,2 милиони. Во пад е и вкупната БПП. €27,9-те милиони се за 2,9% помалку од истиот период лани.

Генерално групацијата има пораст на БПП од 0,5% достигнувајќи €2,72 милијарди за три месеци. Животното осигурување со тековна уплата на премијата е зголемено за 4,2%, додека еднократните премии на полисите за животно осигурување се намалени речиси за четвртина (-22,1%).

Кај осигурувањето на автомобилите, каското бележи значаен пораст на премијата (10,7%), додека премиите за имот и осигурување од одговорност растот е 6,8%. Здраственото осигурување, кое е дел од програмата „Агенда 2020“ оствари најголем раст од 12,5%.

Позитивните резултати од работењето се одразија на добивката пред оданочување, која е зголемена за 22,4% и изнесува €110 милиони, како и на комбинираната нето квота која од 96,9% е покачена на 97,8%.

 

ВГТ осигурање во целост ќе стане сопственост на Граве осигурање

ВГТ Осигурање објави дека ја прифаќаат понудата од Граве осигурање за откуп на преостанатие 12,4% од акциите кои не се во сопственост на австриската подружница во Сараево. Понудената цена од €337,3 е прифатлива и е во согласност со пазарната вредност. Станува збор за 3.823 акции на компанијата која нема свои експозитури во Република Српска.

ВГТ Осигурање во првите четири месеци од 2017 година имаше удел од 8,6% на пазарот на Федерацијата.