Сава Ре во првиот квартал со зголемена нето добивка од 29%

Сава Ре го заврши првиот квартал со нето добивка од близу 9,2 милиони евра. Споредено со првите три месеци од минатата година тоа е пораст од 29%. Ова зголемување се должи на „благиот развој на неживотното осигурување во Словенија, но и подобрените резултати од работењето со реосигурувањето и животното осигурување“.

Вкупната премија е зголемена за 4,2% и достигнува 159,9 милиони. Зголемување на премијата има и во двата сектора во и надвор од Словенија. На домашниот пазар, неживотното осигурување е во пораст од 4,2%, додека надвор од Словенија растот на овој сектор е 10,1%. Кај животното премијата е поголема за 8% во Словенија, додека во останатите пазари растот е 13,9%.

Успешното работење на Сава Ре во првиот квартал, на компанијата и донесе реализација на 32,4% од планираната премија за целата 2017 година.

 

Триглав Осигурвање објави постигнат договор за реосигурување

Одборот на директори на Триглав Осигурвање АД, Скопје, на 128-та седница одржана на ден 18.04.2017 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на Договор за реосигурување на ризици за осигурување на побарувања за 2017 година со Заваровалница Триглав д.д., Љубљана бр.0202-5648 од 18.04.2017 година, врз основа на која е склучен Договор за реосигурување на ризици за осигурување на побарувања за 2017 година помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Заваровалница Триглав д.д., Љубљана.

Вредноста на договорот зависи од вкупната премија што ќе биде направена за осигурување на побарувања. За лимити до 1.000.000 ЕУР во реосигурување ќе биде предадена 95% од премијата, додека за лимити до 3.000.000 ЕУР во реосигурување ќе биде предадена 98,5% од премијата

Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД Скопје и Заваровалница Триглав д.д., Љубљана произлегува од тоа што двете друштва се членки на Групацијата Триглав.

БиХ: Не е исклучена можноста Uniqa да купи уште една компанија

По објавата дека Uniqa Insurance Group во целост ќе ја откупи својата подружница во Сараево, Сенада Олевич, директор на Uniqa osiguranje, не ја исклучува можноста компанијата да направи аквизација на некоја друга осигурителна куќа. „Доколку има адекватна прилика, не ја исклучуваме можноста да превземеме некој осигурувач, но не и по секоја цена“, изјави Олевич во еден од одговоритре на прашањата на прес конференцијата која беше организирана по повод 20 години од работењето на компанијата на овој осигурителен пазар.

„Имајќи предвид дека Граве е насочен кон животното осигурување, а VGT кон осигурувањето од АО, ќе се направи комбинација која ќе допринесе за стабилизација на превземеното друштво“, беше одговорот на барањето Олевич да го искоментира превземањето на VGT од страна на Граве.

Покрај аквизацииите, Олевич не ја исклучува можноста и од спојување на осигурителни друштва. Според неа, поради тоа што новиот Закон за осигурување предвидува зголемување на капиталот на друштвата, што ќе биде притисок врз малите друштва за меѓусебно здружување.

UNIQA osiguranje на овој согируителен пазар минатата година ја заврши на првото место со остварена премија од €30 милиони, благодарение на постојаниот развој во работењето и воведувањето на новите производи.

 

Граве осигурување одбележува 10 години на македонскиот пазар

На прес-конференцијата одржана во Скопје Мериот Хотел беше даден осврт на историјата на групацијата Граве, како и на Граве осигурување во Македонија, а беа претставени и резултатите од 10-годишното работење на компанијата, почнувајќи од бројот на склучени договори, растот на премиите, па сѐ до развојот на сопствениот капитал.

“Само во изминатава година бројот на индивидуални договори порасна за речиси 10%, што е сериозен показател за успехот на Граве во Македонија. Исто така, и бруто полисираната премија во висина од 1,14 милиони евра во 2007 година се зголеми на 7,63 милиони евра во 2016 год., а успехот на претпријатието се отсликува и во развојот на сопствениот капитал, кој во период од 10 години порасна од 1,09 милиони евра на 5,45 милиони евра. Според ова, можам самоуверено да кажам дека Граве осигурување а.д. Скопје располага со солидна база за натамошен раст и во иднина“, истакна Отмар Едерер, Претседателот на GRAWE концернот.

Целиот текст можете да го прочитате на tocka.com.mk

TBI Bulgaria ги откупува преостанатите 0,62% акции од Bulstrad VIG

TBI Bulgaria, која е во сопственост на Vienna Insurance Group (VIG) соопшти дека испратиле понуда за откупување на преостанатите 0,62% од акциите на Bulstrad VIG, кои не се во нејзина сопственост. TBI Bulgaria понуди €15,9 по акција за вкупно 19.599 акции. Компанијата исто така размислува да ја тргне Bulstrad VIG од листата на компании на софиската берза.

Минатата седмица, од Bulstrad VIG изјавија дека оваа година нема да се исплаќа дивиденда. Наместо да се дели дел или целиот профит од €3,2 милиони да се подели на акционерите, компанијата реши целосно да го насочи во резервите. Оваа компанија последен пат исплати дивиденда од добивката во 2014 година, откако во 2015 оствари загуба од €6,12 милиони.

 

Словенија: Кроација осигурување со најниска понуда за осигурување на државниот имотот

Кроација осигурување достави најдобра понуда за трогодишно осигурување на целиот недвижен имот на Република Словенија. Според мариборски Вечер, по јавното отворање на понудите, се испоставило дека хрватскиот осигурувач понудил најниски премии во конкуренција на  Џенерали Заваровалница, Заваровалница Сава и Заваровалница Триглав.

Во рамките на понуда 1, која се однесува на сите недвижности со исклучок само на тие во власништво на Министерството за внатрешни работи, инспекторатот за внатрешни работи и Управата за извршување на казнени санкции, Кроација осигурување понуди €1,85 милиони. Останати две компании кои дадоа понуда за овие недвижности, понудија повеќе од €2 милиони, Џенерали(€2,3 милиони), Сава (€2,9 милиони).

За недвижниот имот на МВР, Кроација достави понуда 2 во висина од €1,42 милиони додека Триглав понуди милион повеќе (€2,59).

Понуда 3 го опфати имотот на Управата за извршување на казнени санкции, за кој Кроација понуди близу €700.00, додека Триглав €1,27 милиони, а Сава €1,16 милиони.

Од министерството кое е задолжено за преглед на понудите изјавуваат дека конечната одлука не е донесена и дека истата ќе се објави откако ќе бидат детално анализирани сите понуди.

 

Zurich вклучува робот во обработката на барањата за штети

Zurich Insurance направи исчекор во совето работење препуштајќи на робот дел од обврските за проценката за штети. Вклучувањето на вештачката интелегенција го оправдуваат со фактот дека времето за донесување одлука на основ на побарување за отштета за физички повреди на луѓето, се намалува од еден час на само неколку секудни.

„Неодамна промовиравме обработка на побарувања за отштета со користење на вештачка интелегенција…и заштедивме 40.000 работни часови, забрзувајќи го процесот за пет пати“, изјави за Ројтерс Tom de Swaan.  Zurich во март започна да ги користи роботите за преглед на формуларите, како што се медицинските извештаи.

„Ние планираме да ја прошириме примената на вештачката интелегенција од овој тип“, додава de Swaan.

Осигурувачите се во трка да ги кристализираат бенефитите од технологијата како што се големите бази на податоци и вештачката интелегенција вклучена во технички страт-апи. Ова не е прв случај една компанија да го забрза процесот на обработката на барањето за штето. Како што осигурајсе.нет неодамна објави, Lemonade може да исплати штета во најмногу три минути.

De Swaan нагласува дека петтиот најголем европски осигурувач, Zurich Insurance, и понатаму интензивно ќе го анализира и изучува користењето на вештачката интелегенција во обработката на барањата за штети. „Подобрена е точноста. Бидејќи е базирано на машина, секој нов случај води до понатамошен развој и подобрување.“

Користењето на вештачка интелегенција не само што го забрзува процесот, туку може и да заштеди пари. Јапонскиот осигурувач Fukoku Mutual Life  откако во јануари ја импелентираше вештачката интелегенција, изјавија дека тие замениле 34 вработени, со што компанијата очекува да заштеди €1,17 милиони годишно.

Вклучувањето на технологијата во секторот на осигурување може да ги инволвира технолошките гиганти, како што се Alphabet или Apple, во овој бизнис. Но, De Swaan нагласува дека во моментов не гледа конкуренција во нив иако дел од тие компании пројавиле интерес за соработка со Zurich. „Ниту една од технолошките компании не превземала осигурителен ризик во нивните бизнис планови. Билансната состојба треба да овозможува продажба на осигурување, но и превземање на ризикот од осигурувањето“, додава de Swaan.

 

Купувачите на Тесла нема да плаќаат дополнително за осигурување?

Во иднина цената на Тесла автомобилите ќе ги вклучува трошоците за осигурување и одржување. Овој пилот проект на компанијата веќе е на пробен период во Азија.

Менаџментот на Тесла веќе подолго време работи на реализација на оваа идеја, бидејќи сметаат дека осигурителните компании го преценуваат ризикот и поради тоа цените на осигурувањето се прескапи. Тие сметаат дека нивните „автомобили на иднината“ имаат значајно многу намален ризик од незгоди и не сакаат нивните купувачи да ги изложат на непотребен трошок. Директорот на продажба и сервис на Тесла автомобилите, Jon McNeill, при претставувањет на резултатите од последниот квартал од минатата година, призна дека почнале да екпериментираат со овој ценовен модел на просторите на азиските пазари.

„Не го земаме предвид само сигурноста на функциите на автопилотот, туку и трошоците за одржување. Нашата визија е во иднина да понудиме единствена цена за купување, одржување и осигурување“, изјави McNeill за Business Insider.

Американската институција за оценување на сигурноста во сообраќајот NHTSA, откако е имплементиран автопилотот во Тесла автомобилите, евидентирала пад од 40%  на сообраќајните несреќи во кои се вклучени овие автомобилите

Повикувајќи се на податокото дека во дури 90% причина за сообраќајна несреќа е човечкиот фактор првиот човек на Тесла  Elon Musk  изјави дека „ако осигурувачите не ги усогласат цените на осигурувањето пропорционално со ризикот на автомобилот, ние сами ќе го вклучиме во цената. Но верувам дека тие сепак тоа ќе го направат – дискретно“.

 

АСО објавува конкурс за млади истражувачи од областа на управување со ризици и осигурување

Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2017 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.

Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000,00 денари.

Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура.

Конкурсот во целост може да се види на веб-страната на АСО.

Bosna-Sunce osiguranje ќе подели дивиденда од €6,4 по акција

Една од водечките компании на босанскиот осигурителен пазар, Bosna-Sunce osiguranje Sarajevo d.d, на Собранието на акционери донесе одлука за исплата на дивиденда во висина од €6,4 по акција. Оваа компанија во 2016 година ствари нето добивка од 1,23 милиони што е минимално зголемување во однос на добивката од 2015 година која изнесуваше 1,07 милиони.