ВО 2016 ВО БРИТАНИЈА ДНЕВНО СЕ ИСПЛАЌАНИ £1,8 МИЛИОНИ ОТШТЕТА НА ПОЛИСИ ЗА МИЛЕНИЦИ

Во 2016 година во Британија се исплатени £706 милиони на побарувања за штети од полисите за миленици. Според извештајот на Асоцијацијата на британски осигурувачи (АВI), просечно, на дневно ниво, исплатени биле £1,8 милиони.

Порастот на исплатените обештетувања е како резултат на зголемениот број на побарувања, но и зголеменото покритие кое овој тип на полиси го нудат на сопствениците на милениците. Дополнително сумата е зголемена и поради порастот на цените во ветеринарните амбуланти.

Анализата на ABI покажува дека 40% од домаќинствата во Британија поседуваат миленици, но голем дел од нив не уплаќаат за нивна полиса. Сопствениците на кучиња имаат речиси двојно повеќе полиси од сопствениците на мачки. Само 30% од вкупни 8,5 милиони регистрирани сопственици на кучиња поседуваат полиса за својот миленик, додека само 16% од вкупно 7,5 милиони регистрирани домашни мачки се осигурани од страна на своите сопственици.

Rebecca Hollingsworth, советник за осигурување во ABI, вели дека „рекордната исплата од минатата година покажува дека чувањето миленици не е само многу вреднувано,туку е и многу голем трошок. За милениците не постои државно здраствено осигурување, па затоа квалитетни ветеринатрни услуги може да бидат многу скапи“. Полисите за миленици се единствен начин како може да бидат рефундирани дел или целата сума на пари.

Животното осигурување во Србија со раст од 19% во 2016

Вкупната уплатена премија е за 9,7% поголема во однос на 2015 година и достигнува вредност од 88,78 милијарди динари. Една од мерките за проценка на растот на осигурителниот пазар е уделот на животното осигурување во вкупната премија. Во 2016 година тој е во пораст изнесува 26%, или 23 милијарди динари.
Животното осигурување има поедничен раст од 19%, додека неживотното бележи пораст на премијата од 6,8%. Кај неживотното осигурување најголем раст достигнуваат полисите за одговорност, 26,1% и приватното здраствено осигурување со 37,9%.
Најголем удел во вкупната полисирана премија и понатаму отпаѓа на осигурувањето од АО. Со 30,3 милијарди динари тоа е речиси третина од вкупната премија (30,3%).
Минатата година осигурителниот сектор во Србија исплатил на стопанството и граѓаните 35 милијарди динари како надокнада за настаната штета. Според известувањето на Стопанската комора на Србија (СКС), анкетата спроведена помеѓу стопанствениците и граѓаните, парите кои се исплатени во голема мера допринело да се намалат последицие од штетните настани во изминатиот период.
На седницата на Одборот за осигурување при СКС, која ќе се одржи на 27ми месецов, се очекува да бидат претставени резултатите од анкетите за ставовите и очекувањата на претставниците од секторот на осигурување, кои ги спроведе Здружението на банкарски, осигурителни и други финансиски институции на СКС.

Во Австралија поднесени 30.000 пријави за штета од циклонот Деби

Циклонот Деби зад себе остави големи материјални штети кои донесоа повеќе од 30.000 побарувања до осигурителните компании за исплата отштета. Според Советот на осигурувачи во Австралија, побарувањата стигнати до денешниот ден се со вкупна вредност од 386 милиони. Висината на отштетата се очекува да расте и според вториот најголем светски реосигурувач, Swiss Re, се очекува осигурителната индустрија да ја чини приближно $1,3 милијарди.

„Ние сме водечки реосигурувачи на овој пазар и нашата проценка е дека циклонот Деви предизвика повисоки комерцијални и корпоративни загуби споредено со слични непогоди во минатото“, изјави шефот на одделението за осигурување на Swiss Re, Matthias Weber.

Високите загуби се резултат на густата населеност на регионот, со стотоци поплавени комерцијални и објекти за домување, по што илјадници резиденти беа евакуирани од областа.

Голем процент од висината на штетата ќе отпадне на последиците што циклонот ги остави во пет рудници, кои пријавија лиизгања на земјиште и поплавени пруги за транспорт на јаглен.

Од вкупните $1,3 милијарди кои се очекуваат да бидат исплатени, повеќе од една четвртина ќе отпаднат на швајцарската реосигурителна куќа. Ова предизвика пад на акции за 0,9%.

 

Локалниот менаџмент го откупи Aon Hrvatska

Aon Hrvatska, дел од друштвото Aon Plc, еден од поголемите светски лидери во услуги од управување со ризици, посредување во осигурување, реосигурување, премина во рацете на локалниот менаџмент и го промени своето име, Ano d.o.o. za posredovanje u osiguranju i reosiguranju. Ова беше објавено во известувањето од компанијата кое беше испратено до своите партнери.

На 31.3.2017 е потпишан купопродажниот договор во кој Aon d.o.o. za posredovanje u osiguranju и Aon poslovno savjetovanje d.o.o се во потполност откупени од локалниот менаџмент. Новата независна структура најавува дека дополнително ќе ја зајакне позицијата на хрватскиот пазар и ќе допринесе за поголемо ниво на квалитетот на услугите кои веќе 17 години компанијата ги пружа на своите клиенти.

Сите вработени ќе ги задржат своите работни места, а новото друштво ќе стане ексклузивен коресподендн на Aon за Хрватска. Оваа соработка на клиентите ќе им овозможи пристап до меѓународните пазари прек GAMS (Global Account Management System), но и понатаму ќе овозможува индивдуиализаиран пристап до своите програми за осигурување.

 

Судот ја потврди одлука на НБС за одземање на лиценцата на Таково осигурување

Народната банка на Србија (НБС), издаде соопштение во кое се известува јавноста дека е одземена дозволата за работа на Таково осигурување од Крагуевац. Дозволата е одземена на основ на Законот за осигурување кој се применувал во периодот од 2004 до 2015 година и според НБС за тоа се одговорни менџментот и сопствениците на друштвото.

На Таково осигурување, од страна на НБС, му беа посочени мерки за воспоставување на регулаторните стандарди, меѓутоа осигурителната куќа тие мерки не ги спровела во дело. За тоа е пропишана императивна норма која значи одземање на дозволата.

Од НБС дадоа коментар за написите на Блиц дека дозволата е одземена поради тоа што сопствениците не сакале да дадат донација за фондацијата „Драган Никлич“. Според објаснувањето на НБС, мерките на надзор кои се изречени на Таково осигурување пред одземањето на дозволата се однесувале на неисполнувањето на регулаторните стандарди, првенствено во поглед на економските показатели во структурите на инвестиции и капиталната основа.

На друштвото му е посочено дека може да биде високо профитабилно иако притоа не исполнува ниту еден квантитативен критериом кој е дефиниран со законот. Причината е што профитабилноста претставува интерес на сопствениците, а законот дефинира стандарди кои се во интерес на осигурениците.

„Токму таквите стандарди Таково осигурување не ги исполнуваше со години наназад пред да отиде во ликвидација, што значи многу пред формирањето на фондацијата „Драган Николич“. Така да, било какво поврзување на наводната донација и дозволата за работа не е ништо освен злонамерна инсинуација, чија цел е да го наруши угледот не само на споменатата фондација и НБС, туку и на другите државни иснтитуции и регулаторната рамка“, исјавуваат од НБС.

„Судската постапка која е водена се заврши со потврда на исправноста на нашата одлука, т.е. сопствениците на Таково осигурување го изгубија спорот, бидејќи немаа ниту еден аргумент во своја корист, освен инсинуации и невистини кои на крајно непримерен начин се пласирани во јавноста“, додаваат од НБС.

Блиц денес објави дека Таково осигурување одбило да донира €400.000, колку што барала фондацијата на сопругата на претседателот на Србија, Томислав Николч, по што во јули 2014 година на таа компанија е и одземена дозволата и 408 вработени останаа без работа.

 

Суспендиран претседателот на кинеската регулаторна комисија на осигурувањето

Според објави на неколку медиуми, претседателот на кинеската регулаторна комисија на осигурувањето (CIRC), Xiang Junbo, е суспендиран поради прекршување на правилникот за работење на институцијата.

Во краткото соопштение на Центранлната комисија за дисциплинска инспекција се наведува дека Junbo е суспендиран поради „сериозни нарушувања на дисциплината во работењето“,фраза која вообичаено тамошните институции ја користат за означување на коруптивни дејствија.

Како претседател на CIRC, Junbo го надгледуваше рапидниот раст на осигурителниот сектор, проследено со либерализација на инвестициските правила што овозможија на осигурителните компании повеќе слобода во инвестициите на нивните активи дома и на другите континенти.

Активата на кинескиот осигурителен пазар речеиси се удвои во последните три години, достигнувајќи $2,19 милијарди на крајот од 2016 година.

 

Сава Ре одреди бруто дивиденда од €0,8 по акција

Од словенечкиот реосигурувач Саве Ре  соопштија дека предвидено е да исплатат бруто дивиденда од €0,8 по акција, што е пораст од 23% во однос на висината на исплатената дивиденда за добивката од 2015 година. Вкупната сума која ќе се исплати како дивиденда изнесува €12,4 милиони и претставува 37,7% од нето консолидираниот профит.

Сава Ре е дел од Сава Ре групацијата која има свои оперативни единици во Македонија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Косово.

 

Триглав: Предложена дивиденда од бруто €2,5 по акција

На седницата на Надзорниот одбор на Zavarovalnicа Triglav, одржана на крајот од минатата недела, беше потврден редовниот годишен извештај на групацијата за нејзиното работење во 2016 година. Управата и Надзорниот одбор заедно ќе предложат на Собранието на акционери, 69% од акумулираната добивка, во висина од €56.837.870,00, да се исплати во вид на дивиденда. Се предложува исплатата на дивидендата да се врши во висина од 2,5 бруто по акција. Во следната недела се очекува, на 21.4.2017, да биде објавен терминот на седницата на групата акционери на оваа осигурувачка куќа.

Добивката од €95 милиони во 2016 година ги надмина предвидувањата на компанијата кои се движеа од €80 до €90 милиони. Тоа доаѓа како резултат на доста успешното работење во оваа основната дејност, неживотно и здраствено осигурување, на компанијата донесе добар резултат за комбинираниот коефициент на групацијата, кој што изнесува 92,9% (планирани околку 95%). Според неревидираните податоци на групацијата, обезбедени се €936 милиони бруто консолидирана премија од осигурување и реосигурување (планиран износ околу €900 милиони). Ова е втора година по ред во која се забележува пораст во премија; во 2015-та година тој изнесуваше 3%, а во 2016-та година 2%, т.е. 3%, доколку при споредувањето се земе во предвид продажбата на чешката осигурителна компанија во 2015-та година. Порастот на премијата е во сите осигурителни пазари. На словенечкиот пазар сите три осигурителни компании од Групацијата остварија пораст на премија. Матичното друштво 1%, Triglav zdrastvena zavarovalnica 6%, а Skupina pokojinska druzba 3%. На пазарите вон Словенија просечниот раст на премија на групацијата Триглав изнесуваше 2%, односно 9%, доколку се земе во предвид продажбата на чешката компанија. Највисок раст на премија е реализиран во Србија (22%), во Македонија и во Црна Гора 2%, додека во Хрватска и во Босна и Хецеговина изнесуваше 8%. Во согласност со стратешките насоки, уделот на бруто полисираната премија од осигурување и реосигурување забележа раст од 17,3% на пазарите надвор од Словенија.

Од друга страна, негативно на компанијата делуваа неповолните прилики на финансиските пазари, поради што приносите од вложувања беа намалени за 27%,  не вклучувајќи ги приносите од вложувањата на корисниците на unit-link животно осигурување, каде тие го превземаат ризикот на вложување. Ова првенствено се должи на пониска нето добивка од продажбата на финансиски средства, додека позитивен ефект имаше ре-евалуацијата на финасиските средства.

Adriatic Slovenica е првата компанија во регионот која го автоматизира продавањето животно осигурување

Пред три години, Гарбирејл Шкоф, претседателот на бродот на менаџери на словенечката Adriatic Slovenica d.d. (АЅ), воочи дека трошоците, одложувањата и високиот степен на грешки во понудите и полисите го ограничуваат привлекувањето нови клиенти и го успоруваа внатрешниот процес на компанијата. Шкоф направи неколку чекори кон автоматизација преку портал од што бенефит би требало да имаат осигурениците, продажните тимови и компанијата. ALLFINANZ life insurance, автоматизираниот софтвер за осигурување беше оизбран заради глобалната прифатеност и неговата бизнис флексибилност.
„Како прва компанија за животно осигурување во јадранскиот регион, која ќе го автоматизирасекој чекор од апликација, преку полисирање до исплата на штети, ние ќе го зголемиме учеството на пазарот преку испорака на посупериорен, побрз и појасен сервис за клиентите. Наскоро договорите за кои беа потребни три недели за да се пребараат, истражат и полисираат, ќе може да се завршат во неколку минути“, изјави Шкоф. Автоматизацијата е планирано најнапред да се спроведе на секторот животно осигурување во Словенија, а потоа да се прошири и во другите земји.
Минатата година, АЅ имаше раст до 15% во уделот, полисирајќи близу 300 милиони и остварувајќи нето профит од 14 милиони. Во нејзиното портфолио, покрај животното осигурување, застапени се и приватното здраствено осигурување, осигурување од несреќи, патничко, рентно, домаќинско и осигурување на возила.
„Продажниот тим и брокерите на АЅ се амбасадори на експанзијата. Софтверот ALLFINANZ покрај тоа што ќе ја забрза и дефинира нивната работа со клинетите, софтверот исто така ќе ги ослободи од папирологијата и ќе ја намали грешката од човечки фактор. Ова е нашата двојна предност во конкурентскиот пазар“, додава Шкоф.

VIG во Македонија има 60% намалена добивка пред оданочување за 2016

Vienna Insurance Group (VIG) соопшти дека според првичните резултати, нивното работење во Македонија во 2016 година завршило со профит пред оданочување од €1,6 милиони, што е повеќе од два пати помалку од профитот на компанијата од работењето во претходните 12 месеци. Трите компании кои се дел од VIG, Осигурување Македонија, Винер осигурување и Винер лајф, оствариле БПП од €25,8 милиони, што претставува раст од 7%. БПП во секторот на АО е во пораст од 14,6% (€10,5 милиони), доека БПП за каско осигурувањето е зголемена за 1,9% (€2,3 милиони).

Пад на профитот пред оданочување има и во Србија, од 11,5%, кој за 2016 година изнесува €2,7 милиони. Според првичните информации, вкупната БПП во Србија изнесува €96,9 милиони и е во пораст од 18,5%.  Секторот неживот бележи раст во сите дејности, АО (раст од 13%), каско осигурување (5,9%) и останатите неживотни осигурувања (10,9%). Во пад од 2,4% е БПП за животното осигурување со тековна уплата на премијата (€26,2 милиони), додека кај еднократните премијата е три пати зголемена (€15,2 милиони).

VIG минатата година ги превзема српските подружници на француска АХА и со тоа го зголеми учеството на пазарот на 12%.

Групацијата најдобри резултати во регионот минатата година остварила во Хрватска. Според прелиминарните податоци групацијата остварила раст на профитот пред оданочување од 8,1% (€7,0 милиони). Двете претставнички, Wiener Osiguranje и Erste Osiguranje, годината ја завршиле со вкупна БПП од 99,3 милиони, што е зголемување во однос на 2015 година за 9,4%.

Слично како и во Србија, животните осигурувања со тековна уплата се во пад (3,9%), додека еднократно уплатените премии на полисите за животно осигурување се во скок од 25,8%.

Осигурителниот пазар во БиХ за групацијата донесе загуба од €7,5 милиони. Вкупната БПП изнесува 12,9 милиони и е за 3,2% од 2015 година. Секторот за животното осигурување има значеан пораст во висината на БПП, па така полисите со тековна уплата носат за 27,4% поголема премијата, додека еднократните уплати за удвоени, споредено со претходните 12 месеци.

Групацијата бројките за осигурителните пазари во Албанија и Косово ги смета како за еден заеднички, кој на компанијата и донесе профит од €1,2 милиони. Вкупната БПП е во пад од 2,2%. Во двете земји групацијата е активна само во секторот неживот, каде осигурувањето од АО е во стагнација, додека каско премиите за каско осигурување бележат 6% раст.

Профитот пред оданочување во Бугарија од €2,3 милиони во 2015 година, е покачен на €5,4 милиони во минатата година. Вкупната БПП е во пораст од 4,3% и е најголема во регионот со €136,7 милиони. Со исклучок на осигурувањето од АО кое е во пад од 24,6%, сите други осигурувања се во раст, каско (12,7%), животно (20,5%) и приватното здраствено (36,3%).

„Ги остваривме сите наши главни цели за 2016. Ова испраќа јасен сеигнал за стабилноста која чувствуваме дека е важна да биде доверлив партнер во време на динамички промени“, изјаи извршниот директор на групацијата Elisabeth Stadler.