Generali ќе подели најголема дивиденда во последните 9 години

Италијанскиот осигурувач Generali ги соопшти резултатите за работењето од 2016 година. Според нив, нето профитот на компанијата е во пораст за 2,5% во однос на 2015 година и изнесува €2,08 милијарди. Во исто време дивидендата по акција, која е предложена за собранието на акционери е зголемена за 11,1%. Вкупната дивиденда која ќе се подели изнесува €1,24 милијарди.

„Групацијата ја заврши годината со одлични резултати кои ја потврдуваат јачината на нашата стратегија и ефективноста на нејзината имплементација. Оперативните резултати достигнаа најдобри перформансии било кога, благодарение на доброто работење и во двата сектора, живот и имот&несреќи, водени од понатамошни унапредени нехнички перформанси и поголема дисциплина на  оперативните трошоци, додека нето профитот и дивидендата се на најдобра ниво во последните 9 години“, изјавија од компанијата.

БПП е во пад од 3,9% во однос на 2015 година и изнесува €70,51 милијарда. Секторот на осигурување имот&несреќи со €21 милијарда е во пораст од 2,5%, додека на животното осигурување полисирани се €49,73 милијарди или 6,3% помалку во однос на 2015 година.

 

Сава Ре отплати дополнителни €12 милиони од позајмиците од 2006 и 2007 година

Словенечкиот реосигурувач Сава Ре исплати номинални €12 милиони од вкупно позајмените €32 милиони во 2006 и 2007 година. Позајмицата беше искористена за фининсиска поткрепа на планот на ширење на компанијата во државите од бивша Југославија. Заедно со €8-те милиони вратен долг од номиналната сума, кои компанијата ги исплати во 2014, од Сава Ре очекуваат дека предвреме ќе ја вратат позајмицата која имаат можност да ја враќаат до 2027. Според актуелниот план, последните €12 милиони компанијата очекува да ги врати во јуни оваа година.

Од словенечката компанија изјавуваат дека „по исплатата на овој долг, Сава Ре и Сава Ре групацијата ќе го одржат висококото ниво на солвентност според сегашните загони“.

 

UNIQA групација во Македонија остварила добивка пред оданочување од €700.000

Австриската осигурителна групација UNIQA издаде соопштение за работењето на нејзините ќерки фирми на просторите на Централна и Источна Европа.

Македонија е една од земјите во кои компанијата работела со профит. Во 2016 профитот пред оданочување изнесува €700.000, исто како и една година претходно, иако вкупната БПП е зголемена за 4%.  БПП во секторот неживот е во пораст од 2% и достигнува €11 милиони, додека животното осигурување е во пораст од 22% со БПП од €1,2 милиони. Значаен раст компанијата остварила и во секторот на приватно здраствено осигурување, каде полисирани се €300.000, 15% повеќе од 2015 година.

Одлични вести за профитот на компанијата доаѓаат и од пазарот во Србија. Таму загубата од €100.00 од работењето во 2015, минатата година ја претвори во профит пред оданочување од €1,5 милиони иако е забележан пад на вкупната БПП од 14%, која достигнува €42,6 милиони. Секторот неживот полисирал €23,4 милиони (25% помалку од 2015 година), додека секторот живот на крајот од 2016 имал БПП од €14,9 милиони (1% помалку).

Пад на БПП има и во Хрватска (14%), во која се полисирани најмногу премии од земјите на бивша Југолсавија (€75,1 милиони). Хрватска ќерка фима исто така може да се пофали со најбалансирано портфолио, што е карактеристика на целата групација. На крајот од 2016 година секторот неживот имал полисирана премија од €39,4 милиони, што е 33% помалку во однос на 2015 година, секторот живот имал €30,8 милиони (33% помалку), додека полисираната премија за приватното здраствено осигурување од €5 милиони е во раст од 40%

Двете црногорски ќерки фирми на групацијата оствариле вкупна загуба од €600.000 пред оданочување и полисирале премија во износ од €12,3 милиони, 1% помалку од 2015 година. UNIQA nezivotno osiguranje имало €9,6 милиони БПП, додека UNIQA zivotno osiguranje  €1,8 милиони (6% помалку). Како и во повеќето земји од регионот и во Црна Гора забележан е двоцифрен раст (23%) на БПП (€800.000) за приватното здраствено осигурување.

Во неповолните услови за работење на косовскиот пазар, компанијата од профите од €400.00 во 2015 година, минатата година завршила со загуба од €1,8 милиони. Загубата е проследена со пад од 16% на вкупната БПП (11,3 милиони). Неживотното осигурување е во надолен тренд од 14% (€8,1 милион), додека животното осигурување има 22% помала БПП (€800.000). Негативни бројки бележи и приватното здраствено осигурување со вкупна БПП од €2,4 милиони, 22% помалку од 2015 година.

Романскиот осигурителен пазар исто така донесе загуба на групациајта. Загубата од €2,4 милиони од 2015 година, во минатата е зголемена на €5,7 милиони. Меѓутоа овие бројки се показател дека компанијата е во континуирана инвестиција бидејќи вкупната БПП од €117 милиони, а и во секој од три сектори поединечно, е во пораст (27%). Неживотното осигурување има зголемена БПП од 30 % (€106,2 милиони), животното осигурување од 5% (€10,6 милиони), додека приватното здраствено осигурување има скок од 70% (€300.000).

UNIQA ја заврши 2016 година како водечка компанија на босанскиот осигурителен пазар. Во минатата година забележан е раст на БПП од 10% (€29,9 милиони). Речиси половина отпаѓа на секторот неживот (€13,3 милиони), кој бележи раст од 13%. Секторот на животно осигурување успеал да полисира 7% повеќе премија (€16,5 милиони) во однос на 2015 година.

Во земјите од соседството, каде групацијата има свои рпетставништва, бугарскиот осигурителен пазар донел 60% зголемена добивка пред оданочување (€800.000), иако БПП на годишно ниво останала непроменета во однос на 2015, €57,6 милиони. €27,8 милиони отпаѓаат на неживотното осигурување, додека за €29,7 милиони заслужен е секторот на животно осигурување.

И оваа година, најдобрите резултати компанијата ги остварила на албанскиот осигурителен пазар. Добивката пред оданочување е речиси удвоена, од €2,6 милиони во 2015 година, на €4,8 милиони во 2016 година. БПП е исто така во пораст (6%) и достигнува вкупни €33,6 милиони, од кои €27,4 милиони се во секторот неживот, додека €4,3 милиони припаѓаат на секторот живот и дополнителни €2 милиони на приватното здраствено осигурување.

 

Во 2016 Во Грција полисирана е поголема премија за животно отколку неживотно осигурување

Според последните објави на Грчката асоцијација на осигурителни компании (HAIC), осигурителниот пазар во јужниот сосед минатата годината ја завршил со €3,78 милијарди прилив од премии, што е раст за 4,8% во однос на 2015 година. Во оваа асоцијација членуваат 56 компании кои имаат 97,1% од уделот на пазарот.

Раст бележат и двата главни сектора на осигурителниот пазар. Животното осигурување е во пораст од 6,1%, со премија од €1,91 милијарда, додека неживотното осигурување бележи двојно помал раст (3,1%) со остварена премија од €1,87 милијарди.

„Сработеното на осигурителниот пазар во Грција создава задоволство за изминатата година и оптимизам за следната. Во исто време, политичката и економската неизвесност и нестабилност во соседството, директно и индиректно продолжува да влијае на приливите во бизнис секторот, додека ниските каматни стапки и зголемените побарувања од супервизорските рамки не дозолуваат комоција, туку будност и постојано прилагодување на нови услови и предизвици. Покрај неповолните економски услови во последните години, осигурителниот пазар се приспособи одлочно и неговиот требд на раст ќе продочжи и во 2017“. изјави  Мр. Д. Мазаракис, претседателот на асоцијацијата.

 

Прв пат по 15 години домаќинското осигурување во Германија е во плус

За прв пат по 2001 година германскиот осигурителен пазар за домаќинства ја заврши годината со профит. Според извештајот на Асоцијацијата на германските осигурувачи (GDV) oдносот на загубите и премиите во 2016 година изнесувал 97% (во 2015 година беше 101,4%). БПП за осигурување на домаќинства во минатата година достигнала вредност од €6,8 милијарди, додека исплатени биле штети во висина од €4,7 милијарди. Главната причина за позитивниот комбинираната стапка е тоа што во втората половина од годината во Германија не се случија негои големи природни катастрофи со високи осигурителни покритија.

Осигурувањето на имот достигнало €18,6 милијарди. Тоа е 3,5% повеќе во однос на 2015 година. Профитот на овој сектор се очекува да биде околу €300 милиони.

Генерално осигурителните компании во секторот на осигурување на домаќинства и незгоди оствариле 2,8% удел од вкупните €66,2 милијарди во 2016 година. Минатата година сите сектори оствариле добивка. Комбинираната стапка на целокупниот осигурителен пазар во Германија се очекува да биде 96%.

Осигурувањето на возила во минатата година остварило раст од речиси 3% и изнесува €25,9 милијарди. Но, исто така во пораст се и услугите за 4% и нивната вкупна вредност е €22,7 милијарди. Овој сектор годината ја завршувило со профит од околу €300 милиони.

 

Се продава НЛБ нов пензиски фонд

Се продава НЛБ Нов пензиски фонд, кој е во сопственост на словенечката НЛБ групација.
Информацијата за продажба е објавена на Македонската берза преку писмо со кое НЛБ Љубљанска бара потенцијални инвеститори за купување на фондот. Сопственици на фондот со 51 отсто акционерски капитал е НЛБ Љубљанска банка, а останатите 49% се во сопственост на НЛБ Банка АД Скопје, која е пак фирма ќерка на НЛБ Љубљанска.
Од НЛБ Нов пензиски фонд велат дека се работи за легитимна одлука на централата, што нема влијание врз рабоатат на фондот.

Од Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување МАПАС велат дека засега немаат добиено известување од банката, и посочуваат дека дека продажбата нема да влијае врз сигурноста на осигурениците во вториот и третиот пензиски фонд со коои управува НЛБ групацијата.

„Од групацијата немаме добиено барање за дозвола, но очекувам набрзо да излезат со официјално соопштение, и да испратат официјални дописи до нас. Ова нема ников ризик за членовите на фондот, оти работењето на пензиските фондови не е споено со друштвото. Друштвото може да се продава, да се спои со други друштва, ама фондот е одвоен од друштвото“, вели Булент Дервиши од МАПАС.

Според податоците од МАПАС, во вториот задолжителе и во третиот доброволен пензиски фонд на НЛБ има вкупно 207.106 членови. НЛБ Нов пензиски фонд управува со околу 370 милиони евра. НЛБ Тутунска банка важи за една од најсилните банки во земјава и се смета за еден од најпрофитабилните делови од словенечката групација.
Текстот е превземен од 24vesti.mk

Ќе се продаваат ли државните акции во Кроација осигурување?

Владата на Хрватска е близу до одлука за продажба на својот преостанат удел во Кроација осигурување. Станува збор за пакет акции кои сочинуваат 30% од уделот на компанијата. 28,65% акции поседува Центарот за реструктурирање и продажба (поранешна Агенција за управување со државен имот), додека 2,65% се во власништво на Државната агенција за осигурување на штедни влогови и санација на банки. Според наводите веќе е испратено и писмо од потенцијален ивнеститор кој е спремен да инвестира стотина милиони евра. Адрис групацијата, која е споственик на мнозинскиот пакет акции, и понатаму стои како главна заинтересирана странка за да ги откупи преостанатите државни акции.

Поради овие шпекулации Загрепската берза ги назначи акциите на Кроација осигурување во категорија „под надзор“.

Вкупниот приход на Кроација осигурување во 2016 година беше нешто помалку од €440 милиони, додека вкупните расходи достигнаа €415 милиони. Кроација осигурување минатата година ја заокружи со нето добивка од близу €35,5 милиони, што е трократно зголемување во однос на добивката од €11,1 милиони во 2015.

 

Граве осигурување го превзема VGT osiguranje Visoko

Граве осигурување стана сопственик на 95% од акциите на VGT osiguranje Visoko, кое во 2016 годинам со остварена премија од €13,04 милиони, имаше удел од 5,72% на домашниот осигурителен пазар. Со оваа зделка од Граве очекуваат преку ефектот на синергија и Cross-Selling потенцијалот, да го зголемат својот удел на пазарот кој во 2016 година изнесуваше 7,26%.

„Со ова покажуваме дека ние и понатаму сакаме да вложуваме во овој регион и првиот озбилен чекор во тој правец е купувањето на VGT osiguranja“, изјави Othmar Ederer, генералниот директор на Grazer Wechselseitige Versicherung AG. „За разлика од развојот во Австрија, каде почнавме со имотно, па автомобилско осигурување, па дури после тоа со животно, во овој регион прво го имавме осигурувањето на живот, а потоа на имот и на крај автомобилското.“ додава Ederer.

Халим Жукич, досегашниот сопственик на VGT, уверен е во успешното превземање. Тој вели дека „ова е голем чекор за уредувањето на пазарот и зајакнувањето на осигурителната индустрија во БиХ. За нас важно е да продажбата не донесе до загуба на квалитетот на услугите.“

 

Босанскиот осигурителен пазар во раст од 6,42%

На осигурителниот пазар во Босна и Херцеговина, 27-те компании имале прилив од премии во висина од €324,2 милиони, што е зголемување во однос на 2015 година за 6,42%.

Во пораст се и дваа сектора, неживотното и животното осигурување. Во нживотното осигурување приливот е зголемен за 6,89% и изнесува €258 милиони, додека во секторот на животно осигурување растот е 4,64%.

На територијата на Република Српска, четири од петте најголеми компании работеле со профит (Дрина осигурување, Нешкович осигурување, Граве осигурување и Дунав осигурување), додека една компанија годината ја завршила со загуба (Винер осигурување). Најголема добивка остварило Нешкович осигурување, во висина од €3,83 милиони, додека Дрина осигурување остварило најголема полисирана премија во висина од €2,25 милиони. 2016 година донесе голем скок во добивката (41,5%, €920.000) на Граве осигурување Бањалука. Винер осигурување иако во 2016 година има загуба од €2,86 милиони, се уште е водечка компанија на овој дел од пазарот, кој е во раст од 9,38%.

Во федералниот дел на Босна и Херцеговина осигурителниот пазар е во пораст од 5,23%. Водечка компанија е Уника осигурување, со удел на пазарот од 9,22%.  Ланскиот прилив на премија од €29,8 милиони, што е за 9,84% повеќе во однос на 2015 година.

 

2016 заврши со комбинирана загуба на косовскиот осигурителниот пазар од 23,9 милиони

Осигурителните компании кои работат на косовскиот осигурителен пазар 2016 година ја завршиле со комбинирана нето загуба од €23,9 милиони, што е три пати повеќе од нивната просечна загуба од €7,7 милиони во 2015 година.

Според извештајот на Централнта банка на Косово, БПП е во раст од 4,4% и изнесува €83,5 милиони. Секторот на неживотно осигурување бележи раст на премијата од 4,7%, додека кај секторот на животно осигурување премијата е во пад од 2,7%. Животното осигурување учествува со само 3,1% од вкупната полисирана премија.

Во 2016 исплатени се и €38,6 милиони на име отштета, што е 4,9% повеќе во однос на 2015 година.