Во Македонија се направени 10.000 полиси за животно осигурување во 2016

Изминатата година повеќе од €20 милиони се уплатени од страна на граѓаните на Македонија на име полиса за животно осигурување. Четирите осигурителни компании од овој сектор регистрирале 10.000 нови клиенти што претставува 20% раст во однос на претходната година. Иако официјалните податоци кои се објавени од страна на АСО се однесуваат само за првите три квартала и во нив е регистрирана уплата од вкупно 825 милиони денари на нешто повеќе од 8.000 полиси, од Uniqa life, Граве осигурување, Winner Life и Кроација осигурување – живот очекуваат дека во финалниот извештај за 2016 ќе се потврдат нивните бројки за раст од 20% и уплатена премија од 20 милиони.

Во периодот од 2014 до 2016 година просечната премија за животно осигурување, по глава на жител, е речиси удвоена. На почетокот од 2014 година таа изнесувапе €5, додека сега е околу €10 по глава на жител. Растот на животното осигурување е двоцифрен уште од 2007 година. Со тоа тој претставува еден од ретките бизниси кои во изминатиот десетгодишен период на економска и политичката криза има постојан двоцифрен раст.

Најчесто луѓето се одлучувале да склучат ваков договор за да ја осигураат својата иднина во случај на непредвидени настани. Но, исто така, често причината е штедниот карактер на овие полиси. Имајќи предвид дека по нивниот истек имаат загарантирана исплата, која може да порасне со профитот кој компанијата во меѓувреме го остварува инвестирајќи ги нивните пари, голем дел од осигурениците во Македонија гледаат начин за солидна заштеда во овој тип на полиси.

Повеќето од луѓето порано се решаваат да штедат на продукти кои им носат профит преку каматата на орочените пари. Сепак, постојаниот пад на каматните стапки ги мотивира луѓето да размислуваат за друг продукт на штедење во кој покрај заштедата, ќе имаат придобивка и во осигурувањето, што го прави животното осигурување сѐ поатрактивен и попривлечен на пазарот.

Карактеристично за македонскиот осигурителен пазар изминатата година е што полека почнуваат да стануваат атрактивни и полисите за животно осигурување кога инвестицискиот ризик е на товар на осигуреникот, т.н. unit-link. Иако само една компанија има регистрирано ваков продукт, во првите три квартала склучени се 1.046 вакви договори. Ваквиот позитивен фидбек од теренот ги натера и останатите комапнии забрзано да работат на регистрацијата на нетрадиционално животно осигурување. Според сознанијата на осигурајсе.нет во скоро време на пазарот се очекува да има понуда на unit-link полиси од Uniqa life и Кроација осигурување – живот. Од интервјуто со директорот на Граве осигурурвање, Марко Микиќ, може да се заклучи дека тие ќе се единствена компанија која ќе остане резервирана во понудата на ваков тип на договори на македонскиот осигурителен пазар.

 

Животното осигурување во Турција со раст од 34%

Според првичните податоци на Турската асоцијација на осигурувачи (ТЅВ), вкупната БПП во 2016 на турскиот осигурителен пазар ја надмина вредноста од €11 милијарди. Овој осигурителен пазар доживеа бум со раст поголем од 30% во однос на претходната година. Бројките од извештајот на ТЅВ покажуваат дека осигурителниот сектор е во пораст од 20,2%, додека годишната стапка на инфлација изнесуваше 8,5%.

Неживотното осигурување во вкупната БПП учествувало со 87,6% со вкупно близу €9,8 милијарди. Споредено со 2015 во овој сектор има раст од 30%.

Животното осигурување со нешто повеќе од €1,25 милијарди исто така е во значителен раст од 34% спроедено.

Од шеесетте компании кои се дел од асицијацијата, најголема премија полисирала ALLIANZ Sigorta со вредност од €1,6 милијарди, што е 14,3% удел на пазарот. Втора компанија спроед удел ANADOLU Sigorta исто така има двоцифрен удел (11,1%), а на третото место е AXA Sigorta (8,8%).

Осигурување Македонија и ЕЛЕМ потпишаа договор од 410 милиони денари

Од Осигурување Македонија, соопштија дека со ЕЛЕМ е потпишан договор вреден 410 милиони денари. Договорот е во траење од две години..

Во објавата на Македонска берза, се наведува дека договорот е резултат на понудата која е доставена на тендерот за доделување на договор за јавна набавка на услуги во осигурување. Преку оваа постапка од ЕЛЕМ беа побарани понуди за девет услуги за осигурување, а Осигурување Македонија добија договори за осум од нив, не наведувајќи за кои категории се работи.

 

16% раст на животното осигурување на почетокот од годината во Хрватска

Дваесет и трите осигурителни компании (по спојувањето Sunce osiguranje и Agram Life на крајот од 2015) кои работат на осигурителниот пазар во Хрватска, во 2016 полисирале премија во висина од €1,17 милијарди, што претставува минимален раст од 0,42% во однос на претходната година. Според извештајот на Хрватското биро за осигурување (HUO) во сегментот на неживот има раст од 0,91%, додека секторот на животно осигурување годината ја заокружил со пад од 0,55%. Вкупната полисирана премија во неживот изнесува близу €775 милиони, додека на полиси на животно осигурување полисирани се €387 милиони. Водечка компанија со удел од 25,9% е Кроација осигрување, следена од Allianz (12,74%) и Euroherc (9,62%).

Трендот на раст продолжува и оваа година. Во јануари полисирана е за 3,21% поголема премија со вкупна вредност од €120,3 милиони.

Растот во јануари најмногу се должи на животното осигурување каде полисираната премија изнесува €29 милиони, што споредено со јануари во 2016 е 16% повеќе. БПП во сегментот неживот исто така има раст, минимален од 0,32%.

 

Косовскиот осигурителен пазар со раст од 3,1%

2016 година на косовскиот осигурителен пазар полисирани се вкупно €81,1 милиони, што претставува годишен раст од 3,1%. Според податоците од извештајот на Централната банка на Косово (CBK), спротивно на порастот на полисираната премија, исплатената штета се задржала на нивото од претходната година и изнесува €39 милиони.

56% во вкупната БПП учествува осигурувањето од автоодговорност и во овој сегмент забележан е раст од 5,5%. Од задолжителнтие осигурувања, 8,5% во вкупната БПП удел има зелениот картон.  Останатите ~35,5% отпаѓаат на останатите незадолжителни осигурувања од секторот неживот, кои бележат двоцифрен раст од 13%.

Треба да се напомене дека бројките претставени од CBK ја отсликуваат само активноста на осигурителните компании во овој сектор.

Од Адрис демантираат дека ќе го превземат Дунав осигурување

SEEbiz од нејзини добро упатени извори објави дека Адрис групацијата покажале интерес да го купат Дунав осигурување. Кристина Миљавац, од секторот на Адрис за комуникација со јавноста, изјави дека „нови околности нема, можеме само да потврдиме дека на нас, како и во сите наши други бизниси, така и во осигурувањето, цел ни е да станеме лидери во регионот. Со органскиот раст, не исклучуваме можност и за аквизации на тој дел од работењето.“

Од оваа изјава на на Миљавиц не може да се одреди ставот на Адрис групацијата. Поради тоа уште повеќе се подргреаа шпекулациите и го примора портпаролот на групацијата да даде нова изјава за SeeNews во која за наводите дека Адрис е спремна за аквизација на Дунав ги дефинира како неточни. „Тоа е шпекулација“, јасен е во ставот порпаролот.

Според првите проценки, владата на Србија за Дунав осигурување се очекува да поабра €110 милиони. Компанијата после подолг период повторно се врати на позитивните бројки и во првите девет месеци од минатата година направи нето добивка од 1,17 милијарди динари задржувајќи ја лидерската позиција според висината на вкупната премија со удел на пазарот од 27,4%. Исто така Дунав се и лидери спроед решавање на штети со удел од 26%, додека вредноста на ликвидираните штети изнесува 6,9 милијарди динари.

 

Сава Ре групацијата ја заврши годината со очекуваниот профит и минимален раст на БПП

Според првичните резултати, Сава Ре групацијата остварила 490 милиони бруто полисирана премија во 2016, со што остварен е раст од 0,8% во однос на 2015. Покрај тоа што е надмината очекуваната БПП за 0,4% исто така од групацијата изјавуваат дека „на крајот од годината резултатот ќе биде многу близу до планираниот профит“.

Неживотниот сектор на домашниот пазар во Словенија претставен со Zavarovalnica SAVA, полисал вкупно 256 милиони, со што остварен е раст од 2,4%. Секторот на животно осигурување во Словенија, претствен со Zavarovalnica SAVA и  MOJA nalozba, годината ја заокружил со БПП од 80 милиони, што е пад од 0,2% во однос на 2015.

Надвор од домашниот пазар, неживотното осигурување е во раст со 4,8% со остварена БПП од 55 милиони, додека секторот за животно осигурување полисирала за 10,9% поголема премија во висина од 7 милиони. „Исклучувајќи го пазарот во Косово, каде премијата продолжува да се намалува со мали стапки, во останатите пазари осигурувањето е во раст за околу 8%.“

Секторот на реосигурување во 2016 полисирало премија од 93 милиони, што е намалување за 5,4% во однос на 2015. „Падот е резултат на помалата сума од приливот од премии кои компаниите од Јужна Кореја поради реструктуирањето на нивните програми. Се уште Јужна Кореја за нас останува важен осигурителен пазар и нажата соработка со партнерите од овој регион останува стабилна и долгорочна.“

Сава Ре оствари раст на неколку странски пазари: Азискиот пазар (вклучувајќи ја Јужна Кореја) 12%, афричкиот пазар 29% и во Латинска Америка (исклучувајќи ја Панама) просечен раст 13%.

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ЗАШТИТА НА ПОСЕТИТЕЛИ ПОМЕЃУ Р.МАКЕДОНИЈА И Р.БУГАРИЈА

Според Планот за работа на Националното биро за осигурување за 2017 г., на 24.01.2017 г. бешепотпишан Договор за заштита на посетители (Основен договор) помеѓу Нациоанлното биро заосигурување на Р.Македонија и Националното биро на осигурувачите на моторни возила наР.Бугарија. Договорот стапува на сила на 01.02.2017г.

Со оглед на честата фрекфенција на возила во двете држави, по иницијатива на Националното биро заосигурување на Р.Македонија, беше потпишан Договорот за заштита на посетители со Националнотобиро на осигурувачите на моторни возила на Р.Бугарија. Договорот го потпиша, во име наНационалното биро за осигурување на Р.Македонија, генералниот директор, гн Трајче Латиновски, аво име на Националното биро на осигурувачите на моторни возила на Р.Бугарија, гн Орлин Пенев, претседател на Бирото.

Потпишаниот Договор ќе претставува големо олеснување за граѓаните на Р.М. кои патуваат во Р. Бугарија. Имено, доколку им се случи сообраќајна незгода во која е виновно возилото од Р.Бугарија, по првично спроведените постапки на лице место и по враќањето во Р.Македонија, можат да се обратат во Националното биро каде ќе добијат напатствија и помош во остварување на своето право за надомест на штета.
Со овој Договор, граѓаните на Р.М. кои патуваат во Р. Бугарија, при евентуална штета заштедуваат време и средства за остварување на своите права во Р.Бугарија.

Превземено од НБО.

Комисијата за финансиска супервизија ги објави резултатите од спроведениот стрес тест

Комисијата за финансиска супервизија во Бугарија (FSC) во објавените резултати од спроведениот стрес тест заклучува дека пензиските фондови како и балансите на осигурителните и реосигурителните компании се стабилни.

FSC во извештајот објавен на својата веб страна нагласува дека Бугарскиот осигурителен сектор останува над 100% од потребите за минимум капитал. „Прегледот на балансите на осигурителниот сектор остануваат со среден сразмер на солвентност (SCR) од 154% и сразмер на просечно минимално капитално побарување (MCR) од 308% за поединечни институции пред влијанието на процедурите за постојаност.“, изјавуваат од FSC. „По проверката на постојаноста спроведена од проектен менаџер, средниот SCR сразмер е 157%, а просечниот MCR размер е 313% за поедини институции. SCR за неживотното осигурување е 147%, а MCR е 333%, додека кај животното осигурување SCR е 235%, а MCR изнесува 238%. SCR за групации изнесува 107%, додека MCR сразмерот е 187%. Со ова се потврдува дека сите се над потребниот минимум“, додаваат од FSC.

Според регулаторот тринаесет компании имаат недоволни сопствени фондови за да ги покријат SCR и MCR сразмерите. Тие компании имаат MCR дефицит од приближно 12,8 милиони и вкупен SCR од 25,6 милиони. „Треба да се нагласи, дека овие дефицити се релативно мали во однос на капиталните побарувања и расположливите сопствени фондови во осигурителниот сектор се според средниот сразмер на SCR се 610 милиони, а треба да бидат 970 милиони.“

Од компаниите присутни на македонскиот пазар, мајката фирма на Евроинс, Euroins Insurance Group, се јавува во две од трите категории кои се предупредени од FSC. Кај оваа компанија се забележува на недоволна покриеност на SCR и за MCR.

Сепак од FSC изјавуваат дека дел од осигурителните компании веќе спровеле одредени чекори со кои се надополнети дефицитите. Во Euroins Insurance Group спроведени се серија на активности со кои е зголемен капиталот и како резултат на тоа не се потребни дополнителни мерки за консолидирање.

 

Eurohold ги спојува Euroins Health Assurance со Euroins Insurance Group

Од Eurohold Bulgaria групацијата соопштија во петокот дека прават фузија на Euroins Health Assurance со Euroins Insurance Group (EIG). Постапката на спојување е во фаза на одобрување од финансиската комисија за супервизија. „Со ова спојување, капиталот на EIG Re дополнително ќе се зголеми и спојувањето на компаниите ќе произведе значаен капитален ублажувач, вредност со која ќе се надминат во голема мера минималните законски побарувања за солвентност.“

Дополнително во соопштението се наведува дека капиталот на Eurohold Bulgaria е покачен на €117,4 милиони. Дел од капиталот беше пренасочен за зголемување на капиталот на својата ќерка фирма EIG, кој порасна од приближно €90 на речиси €240 милиони во 2016. €22,5 милиони беа искористени за зајакнување на романската филијала на Euroins, а дополнителни околу €7 милиони беа искористени за да се помогнат бугарските ќерки фирми Euroins Insurance, Euroins Life Insurance, Euroins Health Assurance и EIG Re