GDV: Германскиот осигурителен пазар го очекува минимален раст од 1%

Германската асицијација на осигурувачи (GDV) ги објавија проценките за германскиот осигурителен пазар за 2017 година. Се очекува во неа да се оствари раст на премијата за најмалку 1%, што би било подобрување во однос на ланските 0,2%, кои беа најмалиот раст забележан во последните пет години. Од GDV анализираат дека и годинешниот ралативно мал раст и ланскиот најслаб раст се должи на ниските каматни стапки.

2017 треба да донесе успорување на падот на животното осигурување, односно намалувањето на премијата би требало да биде само 0,5%, споредено со ланските 2,2%. Вториот сектор, осигурувањето на домаќинства и незгоди, треба да донесе раст од 2,1% и тоа би значело успорување во однос на 2,9% од 2016.

2016 членките на GDV ја завршија со вкупна премија од €194,2 милијарди.

Perils за четири пати ја зголеми првичната проценка за штетата од земјотресите во централна Италија

Агенцијата за моделирање на ризици Perils AG соопшти дека штетата предизвикана од серијата земјотреси од крајот на октомври, кои ја погодија централна Италија, ќе биде четири пати поголема од првата проценка соопштена од агенцијата. Според новата проценка штетата на домаќинствата ќе изнесува 125 милиони, а не 31 милион како што објавија на 07.12.2016.

Земјотресите се случија во периодот од 26.10 и 30.10 и ги погодија регионите на Lazio, Marche и Umbria. Неодамна овој регион беше погоден од нови земјотреси. Ќе биде многу тешко да се одреди штетата од последните земјотресибидејќи повеќето од градбите се оштетени или делумно урнати од претходната серија земјотреси.

Allianz постигна партнерски договор за дистрибуција на неговите производи во Азија

Германската осигурителна компанија Allianz и меѓународната банка Standard Chartered Bank, со седиште во Лондон, објавија денес дека склучиле 15-годишен договор за соработка. Според договорот банката ќе може да дистрибуира производи за неживотно осигурување на Allianz, на азискиот осигурителен пазар. На овој начин Allianz добива партнер кој ќе ги нуди неговите производи во Хонг Конг, Сингапур, Малезија, Индонезија и Кина.
Банкарското осигуруавње е главниот фокус за Standard Chartered и овој договор ја зголемува понудата на нивните клиенти. Производите ќе бидат нудени преку филијалите на банката, но и преку интернет.
Според информациите од Ројтерс, се проценува дека на азискиот осигурителен пазар, во следните четири години, потребата за неживотното осигурување ќќе порасен за 10.8%.

Над 300 граѓани измамени со вториот пензиски столб

Реформата во пензискиот систем оштети над 300 граѓани кои по исполнување на старосната граница ќе имаат драстично помала пензија од таа што им следува. Штетата им била нанесена откако се зачлениле во вториот пензиски столб без да бидат информирани за последиците.

Tројца од нив веќе се пожалиле до народниот правобранител. Имаат по 64 години и најмалку 15 години работен стаж, но биле шокирани кога добиле решенија за понизок износ на пензија. Од канцеларијата на народниот правобранител велат дека е доведена во прашање целата реформа.
„Пресметувајќи си ја пензијата согласно калкулаторот на ПИОМ очекувале повисока пензија. Сега не можат да добијат достојна пензија иако ги исполнуваат законските услови. Кога го анализиравме проблемот добивме впечаток дека е уште подлабок и дека се засегнати многу повеќе осигуреници. Карактеристично е што имаме ситуација која е на штета на граѓаните. Дали некој донел закон кој не е во полза на граѓаните? Зошто не биле направена анализа за можнте штетни последици од реформата?“ – прашуваат од канцеларијата на омбудсманот.
Дека 315 граѓани се оштетени со тоа што ќе примаат помала пензија од заработената, потврдуваат и од Агенцијата за супервизија. Но можно е бројката да се зголеми по анализата која е во подготовка.
„Ако има загуба тие луица ќе ги префриле на првиот пензиски столб, а тоа се граѓаните родени пред 1961 година“ – вели Булент Дервиши, директор на Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување -МАПАС
Од народниот правобранител се сомневаат дека бројот на измамени граѓани е поголем, но не се информирани за проблемот кој го имаат. Министерството за труд и социјална политика формирало работна група во соработка со пензиските друштва и МАПАС. Целта е штетата да се санира преку нови измени во законите за пензиско осигурување. Побаравме коментар и од пензиските друштва од каде очекуваме одговор. Во меѓувреме оштетени граѓани правдата си ја бараат и на суд.
Превземено од 24vesti.mk

Сингапурска осигурителнa компанија ќе ја исплати штетата за срушениот турски карго авион

Осигурителната куќа на авионската компанија чиј карго авион се сруши во Киргистан ќе ја исплати материјалната штетата за жртвите и настраданите во несреќата. Ова го изјави турскиот амбасадор во Киргистан Metin Kilic.

Од осигурителната компанија обезбеден е специјален фонд за надоместок на сите трошоци за хотелско сместување на сите оние кои ги загубија своите домови. Дополнително од компанијата ќе бидат измерени штетите за фамилиите на настраданите. Претставници на осигурителната куќа, авио компанијата и државни службеници ги проценувааат штетите и најавуваат дека на 23.1.2017 ќе ги дадат првите проценки за висината на отштетата.

Турскиот карго авион од типот Боинг 747, сопственост на ACT Airline, на 16.1.2017 се урна во селото Dachi, во обид за слетување на аеродромот Manas. Во несреќата настрадаа 39 лица, 19 домовои беа комплетно разрушени, а 7 домаќинства делумно беа оштетени.

Владата на Киргистан одлучи на секое семејство во кое има загинати или пворедени да се исплати отштета од државата во висина од околу €950, од фондот на претседателот ќе бидат исплатени по околу €1350 на фамилиите на настраданите, а од фондот на претседателот на парламентот по околу €1050.

2016 рекордна година за Винер осигурување во Македонија

Компанијата објави дека ја забележала најуспешната година во својата историја, во која покрај рекордната премија, приходи и профит, ја платиле и најголемата штета во историјата на осигурувањето во Македонија.

Од осигурителната компанија Винер – Виена иншуренс груп Скопје информираат дека ја завршиле деловната 2016 со рекордна премија која надминува 800 милиони денари, со што го оствариле најдобриот резултат во историјата, забележувајќи раст од речиси 2 милионa евра во однос на претходната година. Истовремено, продажната мрежа на компанијата достигнала бројка од 85 експозитури во сите градови во државата, кои лани вкупно опслужиле 120.000 клиенти во 2016 година.

Целиот текст можете да го причитате на mkd.mk

Дигитализацијата е закана за агентите во Азија?

Извршниот директор на Aviva, Mark Wilson, изјави дека бројот на осигурителни агенти во некои од азиските најразвиени осигурителни пазари може да се преполови, откако дигитализациајта започна да ги јаде нивните провизии.

Агентите, како дистрибутивен канал на некои од главните кинески лидери во осигурувањето, се корисни за да се избегнат контроли на капиталот, што беше основа за заработката на осигурувачите во Азија, вклучително и Хонг Конг, каде луѓето масовно купуваа полиси. Wilson, кој исто така е поранешен извршен директор на една од водечктие компании во Хонг Конг, AIA Group Ltd, изјави дека бројот дополнително ќе опаѓа бидејќи искусните агенти полека ги достигнуваат годините за пензија. Неговите изјави се спротивни на политиката на конкурентската компанија Prudential Plc, кои годиншно во Азија генерираат околу половина од нивната заработка, поголем дел преку 500.000 добро обучени агенти.

„Најголемиот дел од азискиот раст е на грбот на агентите. Но, нивната ера на повеќето од тие пазари е завршена; имате превисоки провизии и остарена агентска сила“, дополнува Wilson.

Типична провизија за 20 годишна полиса за животно осигурување се движи од 100 до 160% и се исплатаќа во првите пет години. Според истражувањето на консутлантската куќа EY, просечната возраст на агентите е околу 45 години, а најуспешните агенти се близу до 55 години.

Во Кина агентите се соочуваат со дополнителни ограничувања. Регулаторите им забрануваат на Кинезите да купуваат осигурување преку агенти од Хонг Конг, со што ќе се спречи одлив на средства, која според Bloomberg проценето е дека изнесува $1.000 милијарди годишно.

Wilson повикувајќи се на некои трендови посочува и дека финансиските советници ќе ги заменат агентите и продавачите на осигурување. Британска компанија, која го раскина договорот за банкарско осигурување со Singapore’s DBS Group Holdings Ltd во 2015, лансираше финансиско – советничка компанија која започна со работа со 280 поранешни агенти за осигирување кои продаваа продукти за Aviva и конкуренцијата. Сега тие ја чинат Aviva 10% од тоа што понудија да го платат на DBS за да продава полиси.

 

Allianz и Intesa заинтересирани за аквизација на Generali?

Според пишувањата на италијанскиот весник La Stampa, најголемиот европски осигурувач Allianz SE и банката Intesa Sanpaolo SpA се заинтересирани за превземање на Assicurazioni Generali SpA. Портпаролот на Intesa за Bloomberg изјави дека банката не коментира шпекулации од пазарот. Исто така и портпаролот на  Allianz се воздража од коментари околу наводите на италијанскиот веснил.

 Слично како и пратходната шпекулација, каде како купувач се јави францускиот АХА и оваа шпекулација позитивно влијаеше на вредноста на акциите на италијанскиот осигурувач и донесе нивни раст од 5,25%.

Како и останатите европски осигурувачи, Generali се мачи да остане профитабилен во период кога повратот од инвестициите опаѓа и конкуренцијата прави притисок врз цените. Philippe Donnet, извршниот директор назначен во март миантата година, се обидува со кратење на трошоците и фокусирање на генерирање на кеш да ја подобри финансиската ситуација во

Бордот на оваа италијанска осигурителна куќа може ќе се сретне во следните неколку денови за да изгласа промена на шефот на финансискиот сектор Alberto Minali, додавајќи дека веќе се во тек преговорите за неговиот излез од компанијата. Портпаролот на Generali одби да ги коментира и овие наводи.

 

Euroins Romania го превзема портфолиото за неживот на ATE Insurance Romania

Eurohold Bulgaria издадодоа соопштение дека нивната ќерка фирма Евроинс осигурување Романија на 19.1.2017 потпишала догово за аквизација на портфолиото за неживотно осигурување на романската осигурителна куќа ATE Insurance Romania, која е ќерка фирма на грчката Piraeus Bank.

„Во портфолиото на неживотно осигурување на ATE Insurance Romania учествуваат осигурувања кои не се поврзани со осигурувања на возила, што одговара на нашите планови да имаме поразновидна палета на продукти на пазарот“, изјави извршниот директор на Euroins Romania Insurance-ReinsuranceMihnea Tobescu.

На почетокот од седмицата Euroins Romania објавија дека нивните приходи за премија се зголемени за 21,8% и изнесуваат €197,7 милиони. Оваа аквизација, која треба да биде одобрена од регулаторното тело, би требало да ја зајакне нивната позиција на пазарот.

Euroins е ќерка фирма на Eurohold групацијата и е активна на седум осигурителни пазари, меѓу кои и на македонскиот. Во Македонија остварени се приходи од премија во висина од €8,6 милиони за 2016, што е пад од 1,7% во однос на 2015.

Aviva го прифати трендот во Азија за онлајн продажба на полиси

Aviva потпиша договор со кој својата подружница во Хонг Конг, која има 160 годишна традиција, да го претвори во дигитален осигурувач. Со овој договор британскиот осигурувач се согласува да го продаде својот удел од подружницата во Хонг Конг, на кинеската интернет компанија Tencent и инвестициската компанија Hillhouse. Висината на зделката не се соопштува.

Фузијата треба да креира фокус на онлајн продажбата на животнот осигурување и инвестициски продукти во рамките на Хонг Конг. За Авива ова би требало да допринесе за остварување на нејзиниот план за зголемување на профитот на среднорочен план.  Одлуката за оваа трансформација тие ја темелат на проценките дека азискиот пазар, кој носи 7% од профитот на компанијата, е пазарот во кој има најголем потенцијал за брз раст.

На осигурителниот пазар за животно осигурување во Хонг Конг доминираат Prudential и AIA, кај кои најпродуктивен канал за продажба на полиси за животно осигурување е агентската продажба. Во моментов помалку од 1% од полисите за животно осигурување во Хонг Конг се продаваат дигитално. Целта на онлајн продажбата е да се прескокнат агентите, кои може да наплатат и до 160% од уплатената премија во првите пет години на дваесет годишна полиса.

 Вложувањето во Aviva не е прва инвестиција на Tencent во осигурителниот сектор. Групацијата претходно вложи во акции на Zhong-An, брзорастечката кинеска онлајн осигурителна куќа позната по неконвенционалните полиси како покритие за труење од алкохол или прекумерно топло време. Други кинески интернет групации исто така покажуваат ентузијазам за вложување во осигурителниот сектор. Во 2015, Baidu пребарувачот потпиша договор за соработка со Hillhouse Capital и Allianz за креирање на онлајн осигурувач во Кина.