Албанскиот осигурителен пазар продолжува со растот

Албанските осигурителни компании во првите 11 месеци полисирале вкупно 99,3 милиони бруто премија. Ова го соопшти националната агенција за финансиска супервизија (AMF). Оваа бројка претставува раст од 7,85% во однос на истиот период лани.

Како и во претходните извештаи, од вкпуната БПП, поголемиот дел отпаѓа за неживотно осигурување изнесува, 93%. Овој процент дополнително се зголеми, затоа што неживотното осигурување во овие единаесет месеци забележало раст од 8,7%, додека неживотното е во пад од 6,9%.

Регулаторното тело во извештајот соошти дека до ноември се направени вкупно 996.556 договори, што е за 1,7% повеќе од лани. Во пораст се и исплатените штети, за 21%.

Повикувајќи се на извештајот на AMF, водечка компанија во секотрот живот е Signal Life Uniqa Group Austria, која држи 66,4% од пазарот, следен од Sicred (23,1%) и Insig (10,5%). Кај неживотното осигурување Signal Life Uniqa Group Austria со 27,8% е водечка, додека од останатите компании кои имаат значаен удел присутни се Eurosig, Sigma Interalbanien Vienna Insurance Group, Intersig Vienna Insurance Group и Albsig.

По поплавите и земјотресите зголемен интерес за осигурување на имот

По серијата земјотреси и поплави годинава се поголем број на граѓани го осигуруваат својот имот. Бројот на продадени полиси за имот бележи пораст од 19 отсто кај физички лица, и 10 отсто кај правни. 86 отсто од полисите за осигурување на имот од поплави и земјотреси ги купиле граѓани, велат од Агенцијата за супервизија.

Штетите од поплавите ги чинеле осигурителните друштва 570 илјади евра. Додека во случајот со земјотресите за поголем број од пријавите немало никакво обештетување.
„Во сегментот на осигурување од поплава вкупниот број а продадени договори за осигурување пред две години, бил 22 683 договори за осигурување и заклучно со третиот квартал годинава имаме пораст од 46,59 проценти или продадени се во 2016 година,  33 252 договори со вклучен ризик поплава“ – вели Климе Попоски, од агенцијата за супервизија на осигурувањето.
Целиот текст прочитајте го на 24vesti.mk

2016 беше добра година за банкарскиот и осигурителниот сектор во Србија

Од Народната банка на Србија, 2016 ја оценуваат како добра година за банкарскиот и осигурителниот сектор. Банкарскиот сектор е ликвиден, а осигурувањето остварува добри стапки на раст.

„Имаме задволителни показатели во сите сегменти кај овие два пазара. Банкарскиот сектор е добро капитализиран и ликвиден. Пазарот на осигурување остварува стапки на раст карактеристични за пазари каде се препознава потенцијал и стапки се поголеми од банкарскиот пазар.“ изјави, Џорџе Јевтич, директор за надзор на финансиските инстутиции во НБС.

Тој, на заедничката седница на новиот одбор за банкарство и осигурување во Економската комора на Србија, додаде дека во оваа година немало никакви шокови кои се поврзани со кризата во Грција, како што тоа беше минатата година.

„Можеме да бидеме задоволни и со оптимизам ја очекуваме следната година“, заклучи Јевтич.

 

Групација Триглав со амбициозни планови за 2017

Триглав групација ги објавија плановите за 2017, како и стратегијата за периодот 2017-2020. Според плановите за 2017 од компанијата очекуваат да се продолжи стабилното и профитабилно финансиско работење кое ќе резултира со бруто добивка помеѓу €70 и €80 милиони. Од групацијата очекуваат консолидираната бруто полисирана премија (БПП) да биде околу €930 милиони.

Главните стратешки дејности ќе бидат осигурувањето и управување со недвижности. Целта на групацијата е до 2020 година, групацијата Триглав, на постоечките осигурителни пазари во југоисточна Европа, да биде водечки понудувач на иновативни производи за осигурителни услуги и управување со недвижности.

Групацијата планира да остане активна на шестте осигурителни пазари на кои работи во моментов, во кои ќе продолжи органски да се развива. Во случај на поволна можност, не се исклучува и аквизација на други локални компании. Одлуката да не го напуштат моменталниот осигурителен пазар во овие земји го објаснуваат со очекувањата дека на долгорочен план овие пазари ќе дожиевеат забрзан раст со што ќе се зголеми уделот на БПП надвор од Словенија во вкупната БПП на групација.

Компанијата својата позиција на овие пазари планира и понатаму да продолжи да ја развивапреку инвестиции во секторот осигурување, посебно во типот на осигурување каде се очекува најголем раст: животно, здраствено и пензиско.

„Себе се гледаме како современа дигитална осигурителна-финансиска групација со водечко место во регионот, препознатливо по бројните конкурентски предности кои дополнително ќе ги зајакнеме. При тоа сакаме нашето работење да остане финански стабилно и профитабилно“, изјави Андреј Слапар, претседател на Управата на групацијата.

 

Кроација осигурување ја превзема реосигурителната куќа Croatia Lloyd

Осигурителната куќа Кроација осигурување, објавија дека потпишале договор за аквизација на локалниата реосигурителна компанија Croatia Lloyd. Договорот е предаден до регулаторната комисија на одобрување. Ова доаѓа само неколку дена откако регулаторните тела одобрија Кроација осигурување да почне да работи во секторот на реосигурување на неживотните осигурувања.

Croatia Lloyd е компанија со 45 годишна традиција во реосигурувањето во Хрватска.

.

 

Allianz во преговори за аквизација на француските филијали на Generali

Според пишувањата на Bloomberg, германската осигурителна компанија Allianz е во преговори со италијанската конкурентска осигурителна куќа Assicurazioni Generali за превземање на нејзините француски филијали. Добро упатените извори на Bloomberg велат дека преговорите се одвиваат иако не е сигурно дали оваа аквизација ќе биде одобрена од регулаторите, што остава можност и до договор да не дојде.

Француските филијали носат околу 15% од вкупната БПП на италијанската куќа, што го прават трет нејзин најголем пазар, по Итталија и Германија.

За Allianz превземањето би значело додавање на €11 милијарди во премии, со што ќе се доближи на првите три осигурителни компании на пазарот во Франција. Извршниот директор на Allianz, Oliver Baete, изјави дека ќе ја разгледа можноста за откуп на овие филијали ако донесе соодветен профит за компанијата.

 

Во Грција животното осигурување остварило идентична БПП со неживотното

56-те осигурувачи кои работат на грчкиот осигурителен пазар остварил БПП од €2,79 милијарди за првите три квартали од 2016. Според извештајот на Грчката асоцијација на осигурителни компании (HAIC), ова е за 1,3% повеќе од првите девет месеци во 2015. 22 од овие компании се активни во секторот за животно осигурување, додека останатите работат во неживотното осигурување.

Учеството на животното и неживотното осигурување е речиси идентично. Животното осигурување забележа скок од 1,4% и оствари БПП од €1,39 милијарди, што е 49,7% од вкупната БПП. И неживотното осигурување е во пораст од 1,3%.

Осигурителниот пазар во Турција со раст од 32,1%

Трендот на порастот на БПП во земјите од регионот е одржан и во Турција. Во првите девет месеци од годината забележан е раст од 32,1% на БПП, споредено со истиот период лани. Според извештајот на Асоцијацијата на турските осигурителни и реосигурителни компании, остварена е вкупна БПП од €8,7 милијарди, од кои €3,4 милијарди отпаѓаат на животното осигурување. БПП во овој сектор е во пораст од речиси 21%. Неживотното осигурување е во пораст од 33,7%, најмногу поради речиси удвоената БПП во делот на осигурувањето од автоодговорност.

Од 61 активни осигурувачи кои се членови во асоцијацијата, најголема БПП е полисирана преку ALLIANZ Sigorta, ANADOLU Sigorta и AXA Sigorta. Овие три компании се заслужни за нешто повеќе од една третина од вкупната БПП.

Раст на осигурувањето во Бугарија

Централната банка на Бугарија издаде соопштени дека на крајот од третиот квартал, осигурителните компании во Бугарија достигнале актива од 3,3 милијарди, што е скок од 10,5% во однос на истиот период лани. Активата на компаниите во секторот на животно осигурување пораснале за 14,6% и достигнале 1,83 милијарди. Учеството на активата на компаниите од секторот за животно осигурување е 28,1% од вкупната актива, што е пораст од ланските 27,1%.

Активата инвестирана во земји членки на ЕУ скокна за 18,4% и на крајот од септември достгна 2,9 милијарди лева.

 

Zavarovalnica Triglav е водечки осигурувач во првите три квартала во Словенија

Според податоците објавени од Словенечката асоцијација на осигурувачи, до на крајот од третиот кваартал од 2016, во Словенија е остварена бруто полисирана премија (БПП) од €1,52 милијарди, што е раст од 0,2%. Животното осигурување е во пад од 4,9% со вкупна БПП од €397 милиони, а неживотното осигурување е во раст од 2,2%, спроедено со истиот период лани. Падот на животното осигурување пред сѐ се должи на падот на  unit-linked од 8,6%.

Сумата на исплатени побарувања е во пад од 0,7% и достигната е сума од €979 милиони.

Во делот на животното осигурување водечките три компании Triglav, Maribor и Adriatic Slovenica имале 56,85% учество од вкупниот пазар. И во делот на неживотното осигурување, Triglav е водечка компанија со удел од речиси 30%, следен од Vzajemna (18,45%) и Adriatic Slovenica (16.17%).