Две независни анкети алармираат за слабата заштита на бизнисите од сајбер напади

92% од најголемите европски бизниси претрпеле пробивање на базата на податоци, но само 42% од нив се загрижени за можноста од уште еден напад, покажува анкетата на Lloyd под наслов “Facing the cyber risk challenge“.

Оваа анкета можеби внесува немир земајќи предвид дека овие денови скоро секој бизнис, без оглед на локацијата и големината, се базира на дигиталната технологија. Според Lloyd дигитализацијата е од корист во насока на намалување на трошоците, зголемување на ефективноста и освојувањето нови пазари, но исто така бизнисот го прави ранлив поради можноста од сајбер напад. Од Lloyd истакнуваат дека „додоавањето дополнителна итност е стапувањето на сила на Општите регулативи за заштита на податоци (ОРЗП), во 2018, која ќе постави ригорозни барања за секој бизнис кој ги засега податоците на европските потрошувачи“.

Анкетата исто така покажа дека 97% од врвните менаџери кои биле интервјуирани се информирани за ОРЗП но само 7% од нив рекле дека се добро информирани, 57% од рекле дека знаат „малку“ или „ништо“ поврзано со новите регулативи, и покрај сериозните финансиски и правни последици од неусогласување со новите правила.
Според анализата на Lloyd, сајбер осигурувањето може да помогне на бизнисот не само со обезбедување финансиски надоместок, туку овозможува и постојано подобрување на безбедноста, пружа поддршка во кризниот период, обезбедува стручно советување за препознавање ризици и ранливост на ИТ-секторот на компанијата, што помага во дефинирање на безбедносната стратегија на компанијата.

Во моментов 65 осигурувачи на пазарот на Lloyd нудат сајбер осигурување, со комбиниран капацитет од £300 милиони, што е една четвртина од светскиот сајбер осигурителен пазар.

Како заклучок за студијата на Lloyd стои дека „сајберот е најкомплексниот  постоечки ризик со кој се соочуваат денешните бизниси и прашањето е кога, а не дали, некој бизнис ќе биде жртва на сајбер напад“.Сите сајбер инциденти (прекин на бизнисот, финансиски пенали, регулаторен надзор и нарушување на углед) се сериозна закана за приходите на бизнисот, вредноста на акциите, а во некои случаи можат да влијаат и на преживувањето на бизнисот. Резултатите од оваа анкета покажаа дека додека многу бизниси се чивствуваат комфорни во врска со нивната подготвеност за ОРЗП, нивното разбирање за импликациите е ниско и неодамнешните примери на сајбер напади говорат дека компаниите не се доволно спремни за сајбер-напади како што тие мислат.“

Уште еден голем осигурувач, Zurich Insurance Group, објави анкета повзрана со сајбер ризиците и подготвеноста на бизнисите да се справат со него. Позитивните резултати од анкетата на групацијата се дека само 10% од малите и средни бизниси изјавиле дека се премали за да бидат во ризик од сајбер криминал, наспроти 17% кои лани се произнесле како такви. Но само 5% одговориле дека имаат соодветен важечки ИТ-противмера како заштита од сајбер напад, што е пад во однос на ланските 8%. Од останатите резултати како поинтересни се издвојува дека 27% одговориле дека кражбата на податоците на потрошувачите е најголем сајбер криминал и 20% од нив сметаат дека тоа најбрзо растечки сајбер ризик, додека 20% од испитаниците биле загрижени дека тоа може да доведе до нарушување на угледот. 15% го оцениле крадењето на пари или заштеди како најголем ризик на сајбер криминалот и исто толкав процент сметаат дека е најбрзо растечки ризик. Најсвесни за сајбер ризикот се бизнисите во САД, додека најмалку засегнати се латиноамериканските. Во анкетата биле опфатени 2.600 мали и средни компании со најмногу 250 вработени, од повеќе земји во светот вклучувајќи ги САД, Турција, Швајцарија, Шпанија, Португалија, Мексико, Италија, Ирска, Хонг Конг, Германија, Бразил, Австрија и Австралија.

Труската влада го осигура најголемиот висечки мост во светот

Турската влада, преку JLT Turkey, осигурителна компанија од Турција, го осигураше од терористички напади и пожар мостот Yavuz Sultan Selim, кој е третиот нов мост преку Босфорот. Полисата била потпишана на една година со можност за продолжување. Според соопштението на Trend News Agency, која на својата веб страна го објави потпишувањето на договорот, осигурителната компанија е заинтересирана да осигура и други мостови. Цената на договорот не е соопштена, но се шпекулира од сума од $3 милијарди.

Мостот Yavuz Sultan Selim е во должина од 1,85 километри, ширина 59 метри и висина од 320 метри. Важи за најголемиот висечки мост во светот. Поради неговата локација, на само 35 километри од Северно анадолскиот расед, се наоѓа на локација со голема сеизмичка активност и висока изложеност на ризик.

На оваму претходеше поддршка од страна на Munich Re. Германскиот реосигурувал ја усвои водечката улога со удел од 40%. Експертите од инженерскиот одел на Corporate Insurance Partner беа вклучени и во преговорите околу условите на полисата, но и во мониторирањето на развојот на проектот и советување за менаџирање на ризикот. Полисата ги покрива штетите од природни катастрофи (ограничено покритите од земјотрес), лоша изведба, пожар, лоша конструкција и статутрарна одговорност, кое е продолжено на уште две години по истекот на договорот. Штетите од и трошоците кои ќе се појават како резултат на одложено пуштање во употреба, се исклучени.

Generali најавува повлекување од 13 до 15 земји

Третиот по големина европски осигурувач, Generali, е пред сериозно реструктуирање. Како што соопштија на Generali Investor Day 2016, групацијата планира да излезе од 13 до 15 пазари во кои не гледа потенцијал за свој нарпедок. Со изјавата „Сакаме да бидеме лидери секаде каде што правиме бизнис“,извршниот директор Philipe Donnet го започна излагањето. Тој додава дека „да се биде лидер не значи да се биде голем, туку профитабилен. Сакаме нашиот бренд да се препознава по совршеност и соврштеноста да стане наша опсесија“.

Излезот ќе биде направен од мешанани пазари, созреани и пазари во развој, Frederic de Courtois, извршен директор на Global Business Lines & International. Во неговото излагање не наведе ниту едно име, за кои конкретно пазари се мисли. Мониторирањето на малите компании кои продуцираат 5% од вкупната бруто полисирана премија на групацијата е макотрпно. Со нивна продажба, во Generali очекуваат прилив од 1 милијарда до 2018.

Процесот е веќе започнат со продажбата на бизнисите во Гватемала и Лихтенштајн, единствените земји кои моментално се споменуваат. Ќе продолжи на старите пазари што ќе знаи редукција на нето трошоци од 200 милиони. Реструктуирањето, интегрирањето и поедноставувањето ќе значи зголемување на ефикасноста и ефективноста бидејќи ќе се намали дуплирањето и преклопувањето во продукти, структури, системи и процесирање.

Bloomberg повикувајќи се на два извора запознати со темата објавуваат дека реструктуирањето на Generali ќе донесе и кратење на 8.000 работни места надвор од Италија. Групацијата брои вкупно 76.000 вработени. Од Generali сега за сега нема коментар во однос на овие сознанија.

 

Willis Towers Watson влегува на хрватскиот осигурителен пазар

Willis Towers Watson, една од водечките глобални групации за управување со ризици, посредување во осигурување и осигурување, како и советување во работењето, од неодамна започна да работи во Хрватска. Влезот на оваа компанија на хрватскиот пазар е резултат на спојувањето на групацијата Towers Watson и Willis на глобално ниво.

Во соопштението на групацијата се истакнува дека имаат „големи планови за Хрватска“. Нивниот моментален фокус е на посредување во осигурување и реосигурување, но во следните години имаат план да развијат понуди и во останатите сегменти.

Групацијата смета дека ова е идеален тајминг за влез на хрватскиот пазар, бидејќи преку посредувањето во осигурувањето и реосигурувањето лани се остварил промет од 76 милиони куни (~€10 милиони).

„Наша цел е да им го намалиме ризикот на нашите клиенти и така ги правиме поконкурентни. Од друга страна, низ пристап преку нашата глобална мрежа, на домашните осигурувачи им отвораме можности за креирање нови и покреативни производи, со цел проширување на нивната лепеза на осигурителни производи, и дополнително им нудиме можнсоти и за реосигурување.“, изјави Марко Штајдухар, извршниот ддиректор на Willis Towers Watson.

Willis Towers Watson е глобална групација која вработува повеќе од 39.000 луѓе во повеќе од 120 држави низ светот. Годишно остварува преку €7,76 милијарди приходи.

Vienna insurance group со позитивен биланс во неживотното осигурување во Македонија

Во вторникот, Vienna insurance group објавија дека профитот пред даночење за првите девет месеци од годината, преку нивнаите две претставништа во Македонија, Осигурување Македонија и Винер осигурување, е зголемен за 20,9% во однос на истиот период лани и изнесува €1,5 милиони.

Вкупниот раст на бруто полисираната премија во овој период е со раст од 9,2% и изнесува €21,2 милиони. БПП за осигуруваањето од автоодговорност има расто од 15,8% и достигнале €7,9 милиони, додека каско премиите се со вкупна вредност од €1,92 милиони, во пораст од 3,3%. И осигурувањето на домаќинства е во раст од 5,5% со достигнати €11,3 милиони БПП.

Групацијата бележи добар раст на БПП во неколку други земји, Унгарија (14,2%), Романија (30,9%), Турција/Грузија (15,6%).

Групацијата на сите пазари на кои е присутна остварила бруто добивка од 301,3 милиони. БПП премија во целата групација е во расст од 0,7%. Најголем раст се бележи во полисите за животно осигурување со еднократната (4,7%).

Триглав групацијата успешно ги преброди негативните настани и ниските камати во првите три квартали

Триглав групацијата со позитива на контото ги заокружи првите 9 месеци од 2016 и покрај предизвиците од неколкуте негативни настани во овој период и малите, па некаде и негативните, каматни стапки на финансиските пазари. Групацијата остварила добит пред оданочување од €68 милиони. Нето добивката за првите 3 квартала изнесува €54 милиони, од кои €48 милиони во матичното друштво.

Фактурираната консолидирана бруто премија достигнала €721 милиони, што е раст од 2% споредено со минатогодишната за истиот период од годината. Поединечно по сектори, премиите за неживотно осигурување се зголемени за 1%, на животното осигурување се во пад од 2%, најмногу поради високите суми исплатени за доживување на полисите. Премиите на приватното здраствено осигурување се покачени за 4%.  Растот на премијата на домашниот пазар од 0,3% е во склад со растот на самиот пазар, додека надвор од границите на Словенија, растот изнесува 9%. Овие резултати им даваат за право да се надеваат од групацијата дека до крајот на годината ќе биде постигната предвидената добивка пред даночење.

Во споредба со ланската година, во 2016 на работењето на Триглав групацијата влијаеа голем број штетни настани, во кои предничи летната олуча со град и априлскиот мраз, како и локалните поплави во Словенија. Вкупната вредност на масовните штетни настани за првите 9 месеци од годината за групацијата значеше исплатене отштета од 19 милиони. Тоа влијаеше на зголемување на комбинаторниот коефициен на групацијата, кој за првите три квартала изнесува 95% и е во рамките на неговата стратешка долгорочна просечна вредност.

Приносите од финансиските инвестиции на групацијата се во пад од 21%, првенствено поради нискиот нето профит од продажба на финанскиск средства. Неизвеноста, слабиот глобален економски раст, ниската инфлација, како и брагзит доведоа до ситуација да на многу меѓународни финансиски пазари преовладуваат ниски, па некаде и негативни камати и висока непостојаност на пазарот со акции. Триглав групацијата во склад со нејзината инвестициска политика и во склад со околностите ги прилагодива уделите на инвестициите и се фокусира на инвестиции во државни обврзници.

Штетите од временските неприлики не го спречија растот на Сава Ре групацијата за првите три квартала

На крајот од првите три квартала од 2016, Сава Ре групацијата пресмета бруто полисирана премија (БПП) од €390,5 милиони, што е скок од 1,5% во споредба со истиот период лани. Поодделно неживотното осигурување придонесе со раст од 2,4% на БПП, додека реоосигурувањето и животното осигурување во Словенија донесоа пад од 0,6% и 0,8% соодветно. Со ова е остварено 80% од предвидувањата на групацијата за годинешниот удел на пазарот и предвидуваат дека во последниот квартал ќе ја достигнат зацртаната цел за 2016 година.

Анализирано по региони во Хрватска беше остварена најголеа БПП, 23%. Македноскиот пазар е на второ место со 8,3%.

Профитот на групацијата до 30.9.2016 пред даночење изнесува €28,7 милиони, што е раст од 2,9% споредено со ланскиот за истиот период. Најголем удел во профитот пред даночење имаше неживотното осигурување од €12,5 милиони, што е помалку во однос на ланските €15,5 милиони. Падот го припишуваат на штетите од временските неприлики кои се случија во овој период во Словенија. Профитот на групацијата од реосигурувањето изнесуваше 4,9 милиони, кое е значително подобрување во однос на ланските €1,4 милиони.

Allianz group ја засилува својата позиција на афричкиот континент

Allianz group групацијата за €244 милиони ја комплетираше аквизицијата на Zurich Insurance group во Мароко, со што ја зајакна својата позиција на афричкиот континент. Со оваа аквизиција Allianz си обезбеди пристап на брзорстечкиот осигурителен пазар на Мароко, втор поголемина во Африка, по јужноафричкиот.

Подружницата на Zurich Insurance group има традиција од 65 години и повеќе од 600.000 клиенти, што ќе биде одлична основа на која Allianz може да ја искористи за да го искористи моментниот птенцијал на раст на пазарот во личните и комерцијалните типови на осигурување. Лансаката бруто полисирана премија изнесуваше €114 милиони.

Симболичен раст на БПП во Хрватска за првите три квартала

Осигурителните компании во Хрватска, оствариле бруто полисирана премија (БПП) од близу €900 милиона во првите три квартала од годината, што е симболичен раст од 0,3% во однос на истиот период од 2015. Според прелиминарните статистички податоци од Хрватското биро за осигурување, БПП кај неживотните осигурување е во раст од 1%, додека животото осигурување има пад од 1,2%.

Покрај растот на БПП, во пораст е и висината на исплатената штета, која за првите девет месеци изнесува близу €450 милиона што е раст од 6,1%. Локалната компанија Кроација осигурување е водечка и во секторот на животно и на неживотно осигурување, следена од Еурохерц и Алијанц на пазарот на неживотното и Алијанц и Винер на пазарот животното осигурување.

Generali со пад на оперативната добивка од 5,6% во првите три квартали

Италијанската осигурителна компанија Generali, изјави дека во првите три квартала од годината забележана е за 5,6% помала оперативна добивка, со подобрување од 7,3% на резултатите во третиот квартал, споредено со истиот период лани. Успехот во третиот квартал се должи на подобрите резултати во сегментот на домаќинско осигурување и осигурување од незгоди. Нето добивката за првите 9 месеци изнесува €1,6 милијарди. Бурто полисираната премија (БПП) во деветомесечието се паднати за 2,8% и изнесуваат €52,1 милијарди. Гледано по сектори БПП бележи пад во секторот за животно осигурување, додека баланс прави растот на БПП во осигурувањето од автоодговорност.

Степенот на економска солвентност, мерен спред новата директива Солвентност 2, изнесува 188% и останува непроменет во однос на истиот период лани, но пресметан според старата директива Солвентност 1..

Од Generali во соопштението изјавија и дека до сега се исплатени €16 милиони на име штета за земјотресот кој се случи 30-ти октомври. Очекуваат овој износ да порасне и тоа ќе влијае на резултатите кои ќе ги оствари комапнијата со работењето во четвртиот квартал.

Generali  е една од компаниите за кои се шпекулира дека ќе влезат на македонскиот осигурителен пазар, откако во едно интервју, претседателот на советот на експерти во АСО, Климе Попоски, изјави дека голема осигурителна куќа го очекува крајот на политичката криза за да донесе позитивна одлука за влез на нашиот пазар.