Иран повторно станува интересен за западниот осигурителен пазар

Западните осигурителни компании полека се враќаат на иранскиот пазар. Пазарот кој е проценет на неколку милијарди повторно е атрактивен, иако и по 10 месеци од подигнувањето на ембаргото бизнисите во оваа земја се се уште хендикепирани од банкарските рестиркции.

Техеран, кој долги години беше под екномско ембарго, иако поминаа десет месец од укинувањето на забраната, усепа да склучи врски само со неколку помали банки. Споредено со ова во Иран поинтензивно работат на преговорите со осигурителните компании кои треба да го покријат пазарот кој изминатата година е проценет на $9 милијарди, а се очекува во следната година да вреди два пати повеќе.

Западните компании имаат потреба од осигурување за да ги продолжат своите бизнис активности во оваа земја. Од тука и првите полиси кои се понудени на пазарот се покритие за ризик за транспорт и размена на стоки, т.е. ризикот од неплаќање. Откако Иран ја подигна рампата за испорака на нафта, полисите за пристаништата и морскиот транспорт исто така стануваат атрактивни продукти.

Отвореноста за соработка помеѓу двете страни сепак наидува на потешкотии при извршување на трансакциите. Американските банки се забранети, а европските не можат да ги спроведат трансакциите во долари преку американскиот финансиски ситем. И покрај овие ограничувања многу европски кредитори ги нудат своите услуги на иранскиот пазар.

Нетрадиционалните полиси за животно осигурување со пораст од 44% во Бугарија

Според податоците објавени од страна на комисијата за финанскиска супервизија, бугарските осигурителни компании оствариле бруто полисирана премија (БПП) од €528,15 милиони во првите 6 месеци од годината. Ова претставува раст од 5,6% во однос на истиот период лани. На порастот допринесоа два сектора, животното осигурување кое забележа рекорден скок на премиите на нетрадиционалниот тип на полиси (~44%) и осигурувањето на возила, каско и автоодговорност.

Неживотното осигурување забележа раст од 4,4% во БПП. Осигурувањето на возила (5,5%) го задржува позитивниот тренд од изминатите години. Карактеристично за овој период е и зголемениот процент на исплатени штети од 21%, пред сѐ поради новиот правилник кој обезбедува поголем опсег на осигурување како и поголемо покритие за смртни случаи и повреди настанати во сообраќајни несреќи. Побарувачката за полисите за осигурување на домаќинства останува ниска и бележи пад од 3,8% во остварената БПП.

BULSTRAD VIG, LEV INS и ARMEEC се водечки копмании во неживотното осигурување, со заеднички удел од 36,7%, додека во делот на животното осигурување водечки три се ALLIANZ Bulgaria Life, BULSTRAD Life VIG и UNIQA Life, опфаќајќи 58% од вкупната БПП.

Повеќе од 230 осигурувачи учествуваа на 8мата средба во Баден-Баден

На 23ти овој месец, повеќе од 230 осигурителни и реосигурителни друшва се собраа во Курхаус казиното во Баден-Баден. Средбата е организирана за професионалците и специјалистите од осигурителниот пазар да се сретнат со водечките компании од целиот свет во бизнисот за да се добијат подетални информации за повеќе осигурителни пазари, меѓу кои и пазарот на Централна и Источна Европа.

Во деновите коа анализата на дигиталните податоци станува се поактуална тема, излагањето на Минхен Ре на средбата, со анализа нивната стратегија во користењето на големиот број на информации кои се нудат преку користењето на новите технилогии, остана највпечатливо.  „Најважните аспекти се желбата и можноста да се инвестира во доволни ресурси и да се работи заедно со правите партнери“ изјави Ludger Arnoldussen, член на бродот на менаџментот на оваа компанија. „ Тоа е токму тоа што ние го правиме кога го креираме нашите know-how и IT структури. Тоа продазбира нови, јасно дефинирани и пофлексибилни осигурителни решенија и сервиси за поддршка за клиентите. Ние ги зголемуваме овие можности – со нашите ресурси поддржани од надворешни специјалисти. Ние исто така во ова ги вклучуваме клиентите во раните фази на развој на идеалните кориснички решенија и апликации кои ќе бидат усвоени на глобални нивоа“.

Спојот на дигитализацијата и новите технологии не подразбира само поголем број на податоци, туку и можност за нивна побрза обработка. Бидејќи принципот на големите броеви важи и во случајот на дигитализацијата, поголема база на податоци значи и поточни проценки, брзината на обработка на податоците е од големо значење. Ова воведува нова димензија во конкуренцијата помеѓу компаниите. Одредени компании кои ќе можат побрзо да ги обработат податоците ќе бидат во можност побрзо да ги имплементираат резултатите во нови апликации со што ќе се стават под притисок осигурителни куќи кои го практикуваат традиционалните начин на работа и стојат на страна од дигитализацијата.

Еден од најповиканите примери за потврда на позитивните ефекти од мониторирањето на дигиталнтие потаци е целосно автономното надгледување на повеќе од 7.000 канали за вести со дневна количниа од информации од 250 гигабајти. Тоа овозможува побрзо и поевтино да бидат регистрирани загубите од пожарите во Велика Британија и САД. Споредувајќи ги овие податоци со портфолиото на ризици, овозможува подобра идентификација на ризиците, со што операциите за исплата на побарувања на штети ќе бидат извршени побрзо и поефективно.

Објавени се годинешните награди на World Finance

Прогласувањето на наградите  2016 World Finance Global Insurance Awards нудат увид на најновите развојни компоненти на осигурителната индустрија низ целиот свет. Без работата и постигнувањата на овогодинешните добитници, индустријата немаше да биде на позицијата на која е денес.

Овие награди исто така овозможуваат преглед не само на што треба да се направи за да се успее да се осптои на пазарот, туку може да се шрочитаат и како слика која укажува во која насока ќе се менува осигурителната индустрија во претстојните години. Анализирајќи поголем број на индикатори на нивната работа, телото за оцена на World Finance  ги избра победниците од групата големи имиња во овој пазар.

Извештајот за наградите нагласува дека осигурителниот пазар се дигитализира „Повеќето осигурителни друштва инвестираат во дигитални платформи кои ќе ги зајакнат нивните релации со клиентите. Нивната цел е да ги развијат бизнисот, така што ќе ги направат продуктите потраспарентни и полесни да се разберат и споредат“.

Инвестициите во дигитализацијата ќе резултира во појасен фокус на анализа на податоци, облак и моделирање техники за препознавање на ризици или стратешки приоритети. Осигурувањето речиси секогаш во важел за продукт кој е тешко разбирлив. вклучувањето на технолошките платформи ќе допринесе на приближувањето на продуктите до населението. Осигурувачите ќе мора да пристапат на клиентите на начин на кој до сега не практикувале. Доколну не се во можност да го следат темпото на промена на апетитите на корисниците, според World Finance  може да биде пресудно за успех или пропаст на бизнисот.

Наградите се објавени по неколку земји, одделно награда за најдобрата компанија за животно осигурување и генерално гледано за најдобрата компанија на пазарот во тие земји. оsigurajse.net Ви презентира дел од наградите во неколку земји од Европа:

  • Бугарија: Генерално – Armeec Insurance                                   Животно – SiVZK (TUMICO)
  • Србија: Генерално – Generali Osiguranje Srbija
    Животно – Generali Osiguranje Srbija
  • Грција: Генерално – INTERAMERICAN
    Животно – NN Hellas
  • Унгарија: Генерално – Allianz Hugaria
    Животно – Magyar Posta Életbiztosító
  • Австрија: Генерално – UNIQA Insurance Group
    Животно – Sparkassen Versicherung
  • Германија: Генерално – HDI-Gerling
    Животно – Zurich
  • Франција: Генерално – Covea
    Животно – AXA
  • Италија:Генерално – Unipol Assicurazioni
    Животно – Poste Vita S.p.A.
  • Холандија: Генерално – Achema                                                  Животно – Srlev NV
  • Данска: Генерално – Top Danmark                                               Животно – Sampension

Адрис групацијата одбиена од Агенцијата за надзор на осигурување во Словенија

Словенечката Агенција за надзор на осигурување го одби барањето на хрватската групација Адрис да го зголеми својот удел во реосигурителното друштво Сава РЕ. Барањето беше доставено во мај со кое Адрис бараше пораст на уделот во Сава Ре на 33%. Одлуката е потврдена од страна на Сергеј Симонити, водечкиот човек на агенцијата, во изјава за Ројтерс, не давајќи повеќе информации.

Според неформални податоци негативниот одговор е поради тоа што барањето на Адрис е поднесено заедно со Кроација осигурување, која по проценка на агенцијата е значајно изложена на хрватски обврзници, а се очекува пад на нивниот рејтинг.

Од Адрис сеуште немаат информација за одлуката на Агенцијата. „Немаме добиено решение од словенечката регулаторна агенција, со која наводно се одбива нашето барање за зголемување на уделот во Сава РЕ, затоа и тешко е да дадеме коментар. Но, ако е точно известувањето од медиумите, остануваме на тоа дека исправни причини. Бидејќи, сосема ноебично, и за нас позната пракса во ЕУ, е дека како причина за одбивање се наведува недовербата во државните обврзници, во нашиот случај хрватските, на кои е изложена Кроација осигурување“, стои во одговорот на директорот за односи со јавност на Адрис групациајта, Предраг Грубич.

„Адрис има репектабилен финансиски потенција, а како постоен и веродостоен инвеститор, внимателно ги бира зоните на инвестирање и ќе остане истраен во намерата да се зајакне во осигурителниот пазар“, додава Предраг Грубич.

Дали однесувањето на социјалните мрежи може да ја диктира цената на осигурувањето?

Кога луѓето ќе напишат коментар на Твитер и Фејсбук за убаво помината вечер, тие не само што го споделиле тоа со своите пријатели, туку можеби си направиле поевтинување на полисата за животно осигурување. Дигитализацијата и анализата на големиот број податоци дава можност цените на индивидуалните полиси да се прават поединечно за секого. Врската помеѓу позитивните постови и намалената веројатност од срцев удар, за која луѓето не се свесни кога спиоделуваат со своите пријатели, е само една од техниkите која вештачката интелегенција ќе ги користи за да создаде уште поточни модели за предвидување на ризик.

Swiss Re изјавува дека технолошките иновации ќе ги намалат цените на осигурувањето и ќепомогнат на поединците и компаниите да донесат подобри одлуки за програмите кои имсе потребни. Овој пристап на  “сентиментална анализа“  од многумина ќе наиде на критика бидејќи може да се наруши приватноста на личноста. Исто така, одредувањето на цената на осигурувањето може да се направи индивидуално. со што би се нарушил основниот концепт на осигурувањето, а тоа е да се сподели ризикот.

Следењето на социјалните медиуми е само еден од неколкуте техники кои осигурителните друштва ги испитуваат во насока на подобро одредување на цената на осигурувањето. Во таа насока Swiss Re, вториот најголем светски реосигурувач, неодамна инвестираше во digi.me, старт-ап кој дозволува на корисниците да складираат лични податоци преку различни канали на социјални мрежи и истите да ги разменуваат во бизнис или лични цели.

 „За многу краток временски период, можеби за неколку години, поголемиот број од големите осигурувачи ќе имаат интегрирани податоци за истраженото однесување. Несомнено, тоаќе донесе до различна интеракција помеѓу осигурувачите и осигурениците“, изјави за Ројтерс Daniel Ryan, шефот на секторот за дигитална анализа.

Програмите како што се Discovery’s Vitality и Allstate’s Drivewise преку кои се мотивираат осигурениците на здрави навики, веќе се испитуваат нивните ефекти во пракса.

Виталното здравје и полисата за жицотно осигурување во иднина нема да зависат само од возраста на лицето и неговата моментална здраствена состојба, туку цената ќе зависи и од многу дополнителни информации од крвниот притисок до диета, кои ќе се собираат преку нивние активности на различни електронски преносни уреди. Здравите навики би подразбирале награда за клиентите, која може да биде изразена во попист на следната годишна премија, поврат на дел од парите за здрава храна или попусти при одредени аранжмани за патување. Веќе постојат два позитивни примера за овој начин на преветнивно делување на осигурувачите, тоа се американскиот Allstate и британскиот Drive Like a Girl нудат попусти за возачите кои не ги прекршувале сообраќајните правила, а анализата ја прават врз основа на податоци собрани од уред инсталиран на моторциклите

За очекување е дека дел од осигурителните куќи ќе воведат и казнени клаузули во своите полиси. Три пати проаѓање на црвено или  често возење со брзина над дозволената може да значи зголемување на цената на осигурувањето.

Како и секоја иновација, во било кој дел од животот, екеспертите се поделени во однос на нејзината корист и оправданост. Германската нациопнална организиција на потрошувачи (VZBV) во споделувањето на личните податоци гледа ризик при зголемувањето на бенефитите во личните осигурувања.

„Ако јас ја калкулирам премијата и ризикот за секоја индивидуа поединечно, повеќе не го споделувам ризикот“, е ставот на експертот за осигурување на VZBV Ларс Гатчке. Тој додава дека осигурувањето може да стане арбитар на социјално однесување, кои би ги казнувала личностите за пример конзумирање брза храна. Исто така следењеѕо врз база на само сирови податоци, во кои изостануваат околностите, може исто така да доведе до лажна слика.

Многу осигурителни компании како што е Swiss Re исто така се фокусирани и на колективни, како спротивност на индивудиалните, резултати од нивните бизнис модели. Еден од тие резултатите добиен од колективна анализа на податоците од Twitter, е дека тие се подобар индикатор за одредена срцева болест од сите стандардни здраствени и социјално економски мерења заедно. Анализата спроведена на корисници групирани според географски подрачја, покажале дека честата употреба на стикери и смајлија кои изразуваат негативна емоција, како и зборовите кои го изразуваат незадоволството на клиентите воделе до зачестена појава на смртни случаи од срцеви болесто во тие групи.

Анализата на Twitter податоците сепак ќе остане надвор од делокругот на Swiss Re’s. За истото да стане дел од пракса потребни се најнапред ригорозни етички проверки.

 

Осигурителни компании се здружуваат да ги испитаат потенцијалите на blockchain

Пет од групата најголеми европски осигурителни компании се договија со заеднички сили да се спроведе анализа на потенцијалите кои ги носи технологијата на blockchain. Групата составено од Aegon, Zurich, Allianz, Munich Re и Swiss Re ќе истражуваат дали оваа технологија може да помогне осигурителната индустрија да биде поефективна. Според нивната стратегија, првично евалуацијата ќе ја насочат во испитување на можностите во секторот на осигурување.

Blockchain  е технологијата која стои позади, во моментов, најмногу користената криптовалута bitcoin. Тоа е споделена и енкриптирана база на податоци која дозволува на корисниците безбедно да зачувуваат податоци од трансакции и договори на повеќе места одеднаш.  Осигурителната индустрија е изградена врз основа на централизирана база на податоци, која е гломазна. Овој начин на работење многупати е оценуван како скап и неефикасен, посебно во споредва со можностите кои ги нуди новата технилогија.

„Имаме голем број на потенцијални имплементации“ -за Financial times изјави Alessandro Spadoni, кој го води проектот од страна на Zurich. „На прво место е реосигурањето. Ние го проверуваме користењето на паметните договори за да се направи поефективна продажбата на реосигурањето и на процесот на побарувањата за штети“. Првите резултати од ова истражување од групата најавуваат дека ќе го објават на средината од следната година.

Паметните договори условите ги сместуваат во код, така што отвора можност автоматски да се активираат ако  кодот препознае случај на активација. Пример, паметниот договор може во одредени случаи автоматски да исплати отштета без да има побарување за неа, така што ќе препознае настанување на осигуран случај, и ќе провери дали условите од договорот дозволуваат исплата. Од друга страна паметниот договор ќе препознае и ќе може да одбие повеќекратни побарувања за ист осигуран случај. За осигурениците ова би значело заштеда на време, затоа што нема да има потреба да се внесуваат одново сите детали кои се потребни за полисите, а се разликуваат од осигурувач до осигурувач. Покрај оперативните придобивки, осигурителните компании би имале поточни пресметки за ризиците кои ги покриваат, затоа што актуарите ќе имаат огромен број на податоци за сѐ што е поврзано со ризикот кој треба да го обезбедат.

Од анализите на француската консултантска куќа Capgemini, кои беа неодамна објавени, се вели дека компаниите кои даваат финансиски услуги, можат да генерираат големи заштеди доколку ја користат технологијата на blockchain. Според нивните предвудувања, во секторот за осигурување од автоодговорност може да се заштедат 13% од оперативните трошоци за издавање полиси и обработка на поварувања за исплата на штета. Според друг независен извештај од страна на консултантската куќа Z/Yen и сметководствениот гигант PwC, имаплементацијата на blockchain на секторот за реосигурување може да му донесе заштеди од $5-10 милијарди. Заштедените пари копманиите може да ги пренасочат кај клиентите. Тоа би ја зголемила нивната репутација на пазарот и бројот на нивните клиенти.

Според Spadoni, европските осигурителни компании и покрај оваа иницијатива не брзаат за имплментација на оваа технилогија. „Ние не сме во целост убедени за бенефитите што blockchain технологијата може да ги донесе. Затоа испитувањата ќе бидат многу внимателно евалуирани“. Затоа и според него сеуште не постои компанија која во целост ја прифатила употребата на blockchain.

Од групата истакнуваат дека за да се искористи потенцијалот на blockchain технологијата потребно е и други компании да се вклучат во проектот. „Ако сакаме blockchain технологијата да биде масовно имплементирана во осигурителната индустрија, тогаш потребен ни е секој во неа. Потребен е мрежен ефект“.

Ова не е прва група на компании која се здружува за истражување на потенцијалот на blockchain технилогијата. Во 2014 AXA, Generali, Allianz, Lloyds of London, Mutual Insurance и MetLife започнаа со милионски инвестиции во тестирање на потенцијалот кој новата технологија да помогне да се елеминираат оперативните грешки што ќе допринесе во зајакнувањето на нивните врски со клиентите, регулаторите и нивните меѓусебни односи.

Иако blockchain е сеуште во рана фаза на имплементација во осигурителната индустрија, сепак одредени компании веќе го имплементираат во своите продукти. Allianz во соработка со Nephia Capital понудија пилот паметен договор за осигурување од природни катастрофи. Blem, IT компанија, понуди на пазарот  договори за реосигурување базирани на blockchain. Safeshare, британска старт-ап компанија, ја користи оваа технологија за осигурување на лица кои ги изнајмуваат своите слободни соби како канцеларии.

 

Fairfax станува стратешки партнер на AIG за Централна и источна Европа

American International Group Inc (AIG) ќе започен со продажба на локалните осигурителни куќи во Јужна Америка и Турција. Исто така на продажба ќе се најдат и правата за обнова за портфолијата на локалните бизниси во осигурани од AIG во неколку земји од Европа: Бугарија, Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Словачка.

Целата зделка, која беше објавена на 18.10.2016,  ќе чини $240 милиони, а како купувач се јавува канадскиот холдинг Fairfax. Секоја од транскациите ќе се реализира откако локалните регулаторни тела ќе ја одобрат продажбата.

Ова значеше и објава на долгорочно стратешко партнерстов на двете компании, со што Fairfax ќе постане главен меѓународен мрежен партнер на AIG, кој ќе го поддржува во справувањето со побарувањата за штети и способноста за реосигурување.

„Стекнувањето на оперативата на AIG во Централна и источна Европа ја надополнува нашата неодамнешна експанзија во овој регион со објавата за трансакцијата на QBE и ќе ги забрза нашите планови за долгорочен раст на усетвото на овие пазари“ изјави Prem Watsa, претседател и извршен директор на Fairfax.

Портфолиото на Fairfax е составено од осигурување на домаќинства и осигурување од несреќи, реосигурување и инвестициски менаџмент.

Осигурителниот пазар во Лондон ќе спроведе самоевалуација при големи катастрофи

Осигурителниот пазар во Лондон планира да спроведе самоевалуација во случај на голема катастрофа, пропорционална на нападот на кулите близначки во Њујорк.

Додека осигурителните компании речиси секојдневно се ставени на реален тест справувајќи се со штети од урагани, земјотреси, терористички напади и сл., Rob Childs, претседателот на Hiscox, изјавува дека на капацитетот на пазарот му е потребно тестирање и за сценарио со слични размери како нападот во 2001, кога загинаа речиси 3.000 лица и беше причинета огромна материјална штета.

Откако сценаријата ќе бидат поделени, осигурителни куќи и брокерите, започнувајќи од 30.10, во следните две седмици ќе држат заеднички состаноци на кој ќе се изложат плановите за одговор на побарувањата на клиентите и како тие ќе влијаат на капиталните позиции на компаниите. Во изјавата не е специфицирано дали се работи за сценарио со природни катастрофи или за терористички напади.

Лондон претставува центарот на осигурителниот пазар за бизнис осигурувања и осигурувања од катастрофи. Поголемиот дел од овој пазар е застапен преку Lloyd’s of London. Во тестирањето ќе бидат вклучени 10 осигурителни компании заедно со брокерите, агенцијата за мерење рејтинг S&P Global и Lloyd’s of London. Двете институции кои го регулираат осигурителниот бизнис во Британија, Регулаторното тело на Народната банка на Англија и Финансиското регулаторно тело, ќе бидат активирани како надгледувачи, додека тестирањето ќе го спроведе консултантската куќа McKinsey. Резултатите се очекува да бидат презентирани на почекотот од следната година.

 

Дали Крајина осигурување е пред колапс?

ЕФ Ревизор од Бања лука го објави извештајот за ревизијата спроведена во Крајина осигурување. Бројките во него се загружувачки, затоа што за првото полугодие од 2016 компанијата направила нето загуба од КМ7.78 милиони.

Краткорочните обврски на компанијата го надминале тековниот капитал од КМ3,51 милиони, а коефициентот на ликвидност од 0,67% покажува дека оваа осигурителна компанија може да се најде во сериозни проблеми со измирувањето на обврските кон добавувачите и кредиторите на денот на нивното доспевање.

„Загубите на Крајина осигурување од разни години од 3.13 милиони, заедно со нето загубата од првото полугодие на оваа година достигнува КМ11,09 милиони, односно 81,16% од основниот капитал регистриран во судските и другите законски регистри, што директно ги загрозува принципите на работа“-се истакнува во ревизорскиот извештај

Техничките резерви на Крајина осигурување, на крајот од јуни изнесувале КМ8,25 милиони, со што се покриени само 55,61%, додека за нивно целосно покритие недостасуваат уште КМ3,66 милиони.

На крајот од 2015, преку процес на докапитализација, друштвото ги промени сопствениците. Откако новите акционери Navena Agarvala и Gupte Nete го превземаа работењето, Крајина осигурување западна во криза поради голем број на сомнителни финансиски трансакции и одлуки.

Турбулентниот период во работењето се одрази и на персоналот. Директорите беа менувани постојано, голем број работници беа отпуштени. Сето ова доведе да Агенцијата за осигурување на Република Српска во јули да воведе принудна управа, со што престана надлежноста на директорите, управниот и надзорниот одбор, како и собранието на акционери.