Ниските камати и намалениот инвестициски приход притискаат врз добитот на Уника

Првата половина на 2016 Уника групацијата полисирала бруто премија во износ од 3,27 милијарди евра. Ова е за 7,7% помалку во споредба со истиот период лани. Поединечно гледано премијата кај приватното здраствено осигурување пораснало за 3,5% и изнесувало 523,5 мил.евра, додека осигурувањето на имот и осигурувањето на повреди носат пораст од 1,9% за вкупни 1,45 мил. евра. Животното осигурување бележи пад од речеси 20%. Од Уника групацијата ова го образложуваат со намалениот број на склучени полиси со еднократна уплата на премијата.

Заработката перд оданочувањето изнесувала 84,6 мил евра, споредено со ланските 106,2. Нето приходот од инвестициите исто така бележи големо намалување од 25,6%. Ниските каматни стапки негативно делуваа на приходите од инвестициите, како и на проценките на групацијата во поглед на добивката за целата 2016, која по новите прогнози може да биде и до 50% помала во однос на 2015.

Andreas Brandstetter, извршен директор на Уника групацијата, во негативните резултати сепак гледа и позитивни показатели. Според него падот на премијата, приходите и добивката е успорен во однос на првиот квартал на годината и дека очекуваат истиот да продолжи да се намалува.

Уника групацијата работи во 19 земји од средна и источна Европа. Во Македонија групацијата е присутна преку UNIQA а.д Скопје, кое е правен и деловен наследник на Сигал а.д Скопје кое беше основано како ќерка – фирма од СИГАЛ, Албанија во 2004 година. На македонскиот осигурителен пазар ги нуди своите продукти од 2005 година.

Сарајево осигурување застанува на нозе

По смената на раководната гарнитура во Срајево осигурување, новиот менаџмент по налог на Агенцијата за надзор на осигурување и со помош на владата на БиХ, во претходните три месеци го спроведе реструктуирањето на фирмата.  Со овој процес беа намалени бројот на филијали, како и бројот на вработени и се направи затегнување на сите трошоци кои се ставени под строга контрола. Резултатите се одма видливи и во првите седум месеци од 2016 компанијата оствари 32,25 КМ приход на премии.

Сарејево осигурување е еден од најстарите брендови во бивша Југославија, со традиција од 70 години. Претставвуа прав пример за осигурителна компанија како финансиски институции кои им пркосат на сите природни и човечки катастрофи низ времето.  Сарејево осигурување успешно го преброди периодот на војната и успеа да се обнови со сопствени средства. Од тековното работење се исплатени и поголемиот дел од 60-те мил. КМ предвоени штети.

АСО ги објави датумите за обука на идните застапници и брокери

Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за застапник) и обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).

Обуката за застапник  во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.9.2016 година а обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.9.2016 година и 1.10.2016 година. Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуките ќе биде објавен на интернет страницата на  Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуките.

Целиот текст и потребната документација можете да ги најдете на aso.mk

Виетнамка останала инвалид за да наплати отштета

Еден од најбизарните случаеви за обид за манипулација со полисте за осигурување доаѓа од Виетнам. Тамошна 30-годишна жителка му платила на својот пријател да ѝ ги отсече едната шака и едното стапало, со цел да исценира повреда која настанала при наводно прегазување од воз.

Меѓутоа детективите кои биле ангажирани за случајот брзо откриле дека бизнисот на жената западнал во криза и се појавил сомнеж за потеклото на повредата.  Во текот на истрагата манипулантката признала дека му дала на пријателот 50 мил донги (~1.900 евра) да ја осакати, со цел преку осигурувањето да наплати отштета во висина од околу 135.000 евра.

Според Ле Ван Луан, од адвокатската комора на Ханои, сегашните закони на Виетнам не овозможуваат парот да се гони за обид за измама и лажно сведочење.

За откажан концерт обештетување од 50.000 евра

Руската осигурителна компанија INGOSSTRAKH  мораше да им исплати обештетување на организаторите на откажаниот концертот на групата Роксет. Висината на обештетувањето е 3 милиони рубљи (близу 50.000 евра). Концертот е откажан поради нарушено здравје на Marie Fredriksson, која подолго време се бори со ракот.

Со склучената полисата се предвидува компензација на загуби настанати поради откажување на концертот од причини кои се надвор од контрола на организаторот (болест, инцидент, дефект на опремата, терористички напад, откажување поради пожар…). Како што се наведува од компанијата, за обештетување приложени трошоците за закупнината на салата, рекламирање, принтање и продажба на карти и останати трошоци кои произлегуваат од организацијата на концертот.

VIG на добар пат да го оствари планираниот профит

На крајот од 2015, VIG излегоа со предвидувања дека во 2016 очекуваат да го удвојат профитот на компанијата. Врз основа на остварениот неоданочен профит во првото полугодие за 2016 (203 мил евра), може да се заклучи дека се на прав пат да го исполнат зацртаниот профит за цела 2016 од 400 мил евра.

VIG упсеа да постигне 10% удел на четири пазари и генерално бележи пораст на полисираната бруто премија. Солиден пораст има во Унгарија (15,4%), Хрватска (6,2%, воглавно со порастот на полисите за животно осигурување), Србија (12,1%) и Турција (19,1%). Превземањето на Axa животното осигурување во Романија и пропаѓањето на двете локални осигурителни компании донесе профит за VIG на овој пазар од цели 37,3%.

Осигурителниот пазар во Македонија од VIG го сместуваат во група на пазари од централна и источна Европа каде е забележан пад на профитот од 13,8%. Најлоши резултати се остварени во Полска каде профитот е речиси преполовен во однос на првите 6 месеци од 2015.

tabele-vig-en-23august2016

Србија ја воведува новата директива Солвентност 2

Извршниот одбор на Народната банка на Србија, на седницата одржана на јули, ја усвои „Стратегијата за солвентност 2 во Република Србија“.

Новата директива Солвентност 2 (Directive 2009/138/EC of the European Parliament and of the Council on taking-up and pursuit of the business of Insurance and Reinsurance) заменува 14 одредби од претходната директива Солвентност 1 и воведува режим за максимална хармониазција со што се обезбедува поголема конвергенција на внатрешниот осигурителен пазар во ЕУ.

Солвентност 2 се темели на три столба:

  1. Квантитативни потреби
  2. Квалитативни потреби
  3. Транспарентност

Во склад со процесот на пристапување кон ЕУ, се планира фазна имплементација на Солвентност 2 во Србија.

Во рамките на ЕУ оваа директива стапи на сила со 01.01.2016.

Извор nbs.rs

Здружението на осигурувачи од Србија со нова услуга

Здруженито на осигурувачи од Србија, со цел дополнително да влијаат на намалувањето на бројот на проневери во осигурувањето, на својот веб сервис воспостави нов сервис за граѓаните. Сервисот им овозможува анонимно да ја пријават проневерата на сите кои имаат сознанија или индиции за постоење на истата.

Пријавата е преку попилнување на формулар на интернет страницата на здружението, во кое покрај наведувањето на основните потребни информации, може да се наведе и името на осигурувачот кон кој се обраќа граѓанинот, со цел истите да му бидат директно проследени на осигурувачот.

Сервисот е воспоставен во насока на сеопфатната борба на друштвата против злоупотребите во осигурувањето, која се спроведува за да се заштитат финансиските фондови наменети за исплата на штета која граѓаните ја претрпеле во незгода, а за чие право го стекнале со склучување на договор за валидна полиса.

CARPATICA Asig ја изгуби лиценцата за работа

Со одлуката на романското супервизиско тело од крајот на јули, се одзема лиценцата на CARPATICA Asig. За неполна година, по ASTRA Asigurari, ова е втора осигурителна компанија која ја изгуби лиценцата и по која е покрената постапка за прогласување банкрот.

CARPATICA Asig до 30.06.2016 имаше портфолио од 1,310,852 склучени полиси и завземаше 19%  од пазарот. Важеше за една од водечките компании за АО во Романија со осигурани 936.089 возила. Во првите три месеци полисираната бруто премија изнесуваше близу 50 милиони евра.

Телото за финансиска супервизија (ASF) ја обврзува компанијата да ги превземе сите неопходни чекори за да ги информира своите осигуреници за нивната можност да ги поништат осигурувањата и да си ги повратат премиите од полисите кои им следуваат, пропорционално на изминатиот период на осигурувањето и остатокот од важноста на полисата.

Според важечкото законодавство осигурениците преку Гарантниот фонд се ограничени на максимум 100.000 евра. Првите проценки се дека  издатоците на фондот ќе бидат близу 140 милиони евра.

ASF сега е главно насочен кон одржување на стабилноста на осигурителниот пазар во Романија. Според нив, осигурителниот пазар во Романија може да го апсорбира банкротот на  CARPATICA Asig и да го продожи растот на бруто премии и профити на компаниите.

И покрај брегзит, Munich RE е на пат да го оствари планираниот профит за 2016

Munich RE успешно го преброди вториот квартал од 2016, периодот во кој се случија турбуленции на пазарот поради брегзит, како и периодот од годината кога имаше неколку природни катастрофи.

„Генерално, успеавме да направиме натпросочен резултат од 974 милиони евра за вториот квартал. И тоа го направивме и покрај големите издатоци за природните катастрофи во вториот квартал – кои приозлегуваат од шумските пожари во Канада и земјотресот во Јапонија – по повеќе квартали без поголеми загуби.“ – изјави von Bomhard претседател на бордот на директори на Munich RE.

Според предвидувањата за 2016, во првите 6 месеци од годината остварени се резултати кои варираат од прогнозите и истите ќе влијаат на годишниот извештај. Поради тоа, на крајот од порвото полугодие Munich RE ги менува своите прогнози. Но, и покрај потфрлувањето во изминатиот период од 2016, повикувајќи се на позитивните резултати од инвестициите преку долгорочна ERGO стратегиска програма, од Munich RE  очекуваат дека во остатокот на годината профитот ќе се консолидира и ќе достигне 2,3 милијарди евра.