Граѓаните ќе можат за 11 евра годишно да обезбедат мајстор за сите итни потреби

Околу 45 евра годишно, или по 4 евра месечно чини просечно домаќинско осигурување, но во Македонија сѐ уште слабо се продава. Петер Сквачара, извршниот директор на „Сава осигурување“ во интервју за „Дневник“ вели дека македонскиот осигурителен пазар има потенцијал за раст, а моментално најмногу се купуваат полисите кои се задолжителни, пред сѐ осигурувањето од автомобилска одговорнот. Најновиот производ на компанијата „Домашна асистенција“, која на граѓаните треба да им обезбеди помош во итен случај и да ги организира мајсторите кои за кратко време доаѓаат на нивна врата.

Целиот тескт може да го прочитате во Дневник.

Побарајте бесплатна понуда преку osigurajse.net

Групација Триглав со подобрена оцена за бонитет

Агенцијата за оценка на бонитет S&P Global Ratings, започнувајќи  од 01.07.2016, на групацијата Триглав и ја подобри оценката за бонитет од „А-“ на „А“.

Со оцена „А“, Групацијата Триглав е оценета како стабилна на средорочен план. Новата оцена во прв ред доаѓа од подобрените услови за осигурување на словенечкиот пазар, т.е. помалиот ризик.

Инвестициското портфолиот на Триглав, посебно неговата дисперзија беа исто така основа за промена на оценката на банкарските ризици на Групацијата кои сега се оценети како многу стабилни со повисока оцена. S&P Global Ratings во својот извештај нагласува дека Групацијата ја има обезбедено соодветната заштита преку реосигурување.

Оцената „А“ е самостојна оцена на бонитетот на Групацијата Триглав, без да се земе во предвид поврзаноста на земјата. Триглав помина успешно на хипотетички тест на изложеност на ризик. Тоа значи дека при настанување на ризикот, оцената на бонитетот на Групацијата може да биде поголем од оцената на бонитетот на Република Словенија.

Стабилната средорочна прогноза на оценката на бонитетот дава очекувања дека Групацијата Триглав и понатаму успешно ќе ја спроведува планираната стратегија и ќе го сочува многу високото ниво на капитал и профитабилност и во следните две години.