Нова хумана акција на Граве осигурување за Ноќниот маратон

На 27.08.2016 крај езерцето Бундек, во Заграб ќе се одржи третиот ноќен маратон во организиација на Граве осигурување. Како и во претходните години, и оваа маратонот ќе има и хумана страна. Преку акцијата poKRENI, се повикуваат сите кои рекреативно или професионално се занимаваат со трчање, да се активираат на апликацијата endomondo. Сите истрчани километри ќе се собират и Граве осигурување ќе донира по 1 куна за првите 50.000 километри на Хрватскиот сојуз на здруженијата на дијабетичари.

За сите заинтересирани за акцијата poKRENI и ноќниот маратонот дополнителни информации можете да најдете на фејсбук страната: 3. GRAWE Noćni Maraton

Uniqa го продаде својот удел во Erste Bank group

Неодамна Uniqa го продаде својот удел од 4,1% или вкупно 17,4милиони акции во Erste Bank group. Цената на една акција беше 22,5 евра. Вкупната цена на зделката изнесува 392 милиони евра.

Ова е само уште една од продажбите на акции во сопственост на Уника, во фирми кои не се поврзани со нејзината основна дејност – осигурувањето. На продажба се ставени и 11% од уделот во Casino Austria, како и во Design Tower во Виена, попознат како хотел Sofitel Vienna Stephansdom.

Наместени рударски несреќи заради осигурување

Кинсеското обвинителство покрена постапка против 74 лица за убиство и други дела, бидејќи наместиле убиства да изгледаат како рударски несреќи за да добијат отштета на име животно осигурување.  Од бирото на Обвинителството во кинескиот регион Внатрешна Монголија, соопштија дека покренати се тужби за убиство на 17 луѓе. Во соопштението се наведува дека покрај за убиствата покренати се тужби и за измама, изнудување, проневера и прикривање на злочин.

Поради лошите услови во рудниците, рударските несреќи во Кина се чести, а сопствениците на рудниците преку осигурувањето сакаат брзо да исплатат отштета на семејствата на загинатите, за да не дојде до истражување од страна на државните органи.

Само во Баден – Вуртембер проценета штета од 450 милиони евра

Германското осигурувачко здружение, агенција која застапува 460 компании, соопшти денес дека штетата предизвикана од поплавите во југот на Германија, само во покраината Баден – Вуртемберг се проценуваат на 450 милиони евра.

Покрај отштетата која ќе треба да се исплати за поплавените домови, големи суми ќе бидат исплатени и за уништени возила и отштета на фирми на основ на разни загуби.

Баден – Вуртемберг не е единствената покраина која се соочува со последиците од поплавите. Одредени региони во Баварија и Северна Рајна – Вестфалија исто така претрпеа големи штети.

Рекордна дивиденда од 2,5 евра по акција во Триглав

Триглав осигурување во минатата, 2015, година оствари добивка од 89 милиони евра. На предлог на управата акционерите се согласија 56,84, од 89-те милион, ќе се поделат како дивиденда, т.е. за секоја акција ќе се добие по 2,5 евра дивиденда.

Според бројот на акции најмногу ќе добие државата, затоа што Словенија преку инвестициски фондови е сопственик на две третини од најголемата словенечка осигурителна компанија.

На собранието на акционери донесена е и одлука според која управата, во согласност со надзорниот одбор, во идните 5 години може да донесе одлука за докапитализација на Триглав во висина од 14,7 милипни евра.

Триглав во ланската година собра премии во висина од 900 милиони евра. Во првиот квартал во оваа година оствари добивка од 22,6 милиони евра. Тоа е пад од 27 проценти во истиот период лани.