Владата на БиХ го продава капиталот во Сараево осигурување

На итна седница на Владата на Федерацијата на БиХ одлучено е да се стави на продажба уделот на Владата во Сараево осигурување. Продажата ќе се изврши преку берза и цената на една акција ќе биде скоро 13 марки.  Владата на Федерацијата на БиХ е најголем акционер во оваа компанија со 45% удел.

„На нас најважно ни е да се осигураат нормални услови за работа и очекуваме стабилност во следниот период. Не е наша работа да коментираме кој ќе биде новиот сопственик и кој би можел да одигра клучно улога во таа смисла“ – изјави Ермин Ченгич, менаџер за комуникации во Сараево осигурување.

Во првиот квартал до 2016 година, Сараево осигурување го изгуби приматот на лидер по износ на премии. Тоа резултираше со оставка на директорот Мидхат Терзиќ.

Аха се ослободува од портфолиото во тутунската индустрија

„Аха“, најголемиот светски осигурувач за здраствено осигурување, ги запира сите инвестиции во тутунската индустрија, кои до сега изнесуваат приближно 1,7 милијарди евра. Причината за овој потег е бројката од 6 милиони луѓе кои починуваат огдишно како последица од пушење.

Не само што ќе ги сопре инвестициите, туку „Аха“ планира и да ги продаде своите 184 милиони акции во компаниите од оваа индустрија. Заедно со обврзниците, кои исто така ќе се најдат на продажба, проценети се на близу 1,6 милијарди евра.

Краткорочно сето ова може да донесе загуба за компанијата, но на долгорочен план треба да донесе добивка како резулат на помалиот број на барања за отштета за болести поврзани си пушењето.

Извршниот директор на „Аха“, Томас Буберл, се надева дека ова ќе биде сигнал и за другите инвестициски компании да го следат нивниот чекор.

Хрватската влада продава акции од Кроација осигурвање

Тихомир Орешковиќ, претседателот на Владата на Република Хрватска, на конференција одржана пред почетокот на седницата на Владата, најави продажба на акции во дел од државните компании: „Кончар“ 25% (46 мил. евра), „Сунчан Хвар“ дел кој вреди 17 мил. евра и „Кроациија осигурување“ 30%.

Според владините очекувањата, вкупната зделка треба да донесе околу 200 милиона евра. Заедно со најголемиот индустриски раст во ЕУ за месец март, треба да донесе раст на БДП и да се намали буџетскиот дефицит на под 3%, кој го пропишува ЕУ.

Allianz продолжува со продажбата на портфолиото за животно осигурување

Allianz Taiwan Life, најголемата меѓународна осигурителна компанија за животно осигурување во Тајван, според полисирана бруто премија во 2015, го продаде своето портфолио за традиционално животно осигурување на тајванската осигурителна компанија Тaiwan Life Insurance. Според анализите на Алианц во продажбата се вклучени 80.000 полиси. Трансакцијата е во процес на одобрување од страна на регулаторите и се очекува да биде комплетирана во втората половина на 2016.

Maximilian Zimmerer, член на управата на Allianz, задолжен за азиско-пацифичкиот регион, истакна дека продажбата на портфолиото е во склад со настојувањата на компанијата да се фокусира само на капиталното животно осигурување и на јунит-линк производите.

Ова е втора продажба на портфолио за традиционално животно осигурување од страна на Allianz , по тоа во Јужна Кореја склучено во април, кога како купувач се јави кинеската групација Anbang Insurance Group. Во исто време Reuters објави шпекулација дека следното портфолио кое ќе биде продадено е италијанското портфолио за животно осигурување, но тоа сеуште официјално не е потврдено.

 

Кроација осигурување го напушта косовскиот пазар

Кроација осигурување ја информираше јавноста дека на 11.05.2016 склучила договор за продажба на 100% од акциите на својата ќерка фирма во Косово, Croatia Sigurimi Sh.a. Во соопштението не се наведува името на купувачот, нити сумата за која е склучена зделката.

Одлуката да се напушти косовскиот пазар од Кроација осигурување ја коментираат како стратешки потег за рационализација на работењето и потег кој ќе им помогне во зајакнување на позициите во локалните пазари од  рагионот.

Кроација осигурување е во сопственост на конгломератот Адрис Група, кој за реструктуирањето во секторот на осигурување, планира да инвестира нешто повеќе од 250.000 евра.

„Еуролинк осигурување“ со колективно здраствено осигурување на вработени

„Еуролинк осигурување“  е првата осигуруителна компанија што почна да нуди колективно приватно здраствено осигуруање за вработени. Овој тип осигурување нуди осигурително покритие за надомест на трошоци на здраствените услуги на вработените во сите приватни здраствени установи и приватни болници во земјатава (како што се „Систина“, Филип Втори“, „Ремедика“ и сите други ПЗУ)

„Колективното приватно здраствено осигурувуање нуди подобра, побрза, посигурна, квалитетна и современа здраствена заштита, како и можност корисникот да ја избере приватната здраствена установа и доктор што ги претпочита и каде што ќе добие здраствена услуга веднаш, во истиот момент кога му е потребна. Дополнително е достапна и можноста за осигурување на членови на семесството на вработените, со што овој пакет претставува вистинска иновација и чекор напред на осигурителниот пазар во нашата земја“, објаснуваат од „Еуролинк осигурување“.

Осигурителниот пакет опфаќа покритие од 6.000евра, болничко лекување со или без хируршки интервенции, трошоци за вонболничко лекување, вклучување сеопфатна и најмодерна дијагностика, спецјалистички прегледи, лабараториски анализи и тестови, можност за превентивни прегледи по избор на корисникот, користење болничко возило, трошоци за итно стоматолошко и офталмолошко лекување, како и можност за осигурување дополнителен ризик – породување.

Текстот е превземен од www.dnevnik.com.mk

 

Потпишан Договор за олеснета исплата на отштета за сообраќајна незгода во странство

Душко Јовановиќ, генералниот секретар на Здружението на српските осигурувачи и директорот на Националното биро за осигурување на Македонија, Трајче Латиновски, потпишаа Договор за заштита на посетитители.

Според договорот, лицето кое претрпело штета во сообраќајна несреќа на територија на друга држава, по враќањето во сопствената држава треба да се обрати до националното Биро за зелен картон. Националното биро во соработка со бирото на државата во која се случила незгодата, ќе овозможи побрзо собирање на потребната документација за исплата на отштетата.  До сега граѓаните сами мораа да ја комплетираат целокупната документација.

Трајче Латиновски истакнува дека механизмот на заштита на возачите кој го нуди договорот е близок до моделот на заштита кој постои во ЕУ. Документот е составен на основа на најдобрите одредби на четвртата и петтата Моторна директива на ЕУ, кои ги регулираат прашањата на заштита на трети оштетени лица.

Душко Јованивиќ, нагласува дека со потпишувањето на овој деветти по ред договор, Здружението продолжува со конкретните активности чија цел е заштита и помош на граѓаните кои патуваат во други држави со моторни возила.  Претходно ваков договор е потпишан и со Грција, Турција, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Швајцарија и Луксмебург.

Договорот е од особена важност за граѓаните на Македонија и Србија, имајќи го во предвид бројот на патници кои транзитираат низ двете земји до својата крајна дестинација.