Сава ќе биде втор најголем осигурувач во регионот

Сава РЕ групацијата повлекува стратешки чекор со обединување на Осигурителната компанија Марибор, Тилиу, Велебит осигурување и Велебит животно осигурување под едно име Zavarovalnica Sava.  Целта на ова здружување е зајакнување на позициите во регионот и развој и ширење во Европската унија.

Формално-правниот процес се очекува да заврши во ноември со впишување во судскиот регистар и со тоа новата компанија и официјално да започне со работа на пазарот.

Од слвенечкото осигурително друштво тврдат дека позитивните ефекти од спојувањето први ќе ги осетат клиентите. Zavarovalnica Sava не само што ќе биде втор најголем осигурувач во регионот, туку ќе биде друштво со модерна организициска култура која ќе донесе прегледни, разумни и ефективни услуги кои ќе соодветствуваат со потребите на клиентите.

Новото осигурително друшво ќе има многу повисоки цели од моменталниот удел на локалниот пазар, па во таа насока се најавува развој на нови продукти и прилагодување на новите технологии.

CEZ Vanzare започнува со продажба на осигурување

По веста дека Телеком Словенија планира да влезе во сферата на осигурување, уште една компанија најавува проширување на своето поле на функционирање во секторот осигурување. Станува збор за романскиот добавувач на електрична енергија CEZ Vanzare, чиј сопственик е чешкиот енергетски холдинг CEZ.

Од компанијата најавуваат дека од средината на 2016 ќе започнат да го нудат задолжителното авотмобилско осигурување, како и осигурувањето на домаќинства. Овој пилот проект ќе започне да функционира во два града каде CEZ Vanzare има центри за корисници, но полисите ќе бидат достапни и ќе може да се купат и преку интернет.

Компанијата во моментов може да се повали со 1,4 милиони потрошувачи под нејзина капа со остварен профит од 17 милиони евра во 2014.

Телеком Словенија влегува во бизнисот на осигурување

Акциенерите на Телеком Словенија на следното собрание ќе одлучуваат за измените и дополнувањето на статутот на друштвото. Се очекува да дадат зелено светло компанијата да ги прошири своите активности во секторот енергија (дистрибција на гас), брокерски работи, кредитни и финансиски услуги, животно осигурување, па дури и специјални социјални и здраствени услуги. Ова е во спротивност на искуствата на други словенечки компании како Туш, Пивоварна Лашко, Горење кои се пробаа во други области на работење, но и во меѓувреме се вратија на својата основна дејност.

Партнерите со кои Телеком Словенија ќе соработува се чуваа во тајност.  Борут Јамник, прв надзор на компанијата, ги негираше гласините дека во сегментот на осигурување партнер ќе биде осигурителната куќа  Modra zavarovalnica.

Одлуката на Телеком Словенија да ја прошири палетата на услуги крена многу прашина помеѓу словенечката јавност. Експертите истакнуваат дека на вакви потези може да се одлучат само компании кои имаат вишок пари и истите сакаат да ги инвестираат за да го зголемат својот профит преку создавање на конгломерат.

Останува да видиме дали Телеком Словенија располага со доволно средства да ангажира нови менаџерски тимови и четири до пет години да инвестира во нивната едукацијата за како да се преживее во различни индустрии.

Во Хрватска ќе се оди во пензија со 67 години

Владата на Хрватска позитивно се изјасни на препораките од страна на Европската комисија кои се однесуваат на пензискиот систем. Законот за пензиско осигурување предвидува промени во три смера, од кои едниот се однесува за одредување нов правилник по кој ќе се зголемува работниот век од сегашните 65 на 67 години. Според актуелниот законик постепеното покачување треба да започне во 2031 и да заврши во 2038, додека со новите измени се предвидува тоа да започне веќе од 2020.

Покрај покачувањето на старосната граница за пензија се предвидува и зголемување на пеналите за порано одење во пензија и стимулирањето за покасно одење во пензија. Според моменталните норми за порано одење во пензија пеналите изнесуваат од 1,6 до 4,2%. Во Словенија тој процент намалувањето на пензиите е помало и се движи од 1,3 до 3,6%, а во некои други земји оди и до 7,5% за секоја година порано одење во пензија.

Данијел Нестиќ, експерт за пензиски системи, истакнува дека позади оваа промена стои логичко објаснување имајќи ја во предвид моменталната финансиска ситуација на хрватскиот ПИО. Според него, луѓето што порано одат во пензија подолго време ќе добиваат пензија, за сметка на тие што ќе отидат покасно. Заради тоа тие што одат во пензија пред да навршат години за старосна пензија, треба да земаат пониска пензија од оние што ќе се пензионираат со старосна граница од 67 години.

Во проголжение се пеналите за одење во пензија пред исполнување на старосната граница во некои земји:

Шпанија 6-7,5%

Словачка 6,5%

Португалија 6,0%

Унгарија 3,6-4,8%

 

Посовремен автомобил – поевтина полиса

HERE (компанија во ко -сопственост на Дајмлер, Ауди и БМВ) во соработка со швајцарскиот гигант во реосигурувањето Swiss RE спроведоа истражување кое треба да даде одговор како осовремувањето на авотмобилите ќе влијае на висината на премијата за авто-осигурување.

Заедничкиот тим кој ја спровел анализата, посочува дека главна причина за настанување на сообраќајните незгоди е човечкото невнимание. Новите модерни авотмобили се опремуваат со сѐ пософистицирана технилогија кои му помагаат на возачот да остане фокусиран и да носи поисправни и побрзи одлуки. Голем број од овие додатоци, како систем за предупредување од судар, сензори за возило во мртов агол, препознавање на сообраќајните знаци…стануваат и сериска опрема и со тоа се намалува веројатноста за настанување на сообраќајна незгода.

Andrea Keller од Swiss RE се согласува дека помалиот ризик за сообраќајна незгода бладодарение на технологијата, значи и пониска годишна премија за осигурување на автомобилите, но глобално гледано, смета дека приходите на осигурителните компании од авто-осигурување ќе продолжат да растат и во следните 10 до 20 години, поради порастот на бројот на полиси за авто-осигурување во земјите од развој. На овој податок го надоврзува и мислењето дека автономните и напредните автомобили сѐ уште се далеку од масовна употреба и намалувањето на годишната премија за тој тип на автомовили нема да се осети на пазарот на осигурување.

Меѓутоа таа посочува на една нова насока во автомобислкото осигурување помогнато од технологијата во автомобилите. Стереотипниот пристапот за пресметка за чинењето на полисата генерализирајќи ги сите возачи според возраст, пол, тип на возило…ќе биде напуштен и со помош на мноштвото податоци кои технологијата ќе ги обезбеди за секое возило, ќе може да дефинираат ризиците и карактерот на секој возач поединечно, а со тоа ќе може да се пресмета и поединечна цена на полисата.

Технологијата е закана за 250.000 работни места во осигурувањето во Европа

Голем број европски осигурителни компании започнаа или се во припрема да ги заменат луѓето со софтвер како еден од начините како да ги намалат трошоците на своето работење.

Zurich Insurance Group AG работи на забрзана имплементација таргетирајќи заштеда од околу една милијарда долари до 2018. Talanx AG вложува 300 милиони евра во својата филијала во Германија откако застарениот начин на функционирање продуцираше многу фрустирани клиенти со истечено авто-осигурување. Allianz SE развива апликација со која преку паметните телефони и таблети може да се испрати слика за мала штата настаната во сообраќајна незгода. Според McKinsey & Co. може да донесе елиминација на една четвртина од милионте работни места во Европа, посебно во делот на пријава на штета и издавање на полиси.

Потребата за редуцирање на трошоците доаѓа од ранливоста на профитите поради непредвиливата количина на исплати во доба на стагнација на премиите, како и поради ниските или негативните каматни стапки.

Трошоците на одржување на застарениот систем на работење на Talanx AG во делот на неживотното осигурување се 37%. Со модернизацијата се очекува заштеда од 240 милиони евра и намалување на трошоците за 12%, со што би се доближиле на 25-те што ги има моментално Allianz.

Axa, најголемата француска осигурителна компанија, и Allianz се веќе чекор понапред од другите, инвестирајќи во намалување на трошоците веќе неколку години наназад. Според Charles Graham, аналитичар на Блумберг, Axa од 2013 навака инвестирала 950 милиона евра во дигитална технологија  како клучен чекор во својот развој.  Manfred Knof, шеф на Allianz, во медиумите се пофали дека компанијата ја комплетирала тригодишната програма за кратење на трошоците и веќе нема потреба од дополнително кратење.

Markus Riess, сегашен шеф на Ergo, претходно надзор на имплементацијата на трогодишната програма на Allianz, се очекува да ја презентира програмата за реконструкција на работењето на компанијата поради ограмни проблеми во околу 350.000 случаи за преголема или премала исплата на животно осигурување, настаната поради нисправен ИТ.

Неспорно е дека поради модернизацијата одредени работни места ќе бидат затворени, но CEO на Allianza, Oliver Baete, истакнува дека истовремено се очекува и други нови работни позиции да бидат отворени задолжени за развој и тестирање на нова технологија.

Кратењето на трошоците не е единствениот мотив за модернизација на работењето на осигурителните компании. Тие мора да се борат на пазарот со нови компании кои нудат услуги преку неколку кликања на паметните телефони.  Според одредени извештаи капиталот на новите компании од областа на технологијата во осигурување порасна од 740 милиони во 2014 на 2.65 милијарди долари во 2015.

Пазарот на животното осигурување и потенцијалот за пораст во Србија

Во DCC одржана е 162-та конференција на тема „Пазарот на животно осигурување и потенцијалот за пораст во Србија“.

Прв говорник беше бишиот советник на министерот за финансии на Република Србија, Дејан Хаџиќ, кој изнесе податок дека во 2015 година животното осигурување бележи раст од 5,5% во однос на 2014. Потенцијалот на пазарот за животно осигурување го окарактеризира како огромен споредувајќи ги процентите со кои животното осигурување учествува во вкупната премија за осигурување во рамките на ЕУ каде тоа изнесува 60%, и во Србија каде тој процент е 23%. Во рамките на развојот на пазарот за осигурување Хаџиќ истакна дека има нов закон за осигурување кој дозволува проширување на врстите на животно осигурување, потоа застапувањето покрај банките да може да ги вршат и лизинг компании, пошта, како и можноста застапувањето да се прави без задолжителен работен однос. Како еден од факторите кој допринесе за порастот на животното осигурување Хаџиќ го нагласи ризико осигурувањето, кое банките во Србија го бараат како задолжително при склучување на договор за станбен кредит.

Следниот говорник, генералниот директор на Триглав, Бојан Мијаиловиќ, направи компарација на просечната годишната премија по глава на жител која во Срвбија изнесува 24$, што е во рамките на Бугарија (27$), Романија (23$), но е далеку од Хрватска (108$) и Словенија (344$) и земјите со подолга традиција на животно осигурување како Франција (2552$) и Швајцарија (4391$).  Мијаиловиќ окрупнувањето на пазарот на осигурување го смета како еден од клучните фактори за пораст на животното осигурување. Исто така додава дека промените во даноците и пошироката палета на типови на животно осигурување кои ги носи новиот закон дополнително ќе допринесат за подобра работа на осигурителните компании.

Никола Родиќ, директор на одделението за актуарски работи и статистика во секторот за надзор на извршување делатности на Народната банка на Србија, го окаректизира секотрот на осигурување како стабилен и солвентен, што е посебно важно имајќи во предвид дека најголемиот број на склучени договори за животно осигурување се од мешовит тип за смрт и доживување. Родиќ нагласи дека новите регулативи ги обврзуваат осигурителните компании сите информации кои ќе ги пласираат преку медиумите да бидат целосни, точни и јасни и мора да се засновани на поуздани податоци за да се спречи заблуда на потенцијалните купувачи на осигурување

Владимир Џорџевиќ, самостоен финансиски советник, смета дека финансискиот сектор не се појавува доволно во медиумите за да ги објасни бенефитите кои може да ги пружи. Посебно значаен податок за него е дека и покрај економската криза растот на животното осигурување во ниедна година не бил под 8%. Според заклучокот на Џорџевиќ, најдобра реклама за една осигурителна компанија е претходно исплатената штета.

Албанската влада го продава Инсиг

Албанската осигурителна компанија Еуросиг, која се занимава со неживотно осигурување, ќе го купи државното осигурително дружтво Инсиг, за 15,9 милиони евра. Ова неоадмна го објави албанската влада.

На 10.03 владата на Албанија ја извести јавноста дека за Инсиг се пристигнати 4 понуди, сите четири од локални компании. Еуросиг доставиле највисока понуда и со тоа ги победиле конкурентските фирми Kastrati dhe Albsig, Recovered Earth Technologies & Duraku и инвестициската група Balfin.

Инсиг го држеше монополот на пазарот на осигурување во Албанија до 2000 година. Од тогаш навака владата во четири наврати се обидуваше да го продаде и најблиску беше во 2009 кога American Reserve Life Insurance се повлече од договорената зделка да купи 62% од друштвото за 25 милиони евра.

Во доменот на неживотно осигурување, Инсиг во 2015 беше седма најголема компанија со 5.84% од пазарот, што е пад во однос на 2014 кога имаа 6.22%. Пад во учестворо на пазарот е забележан и во животното осигурување, каде во 2015 паднаа на 8.42%, од 11.81% проценти во 2014, со што ја прави најмала од трите доминантни компании кои работат со животно осигурување.

Порастот на популарноста на осигурувањето во Македонија и Србија е тренд кој се случува и во Албанија и подемот во 2015 е 21.18% во однос на 2014 година.

И во Србија животното осигурување со најголем потенцијал

Извештаите со кои АСО ја запознава јавноста за трендовите на пазарот на осигурување во Македонија, сведочат за постојан раст на животното осигурување со повеќе од 20% годишно во последните три години.

За пораст на интересот за животното осигурување во регионот укажува и анализата спроведена на територија на Србија, направена во месец декември од страна на институтот  IPSOS Strategic Marketing во соработка со Граве осигурување. Според ова истражување најголем потенцијал во пазарот на осигурување има во животното осигурување, потоа во осигурувањето од незгоди и осигурувањето на домаќинства.

Според податоците од анализата, 22% од луѓето на возраст од 30 до 65 години се заинтересирани за животното осигурување, додека ист толкав процент се изјасниле дека им се потребни дополнителни информации за да донесат одлука.

37% од испитаниците преферираат стекнување информации за програмите за осигурување преку агенти на осигуретилните компании, што е за 10% повеќе во однос на телевизијата, која го држеше приматот на главен информатор години наназад.

Главни критериуми при избор на осигурителната компанија со која ќе склучат полиса испитаниците ги навеле угледот и традицијата, искуство во работата, однос на цената со квалитетот на услугата, како и висината на добивката и бројот на осигуреници.

Во соопштението се забележува и дека значително е зголемен бројот на договори кои се склучени на основ на препорака од близок пријател или роднина.

Во 2015 исплатени 92 милијарди долари отштета за катастрофи

Според неодамнешниот годишен извештај Sigma на швајцарската реосигурителна компанија SWISS RE минатата година во светот се случиле 353 катастрофи. Вкупната отштета која осигурителните и реосигурителните компании ја исплатиле како надокнада се претрпената штета се 92 милијарди долари. Споредено со 2014 кога биле исплатени вкупно 113 милијарди долари има намалување на исплатената отшета.

SWISS RE во својот извештај наведува дека вкупните осигурани губитоци во светот биле 37 милијарди долари, што е далеку под просекот од последните 10 години кој изнесува 62 милијарди долари годишно.  Трета година по ред Азија е водечки континент по претрпени штети. Земјотресот во Непал е регистриран како катастрофа која предизвикала најголеми загуби од близу 6 милијарди долари.

Според извештајот на SWISS RE, во 2015 биле регистрирани 198 катастрофи за кои е „виновна“ природата, што е рекорден број на природни катастрофи забележани во една година.

Од катастрофите најголема отштета е исплатена за експлозија во кинеското пристаниште Tijanjin, која изнесувала помеѓу 2,5 и 3,5 милијарди долари.  На второ место се поплавите во Велика Бротанија, кои ги олеснија касите на осигурителните компании за 2 милијарда долари.