Category Archives: Uncategorized

Осигурителни компании се здружуваат да ги испитаат потенцијалите на blockchain

Пет од групата најголеми европски осигурителни компании се договија со заеднички сили да се спроведе анализа на потенцијалите кои ги носи технологијата на blockchain. Групата составено од Aegon, Zurich, Allianz, Munich Re и Swiss Re ќе истражуваат дали оваа технологија може да помогне осигурителната индустрија да биде поефективна. Според нивната стратегија, првично евалуацијата ќе ја насочат во испитување на можностите во секторот на осигурување.

Blockchain  е технологијата која стои позади, во моментов, најмногу користената криптовалута bitcoin. Тоа е споделена и енкриптирана база на податоци која дозволува на корисниците безбедно да зачувуваат податоци од трансакции и договори на повеќе места одеднаш.  Осигурителната индустрија е изградена врз основа на централизирана база на податоци, која е гломазна. Овој начин на работење многупати е оценуван како скап и неефикасен, посебно во споредва со можностите кои ги нуди новата технилогија.

„Имаме голем број на потенцијални имплементации“ -за Financial times изјави Alessandro Spadoni, кој го води проектот од страна на Zurich. „На прво место е реосигурањето. Ние го проверуваме користењето на паметните договори за да се направи поефективна продажбата на реосигурањето и на процесот на побарувањата за штети“. Првите резултати од ова истражување од групата најавуваат дека ќе го објават на средината од следната година.

Паметните договори условите ги сместуваат во код, така што отвора можност автоматски да се активираат ако  кодот препознае случај на активација. Пример, паметниот договор може во одредени случаи автоматски да исплати отштета без да има побарување за неа, така што ќе препознае настанување на осигуран случај, и ќе провери дали условите од договорот дозволуваат исплата. Од друга страна паметниот договор ќе препознае и ќе може да одбие повеќекратни побарувања за ист осигуран случај. За осигурениците ова би значело заштеда на време, затоа што нема да има потреба да се внесуваат одново сите детали кои се потребни за полисите, а се разликуваат од осигурувач до осигурувач. Покрај оперативните придобивки, осигурителните компании би имале поточни пресметки за ризиците кои ги покриваат, затоа што актуарите ќе имаат огромен број на податоци за сѐ што е поврзано со ризикот кој треба да го обезбедат.

Од анализите на француската консултантска куќа Capgemini, кои беа неодамна објавени, се вели дека компаниите кои даваат финансиски услуги, можат да генерираат големи заштеди доколку ја користат технологијата на blockchain. Според нивните предвудувања, во секторот за осигурување од автоодговорност може да се заштедат 13% од оперативните трошоци за издавање полиси и обработка на поварувања за исплата на штета. Според друг независен извештај од страна на консултантската куќа Z/Yen и сметководствениот гигант PwC, имаплементацијата на blockchain на секторот за реосигурување може да му донесе заштеди од $5-10 милијарди. Заштедените пари копманиите може да ги пренасочат кај клиентите. Тоа би ја зголемила нивната репутација на пазарот и бројот на нивните клиенти.

Според Spadoni, европските осигурителни компании и покрај оваа иницијатива не брзаат за имплментација на оваа технилогија. „Ние не сме во целост убедени за бенефитите што blockchain технологијата може да ги донесе. Затоа испитувањата ќе бидат многу внимателно евалуирани“. Затоа и според него сеуште не постои компанија која во целост ја прифатила употребата на blockchain.

Од групата истакнуваат дека за да се искористи потенцијалот на blockchain технологијата потребно е и други компании да се вклучат во проектот. „Ако сакаме blockchain технологијата да биде масовно имплементирана во осигурителната индустрија, тогаш потребен ни е секој во неа. Потребен е мрежен ефект“.

Ова не е прва група на компании која се здружува за истражување на потенцијалот на blockchain технилогијата. Во 2014 AXA, Generali, Allianz, Lloyds of London, Mutual Insurance и MetLife започнаа со милионски инвестиции во тестирање на потенцијалот кој новата технологија да помогне да се елеминираат оперативните грешки што ќе допринесе во зајакнувањето на нивните врски со клиентите, регулаторите и нивните меѓусебни односи.

Иако blockchain е сеуште во рана фаза на имплементација во осигурителната индустрија, сепак одредени компании веќе го имплементираат во своите продукти. Allianz во соработка со Nephia Capital понудија пилот паметен договор за осигурување од природни катастрофи. Blem, IT компанија, понуди на пазарот  договори за реосигурување базирани на blockchain. Safeshare, британска старт-ап компанија, ја користи оваа технологија за осигурување на лица кои ги изнајмуваат своите слободни соби како канцеларии.

 

Дали Крајина осигурување е пред колапс?

ЕФ Ревизор од Бања лука го објави извештајот за ревизијата спроведена во Крајина осигурување. Бројките во него се загружувачки, затоа што за првото полугодие од 2016 компанијата направила нето загуба од КМ7.78 милиони.

Краткорочните обврски на компанијата го надминале тековниот капитал од КМ3,51 милиони, а коефициентот на ликвидност од 0,67% покажува дека оваа осигурителна компанија може да се најде во сериозни проблеми со измирувањето на обврските кон добавувачите и кредиторите на денот на нивното доспевање.

„Загубите на Крајина осигурување од разни години од 3.13 милиони, заедно со нето загубата од првото полугодие на оваа година достигнува КМ11,09 милиони, односно 81,16% од основниот капитал регистриран во судските и другите законски регистри, што директно ги загрозува принципите на работа“-се истакнува во ревизорскиот извештај

Техничките резерви на Крајина осигурување, на крајот од јуни изнесувале КМ8,25 милиони, со што се покриени само 55,61%, додека за нивно целосно покритие недостасуваат уште КМ3,66 милиони.

На крајот од 2015, преку процес на докапитализација, друштвото ги промени сопствениците. Откако новите акционери Navena Agarvala и Gupte Nete го превземаа работењето, Крајина осигурување западна во криза поради голем број на сомнителни финансиски трансакции и одлуки.

Турбулентниот период во работењето се одрази и на персоналот. Директорите беа менувани постојано, голем број работници беа отпуштени. Сето ова доведе да Агенцијата за осигурување на Република Српска во јули да воведе принудна управа, со што престана надлежноста на директорите, управниот и надзорниот одбор, како и собранието на акционери.

ПИОМ е во опасност со дефицит во буџетот од 452,5 милиони евра

Не помина долго време од последните опомени од Светска банка, поврзани со нашиот Пензискиот систем е во опасност, а веќе стигнуваат нови. Од таму се посочува дека расте притисокот врз Фондот и дека има опасност и на среден и на долг рок. Меѓу причините за ова се и новите вработувања со последните владини мерки, пренесува Алсат-М.

„Практично 89 отсто од ново креирани работни места се со фискален стимул. Имате работни места кои се креираат каде работодавецот е ослободен од плаќање на социјални придонеси и слични давачки“, вели Бојан Шимбов, Светска банка.

Според податоците од јули минатата година до јули годинава имало 21 илјада ново вработени, но 18.700 работни места се стимулирани од Владата.

Фискалната стимулација значи и помали приходи во ПИОМ, а кусокот се пополнува со буџетски пари. Со Буџетот за 2017 оваа сума изнесува 452 милиона евра или фантастични 45 отсто од парите потребни за исплата на тековните пензии.

Ова е само еден дел од денешниот извештај на Светската банка, кој според впечатокот, е невообичаено покритичен од претходните.

Според анализата на Фактор за исплата на пензии следната година во буџетот се планирани 833 милиони евра, што е за 42 милиони евра повеќе од сумата планирана за годинава. Во  предвидениот износ за исплата на пензии за следната година е вкалкулирано и планираното зголемување на пензиите што треба да се исплати со декемвриските пензии.„Во текот на 2017 година 51.214 милиони денари се наменети заисплата на пензии и во истите е вкалкулирано предвиденозголемување на пензиите за 5% во просек почнувајќи одноемвриската пензија, со исплата во декември 2016 година“, стои во предлог Буџетот за догодина.

Буџетската дупка во ПИОМ зголемена за 20 милиони евра

Но, за да ги исплати пензиите во износ од 833 милиони евра на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување догодина ќе му недостасува сума од 452,5 милиони евра. Овој износ, Фондот за ПИОМ ќе го добие од Буџетот на државата.

И годинава се зголемува сумата што му недостасува на Фондот за да може да исплати пензии. Односно, буџетската дупка во Фондот планирана за следната година е за 20 милиони евра поголема од таа што е планирана за годинава.

При тоа, економистите постојано алармираат дека Фондот за пензиско е неодржлив затоа што од година во година му недостасуваат сѐ повеќе пари за да исплати пензии и мора да му бидат префрлени од Буџетот на државата.

Проблемот на државниот пензиски фонд што се провлекува  последните години, а чија суштина е константен дефицит е присутен и во буџетот за 2017 година, при што потребата од трансфери од други нивоа на власт, а тоа е буџетот на државата само се зголемува, вели економскиот аналитичар Слободан Најдовски.

„Приходите по основ на придонеси од плати за ПИОМ се повеќе се намалуваат во однос на вкупните расходи на ПИОМ. Тоа покажува дека се намалува учеството на изворните приходи на ПИОМ, објаснува Најдовски.

Анализата на податоците од последните три години покажува дека соодносот на приходите по основ на придонеси од плата во вкупните приходи, во 2015 година изнесувала 56,05%, потоа во 2016 година 54,91%, додека за додгодина ќе изесува 54,61%. А паралелно со тоа се зголемуваат и трансферите од буџетот во ПИОМ.

План за 2015 год. План за 2016 год. План за 2017 год.
1.Вкупни приходи 56.801.672.000  61.540.350.000 63.934.697.000
2.Сопствени извори во кои влегуваат и придонеси 32.963.460.000 34.931.463.000 36.021.020.000
Само придонеси 31.838.710.000 33.796.463.000 34.966.720.000
Учество на придонесите во вкупните приходи 56,05% 54,91% 54,61%
3. Трансфери од буџет 23.838.212.000 26.608.887.000 27.832.577.000
Учество на трансферите во вкупните приходи 41,96% 43.23% 43,53%

„Приходите на ПИОМ кои за 2017 година се предвидуваат на ниво од 63 934 697 година, а кои се во однос на 2016 зголемени за 3.89 % привидно покажуваат смирувачка слика. Зошто привидно  бидејќи за 0.30 % се намалува учеството на приходи од придонеси од плати, односно ако 2016 година се планира  придонесите да учествуваат со 54.91 % сега се планира да учествуваат со 54.61 %, заклучува Најдовски.

ДЗР: Се поголема зависност на Пиом од државниот буџет

Иако и за следната година е планирано да се зголемат приходите на Фондот за ПИОМ, сепак неговата зависност од парите што ги добива од централниот буџет за да може да исплати пензии и натаму не се намалува.

Токму ова, го констатираше и Државниот завод за ревизија во ревизорскиот извештај за работењето на Фондот за ПИОМ за минатата година.

„И покрај тоа што по основ на наплата на придонеси од плата во 2015 година се остварени приходи за 7,8 отсто поголеми во однос на 2014 година, нивото на обезбедени средства не обезбедува непречено функционирање на Фондот за ПИОМ, поради што континуирано со Буџетот на РМ се предвидуваат средства за покривање на дефицитот по пат на трансфери од Централниот Буџет. Фондот за ПИОМ во текот на 2015 година за навремена исплата на пензиите во воспоставените рокови за секој месец има користено позајмици од Буџетот на РМ кои тековно ги враќал со средства од сметката на која се врши уплата на придонесот од пензиско и инвалидско осигурување“, се наведува во ревизорскиот извештај.

Сава РЕ групацијата ќе исплати 18% поголема дивиденда

Сава осигурување д.д. на својата веб-страна објавија дека бордот на супервизори го одобри годишниот извештај на Сава РЕ и Сава осигурување. Во извештајот е наведен предлог да се исплати дивиденда од €0,8 бруто по акција, што е зголемување од 18% во спроедба со ланските €0,65.

Од компанијата изјавуваат дека предлогот се базира на неколку основи:

  1. Количината на резерви над потребната граница на солвентност според старата директивата Солвентност 1 и новата директива Солвентност 2 на 31.12.2015
  2. Капиталните модели на агенциите за рејтинг S&P и A.M. Best
  3. Усвоениот финансиски план на Саве РЕ групацијата

Предложената дивиденда е во согласност со регулативите на компанијата во кое се наведува дека околу 30% од нето профитот може да се исплати во вид на дивиденда.